Фудбал

Ѓуровски: Бабунски треба уште да се докажува

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот за вториот квалификациски натпревар кој го играме против Луксембург на 9 октомври.

Предизвик за Балотели

Во дерби натпреварот од полското првенство, меѓу Легија Варшава и Лех Познан (2-2), Бразилецот Доса Жуниор му направи бицепс-предизвик на Супер Марио, кој е познат по ваквите прослави на гол. 

На Ноер му е досадно во шеснаесетник

На вчерашниот дуел против Келн, чуварот на голот на Баварците напаѓаше заедно со неговите играчи. Тоа е всушност тактика на Гвардиола кој му наложил да биде на центарот од теренот додека сите други се во напад.

Целjе – Вардар во 20:30

Од спорт на ТВ за денес ви го препорачуваме првиот настап на нашиот вицешампион во ракометната Лига на шампиони и еден куп фудбалски натгпревари од најсилните лиги во Европа, меѓу кои има и дерби мечеви.

Барселона и Јувентус ја немаат извадено топката од гол

Голманите и одбраните на овие две екипи можат најмногу да се гордеат, затоа што тие се единствените во конкуренција на најсилните пет лиги во Европа без примен гол оваа сезона.

ФИФА ги отстранува сомнителните “агенти“ на фудбалерите

Одлуката за забрана на трета сопственост врз играчите се смета за политичка победа на УЕФА и Платини кои барале од ФИФА да реагираат по ова прашање.

Неверување и казна

Глумење во напад е кога Инзаги ќе ти падне во шеснаесетник, глумење во одбрана е кога напаѓачот ќе го издигаш на клоци па нема да ти се верува што судијата не сака очи да ти види на терен.

Катастрофалниот почеток за Наполи со Бенитез

Стартот на сезоната ги потсеќа Наполитанците на оној со Роберто Донадони од 2009/10-та. Само 4 бода и 11 примени гола на 7 натпревари му ја тресат клупата на Рафаел Бенитез.

Најскапата карта за Ел Класико колку наша просечна плата

Кралевите ги објавија цените за големото дерби кое е закажано за 25 октомври.

Валенсија учел за Вест Хем од „Грин Стрит хулиганс“

Еквадорскиот напаѓач во премиерлигашот дојде од мексиканскиот тим Пачука, а за агресивните навивачи на „чеканите" дознал од познатиот филм.

Сините го возат последниот круг

Мурињо парично ги казнува играчите за доцнење на тренинг, по што Диего Коста реши да ја превземе работата во свои раце, а Куртоа, Чех, Дрогба и Фелипе Луиз се возеа како компири.

Јапонецот кој го користи фудбалот како пасош за да го шета светот

Дан Ито никогаш не се врзува емотивно за еден клуб и ниту бара висока плата. Неговата цел е преку фудбалот да запознае различни култури, а омилен таргет му се земјите во Азија.

Берлускони купот без Јувентус

Натпреварот за трофејот „Луиџи Берлускони" се игра од 1991-та година на стадионот „Сан Сиро" во Милано, во чест на таткото на Силвио Берлускони.

Почнува 5-та сезона на Бизнис лига

На 6-ти октомври (понеделник) со почеток во 19:00 во малата сала на „Борис Трајковски" ќе биде официјалниот старт на новата сезона на Бизнис Лигата на Македонија.

10 причини за слабиот старт на Манчестер Јунајтед

Трикратниот европски првак и 20-кратен шампион на Англија го загуби стариот победнички сјај што го имаше под водство на Сер Алекс Фергусон. Големиот товар го наследија најпрво немоќниот Мојс, а сега искусниот Ван Гал, но работите не одат.

ЦСКА казнета од УЕФА, без публика против Баерн Минхен

Рускиот клуб заработи казна од 50 илјади евра и во вторник ќе ги пречека баварците пред празно гледалиште, поради проблемите што ги направија нивните навивачи на „Олимпко“ во Рим.

Снимка од 20 илјади долари

Бен де Граф го снимал дербито меѓу Феенорд и Ајакс кое се одигра минатиот викенд, а во неговата камера поставил хај-тек стрим рамка вредна 20 илјади долари. Преносната слика e како од ФИФА видео игрите, а еуфоријата на стадионот е доловена од повеќе кадри.

На загрепските улици повторно шалови на Динамо

МНК Футсал Динамо се вика клубот кој игра мал фудбал во втората фудбалска лига, а зад кој стојат Бед Блу Бојс, навивачите кои се во војна со Здравко Мамиќ.

Ешли Кол конечно го прифатија во друштво

Откако летово на нет се појавија слики од турнеата на Рома во САД, на кои Ешли Кол секаде седи на страна од соиграчите, Англичанецот од вчера не е веќе гуштер.

Викенд на дерби дуели во Европа

Предстојниот крај на неделата носи возбудливи натпревари во најквалитетните европски лиги. Градски ривалства во Англија и Италија, соседни дерби средби во Португалија и Германија.

Тројца шутраци се сплеткаа пред гол

За сите тројца има голем материјал за сеир. Првиот е од Барселона и успеа сам да се издрибла, да се сопне и да ја загуби топката, за вториот Јувентус на Реал му плати 20 милиони евра, а третиот е од Кајзерслаутерн и сигурно после ова ќе бара да игра во одбрана.

Црвен картон за сопка на навивач

Да, баш така како што ви пишавме во наслов. Намерниот фаул врз навивачот фудбалерот го плати со исклучување.

Маратонските пенал серии

Фудбалерите на Ливерпул и Мидлсброу не постигнаа рекорд на изведени пенали, туку само се израмнија со веќе поставениот во Англија. Најдолгото изведување на удари од белата точка се случило во Намибија во 2005 година.