Фудбал

Сити го урна Баерн во 91 минута, Ибраими заврши во ЛШ

Челси со петарда во Гелзенкирхен го завери осминафиналето, а шанси за таму се уште има и Манчестер Сити благодарение на пресвртот на Агуеро кој блесна со хет трик против Германците. Три пати на Кипар стрелаше и новиот владетелот во ЛШ, Лионел Меси.

Мајсторија на Суарез, историја за Меси

По 27 минути игра против АПОЕЛ, уругвајскиот напаѓач го постигна првиот официјален гол за Барселона и тоа во голем стил. Неговиот колега од нападот пак го мина Раул и стана најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

Зошто Манчестер Сити ќе се мачи со Баерн

На Граѓаните вечерва очајно им требаат три бода за да не испаднат уште во групната фаза од ЛШ, но пред себе го имаат германскиот првак кој сезонава има 22 победи во низа и само еден пораз на сите натпреварувања. 

Контра од гол на гол за 9 секунди

Јакуб Силвестер од второлигашот Нирнберг со голема помош и прецизност на голманот, успеа да го изведе овој брз гол кој може да служи за пример како да се реагира по неуспешно изведен корнер.

95 вооружени навивачи се спремале за тепање во Париз

Навивачите допатувале без карти, а француската полиција ги уапси под сомнение дека допатувале од Холандија за да создаваат нереди.

Емил Хески и пешки би се вратил во Лестер

Поранешниот англиски репрезентативец изјави дека без размислување би потпишал договор со Лестер доколку го побараат од клубот кој 5 натпревари по ред не дал гол.

Полуде соиграч на Роналдињо во Мексико

Од мексиканскиот Кверетаро се навикнавме да гледаме нови потези и убави голови на Роналдињо, но неговиот соиграч Вилијан го промовираше клубот со тешка глупост.

Сандала, свинска глава и граната на терен

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед може ќе се помачат да ги извадат флеките од црвено вино, но замислете да бркаа кокошка или да им паднеше веспа над глава.

Карневалот на Расинг за дочек на Ривер Плата

Расинг Клуб ја победи Ривер Плата со 1:0 и ја тргна од првото место на аргентинската Апертура. Во моментов Расинг е прв со 35, Ривер има 33, колку што има и Ланус на третата позиција. Расинг 13 години чека на каков било трофеј, а претходно 35 години им требаа да ја освојат првата титула.

Граѓаните без право на грешка, Ди Матео против своите за пласман

Вечерва се игра петтото, претпоследно коло од групната фаза во Лигата на шампионите по што ќе се знае кој оди понатаму, кој продолжува во ЛЕ, а кој ќе игра само домашно првенство. Агим Ибраими веројатно ќе биде на клупата за резерви.

Чави: Сколс и навивачите на Селтик се најдобри

Капитенот на Барселона објаснува зошто му се омилени поранешниот англиски репрезентативец и шкотските навивачи.

Спонзорот Узманов нема доверба во Венгер

Вториот по големина акционер во Арсенал, Алишер Узманов изјави дека поради принципите на Арсен Венгер, клубот тапка во место и дека Французинот мора да ги признае сопствените грешки, од кои досега не научил ништо.

Школски потег на детето на Ајакс

Фудбалерот на Ајакс, Рикардо Кишна (19) во саботата против Херенвен прописно го изработи Стефано Марцо, а копјаниците на крај славеа 4:1 иако губеа во еден момент. Во моментов ПСВ е прв на табелата во Холандија и му бега 2 бода на Ајакс.

Анчелоти брка рекордна 15-та победа со Реал Мадрид

Во среда во Базел, Италијанецот ќе има прилика да го израмни рекордот на 15 победи по ред кој го држат Мигел Муњоз и Жозе Мурињо.

Хуманиот Рајо Ваљекано бара дом за 85-годишна жена

По реакцијата на навивачите и стручниот штаб, шпанскиот прволигаш ќе ѝ помогне на 85-годишната жена која останала без стан поради долгот на нејзиниот син.

Клупата на Јунајтед погодена со црвено вино

Еден фан на Арсенал е уапсен по натпреварот меѓу „топџиите" и Манчестер Јунајтед, затоа што ги гаѓал и испрскал со црвено вино резервните играчи на гостите. Уште во 2008. година, Фергусон тврдеше дека клупата не е сигурна поради близината на навивачите позади.

Фудбалерите на Рен како на Сони плејстејшн

18.250 навивачи на Генгамп гледаа како Рен им направи шах-мат на нивните играчи во неколку потези за конечни 0:1.

8 инспиративни фудбалски приказни

Зад голем дел од големите фудбалски имиња, се крие тешко и проблематично минато во кое се бореле за опстанок. Денеска тоа го враќаат дупло.

Торес знае како се решава дерби

На 9 средби за Милан годинава, Шпанецот даде само еден гол, но може да биде главен адут на Пипо Инзаги за дербито против Интер во недела, затоа што досега дал 10 гола на комшиските дуели во Ливерпул, Мадрид и Лондон.

Јунајтед ќе им плати милион евра на тие што не играат

На „Олд Трафорд“ сезонава како да има епидемија. Ван Гал во моментов има 9 повредени играчи на кои регуларно им тече плата како на другите.

Фудбалери што играа и за Милан и за Интер

Од Џузепе Меаца до Марио Балотели, долга е листата на фудбалери што го носеле дресот и на двата милански клуба. Некои преоѓаа директно, а некои доаѓаа од друг клуб и освојуваа трофеи со двете екипи. Од 2001. година, Андреа Пирло е најголемата болка на Масимо Морати, но и на Адриано Галијани. Derby della Madonnina се игра во недела од 20:45.

Само Динамо Загреб му фали на Роналдо

Кристијано Роналдо со Реал Мадрид играл против 51 тим и им дал 276 голови. Најголем пациент му е Севиља, а не се израдувал само против хрватскиот клуб.

Матијас Замер: Во 97-ма за малку ќе умрев

Поранешниот германски репрезентативец и европски првак во 1996 година, морал предвреме да ја заврши кариерата.