Единствениот твитер акаунт кој се занимава со спортската статистика MisterChiping направи табела во која се гледа кој со кого има најголеми шанси да се судри во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите.
Можноста на евентуални противници е направена во проценти, а земено е предвид и правилото дека две екипи од иста земја и иста група од првата фаза не можат да се соочат во топ 16.
Баварците сигурно нема да играат против Шалке, Баер Леверкузен и Манчестер Сити, а со тоа можноста да играат трета година по ред осминафинале против Топџиите е 24%.
За Венгер се далеку подобри вестите што втората најголема шанса од 18% е Арсенал да се падне со Монако, тим кој сезонава игра во послаба форма во домашното првенство и кој ја освои првата позиција во групата Ц со само четири дадени голови.
Најголемите проценти на веројатност велат дека Челси за противник ќе го добие Баер Леверкузен, Манчестер Сити ќе игра против Борусија Дортмунд, а Шалке ќе налета на Реал или Барселона.
Ждрепката е во понеделник со почеток од 12 часот.