Реал Мадрид е последниот клуб кој реши да го продаде името на својот дом. За 500 милиони евра „Сантијаго Бернабеу“ во иднина ќе биде „Абу Даби Сантијаго Бернабеу“.
По пет одиграни кола во Примера, кралевите постигнаа 18 голови од кои 9 се на Роналдо. Најдобриот играч според ФИФА за 2013 година со ова забрзано голгетерско темпо соборува и напаѓа нови рекорди во шпанскиот фудбал.
Амбициите на САД повторно да организира некое големо фудбалско натпреварување, сериозно се нарушени по анкетата спроведена од Клинт Демпси, капитенот на фудбалската селекција на оваа земја. Анкетата имаше едно прашање - кој е Клинт Демпси?
Во регуларни 90 минути, Ливерпул и Мидлсброу завршија со 2:2. По ова следуваа пенали, многу, многу пенали. Краен резултат (само од пенали) 14:13. Тоа изгледа вака:
Лестер не е исто со Манчестер Сити, но да се загуби 5:1 во градско дерби болката е поинаква, а најсилно ја почувстувал Сер Алек Фергусон и тоа на денешен ден пред точно 25 години.
Синот на Мичел, некогашниот играч за врска на Реал Мадрид, Адриан Гонзалес со Елче вечерва му гостува на клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.
Хари Реднап потврди дека Сандро го пропуштил саботното реми на КПР против Стоук (2-2) поради повреда при прослава на гол на тренинг, а слични прослави имаше и за време на други натпревари.
Од далеку покажаа дека знаат да гаѓаат и фудбалерките на Бирминген кои израмнија на 1:1, но гостинките од Ливерпул веднаш им ја скратија радоста со голчиште на кое не и претходеше никаква акција, туку само едно додавање на центарот на игралиштето.
Германскиот клуб е првопласиран во дебитантската сезона во Бундеслигата, Еибар игра одлична сезона на малиот стадион, а Лестер ги запре Евертон, Арсенал и Јунајтед.
Поранешната икона на Челси си замина од Премиер лигата, после склоп на околности се врати, облече друг дрес и постигна гол против своите со кои се растажи самиот, своите навивачи, но “предизвика“ и смртен случај.
Фудбалерите на Мајнц имаат одличен старт во Бундес лигата со 4 одиграни кола без пораз. Жртва овој викенд беше Борусија Дортмунд, а мечот ќе биде запаметен по најлошо изведениот слободен удар.
Турбуленциите околу одржувањето на Мундијалот стануваат уште поголеми, откако по Блатер, уште еден висок член на ФИФА го оспори местото на одржувањето на Светското за 8 години.
Циркузијадата доаѓа од првата женска фудбалска лига во Романија, каде голманката доби црвен картон, се изнервира како Оливер Кан, а дресот и го даде на колешката која ќе мора да брани при извршени три измени.
Најскапиот клуб во светот кој ги поместува границите во фудбалот во однос на трошењето пари, постојано ги напаѓа рекордите на Ференц Пушкаш и Алфредо Ди Стефано поставени во старата славна ера на кралскиот клуб.
Вакви слични видеа со насилство сме објавувале повеќе пати, но не се сеќаваме на таков Брус Ли како момакот со бел дрес со број 12. Актерите се инаку младински фудбалери на екипите на Днепр Смоленск и Локомотив Москва.
На 20.септември 2004-та почина еден од најголемите тренери во историјата на англискиот фудбал, а неговата животна приказна го инспирираше Дејвид Пис да напише книга за него.
Натпреварот од четвртата италијанска лига меѓу Мателика и Термоли го одбележаа (од наша гледна точка) гостинските навивачи, црвено-жолтите „Термолези“, кои во склад со клупските бои често веат и македонско знаме.