Фудбал

Сте виделе ли поупорен фудбалер?

Николас Алтамарино е едно жилаво и упорно дете од Чиле, кое запна како ова да му е последен напад во кариерата. По оваа чудесна акција успеа и гол да даде, ама на крај едвај собра душа за да стане.

Вселенскиот стадион на Олимпик Марсеј

Стариот лик на легендарниот „Велодром" ќе остане само на фотографиите, затоа што во Марсеј се спрема „спејс шатл" за потребите на ЕВРО 2016.

Силувачот Еванс пак ќе игра фудбал

И покрај петицијата потпишана од 90 илјади жители на Шефилд кој се противат на неговото реактивирање во фудбалот, Чед Еванс доби дозвола од англиските власти да ја продолжи професионалната кариера.

Сан Марино со двајца фудбалери ќе патува на Вембли

Откако ќе ги видите податоците и успесите на најслабата фудбалска репрезентација во свет ви доаѓа да им закажете една партија во маало.

10 години од дебито на Лео Меси во Примера

На 11 години Лионел прв пат стапнува во Каталонија, а од целиот свет Барселона е избрана само затоа што таму Меси има роднини. Значително поситен од сите останати, талентот на Меси го препознава само спортскиот директор на Барса, Карлос Рексач. Веднаш потпишува договор со малиот Меси, во ресторан на парче салфетка.

Адеми: Имаме шанси за ЕУРО 2016, инаку не би се собирале да играме

Фудбалерот кој хрватската спортска јавност го гледаше како предводник на младите, се одлучи да го соблече „коцкестиот“ дрес и да го прифати повикот на Бошко Ѓуровски. Хрватот роден во Шибеник, со македонски корени вечерва ќе дебитира против Луксембург и ќе заигра со неговиот братучед, Агим Ибраими.

Шпанија стравува од Ебола поради петмина фудбалери

Првиот случај на опасниот вирус во Европа е откриен кај шпанска медицинска сестра, а настапите на фудбалерите кои деновиве ќе играат квалификациски натпревари за Африканскиот куп на нации уште повеќе ја креваат паниката.

Роналдињо гостите ги мава со топка во глава

Во телевизиско шоу кое се одржа во дворот на Роналдињо, неколку кандидати се обидоа да го поминат базенот и да ги избегнат ударите на домаќинот. Еден успеа, а другиот ја попи во глава.

Обновената врска меѓу Манчестер Јунајтед и Аргентина

Иако Алекс Фергусон немаше високо мислење за аргентинските фудбалери, на „Олд Трафорд" во моментов клучни играчи се Анхел Ди Марија и Маркос Рохо кои летово дојдоа во Манчестер.

Вест која нема да му се допадне на Роналдо

Фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид треба да се молат Меси да не постигне три гола на наредните два меча, инаку ќе треба да му аплаудираат.

Пике оди си од репрезентација

Фудбалерот на Барселона јавно го поддржува референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија и според некои навивачи неговото играње за Шпанија создава конфлит на интереси. На вчерашниот тренинг со репрезентацијата имаше двајца навивачи од Мадрид кои му довикуваа: Пике оди си од репрезентација, доста и го бакнуваш задникот на Каталонија.

Бошко Ѓуровски: Победуваме со 60% посед на топка

Ако утре вечер имаме повеќе од 12 удари на голот и повеќе од 10 центаршутеви, ќе триумфираме, изјави селекторот Ѓуровски пред натпреварот со Луксембург.

Сеп Блатер мора да замине за доброто на ФИФА

Поранешниот член на извршниот комитет на ФИФА и десна рака на Блатер, Мајкл Хершман вели дека оставката на првиот човек на оваа организација ќе значи и нов почеток за светската фудбалска унија.

Рефлексите на Мануел Ноер

„Единицата“ на Баерн Минхен и германската репрезентација важи за еден од најдобрите голмани во светот. Наместо конфекциски да го опишуваме како "храбар, луд и сигурен голман," имаме клип со негови топ 5 одбрани што ќе ви каже се што треба.

Табелата во Премиер лига која не му оди во прилог на Ван Гал

Кога на грб носиш клуб како Манчестер Јунајтед, цврст и непобедлив под водство на Фергусон, а потоа ослабен и разнишан со Мојс, најлошо е тимот со кој планираш да го вратиш победничкиот менталитет да почне да ти се повредува.

Само на тренинг знае вака

Човекот кој веќе неколку години е топ тема за сеир, бидејќи не влага во игра, а се повредува и во меѓувреме се глупира со селфија, се истакна во голем стил. Бентнер за време на тренинг со Данска која ќе игра квалификациски натпревари за Европско против Албанија и Португалија.

Барселона во лигата може да добие замена од Андора

Шпанско првенство без „Ел Класико“ ќе биде најголемото разочарување за навивачите доколку Каталонија прогласи независност.

Стадионот на Монпеље во кал и поплава

Јужна Франција по втор пат за неколку дена се соочува со лудо невреме во кое настрада и стадионот на Монпеље. За само неколку часа паднале 250мм дожд, а дополнителни штети предизвикало и излевањето на реката Мосон, по која е крстен стадионот.

Војдан против Данкан, Паркер и Џинобили

Македонскиот репрезентативец со АЛБА Берлин во среда од 20:00 часот ќе се измери против Сан Антонио Спарс, во рамките на Глобалните НБА игри ширум светот.

Давид де Хеа сакал да го напушти Јунајтед

Шпанскиот голман отворено зборуваше за медиумскиот притисок и проблемите кои ги имал на почетокот од кариерата во клубот од „Олд Трафорд", од каде бил решен да си замине. Во саботата против Евертон потврди зошто е прв голман на Јунајтед.

Ди Матео пак ќе вкрсти со Челси

Италијанецот е нов тренер на Шалке, откако германскиот клуб реши да го отпушти Јенс Келер поради лошите резултати. Ди Матео заработуваше плата во Челси до јуни годинава, иако беше отпуштен пред 2 години.

Македонија–Луксембург ќе ја суди Италијанецот кој му уништи финале на Пандев

Паоло Мацолени е назначен за главен арбитар на вториот квалификациски меч на нашиот национален тим кој ќе го игра в четврток на „Филип Втори“. Има судено градско дерби во Рим, Милано и Џенова, а среќа му донесе на Муарем Муарем.

Навивачите на Арсенал го сакаат Фабрегас?

Тоа го изјави фудбалерот по вчерашното лондонско дерби кое го доби Челси со 2:0, но најверојатно не го видел видеово.