Ти се допаѓа фудбалот?
Икарди: Забавно ми е кога играм и толку. Не знам ништо за тоа што се случува околу него.
Што направи Милан во неделата?
И: Не следам Серија А.
Кој стигна до полуфинале во купот?
И: Тоа па уште помалку го следам.
Кој е голман на Челси?
И: Тоа го знам, не сум глупав.
Кога твоите родители се разведоа, ти беше ли тешко?
И: Ич не ми беше гајле.
Икарди не требаше да игра, ептен сум надркан. Кој го кажа ова?
И: Марадона по мечот кој го организираше Папата.
Те погоди?
И: Се изнасмеав
„На страна резултатите, но начинот на кој игра Манчестер Јунајтед е ужасен. Не гледам дека Ван Гал влијае на играта, непрепознатлив е. Дури и најголемите кловнови му се смеат“ – Пјер ван Хојдонк, поранешен напаѓач на Холандија.
„На врвот на табелата сме подолго време и сакаат да не симнат и тоа се обидуваат да го прават на сите начини. Не напаѓаат и на терен и надвор од него, а сега видовте што се обиде да направи Милан“ – Павел Недвед.
„Не треба никогаш да се губи стилот. Ние во Интер го имаме и никогаш нема да го загубиме, иако сме сега во тешкотии. Интер има свој стил и отсекогаш го имал“ – коментар на спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, на прашање за спорните моменти од мечот меѓу Милан и Јувентус.
„Немам појма од фудбал, секогаш барам совети од Синиша Михајловиќ. Кога го прашував, прво ме гледаше сомнително и секогаш ми велеше дека ќе игра 4-3-3, а јас тие бројки ги играв на лото и никогаш не добивав“ – Масимо Фереро, претседател на Сампдорија.
Циркузантот Фереро гостин на Сан Ремо каде го имитира рокерот Васко Роси
„Ни доаѓа смешно бидејќи на последните три меча во соблекувална ни се појавува различен претседател. Навистина сме на бандаш“ – Алесандро Лукарели, фудбалер на Парма
„Не сакам да коментирам, видов дека премногу луѓе преземаат чекори за да си ја исчистат душата. Ќе зборувам сигурно понатаму со нив, ви ветувам“, Пјетро Леонарди, генерален директор на Парма.
„Сега следниот чекор е со статуа од мене да ја заменам Ајфеловата Кула“ – Златан Ибрахимовиќ по презентацијата на неговата статуа во Париз.
„Еден фудбалер му даде лакт на друг (Ван Перси на дуелот Вест Хем – Манчестер Јунајтед) и не се случи ништо. Истите луѓе кои суспендираа мој фудбалер (Диего Коста) овој пат ништо не направија. Слично нешто се случи минатата година кога го фаулираа Рамирес, а по една недела немаше реакција ниту кога фудбалер на Манчестер Сити побара пенал, откако негов колега лежеше на земја. Навикнат сум веќе“ – Жозе Мурињо
„Конте рече дека ќе остане со нас, но тоа му го кажа на човек кој размислува обратно од нас“ – Карло Тавекио, претседател на Италијанската фудбалска федерација.
„Преку такво ми е дојдено и затоа сакам да го продадам Палермо и да го напуштам фудбалот. Ми се гади од овој свет, не можам повеќе, има многу деликвенти. Дубала ме измами, ќе го продадам сигурно. На Марота му реков дека ќе зборуваме, ама разбери дека немаш нафта како Абрамовиќ. Се плашам дека дека немаш доволно пари“ - Маурицио Зампарини, претседател на Палермо.
„На 2 февруари имав многу тежок ден, бидејќи не знаев која ќе ми биде иднината. Имав тешкотии дури и кога јадев“, Даниеле Басели, фудбалер на Аталанта кој требал да потпиша за Милан.
„Татко ми беше таксист, но како тричлено семејство тешко ни беше. Се сеќавам дека додека другите деца во школо јадеа, ние ги гледавме бидејќи не можевме да си дозволиме да купиме. Не можев да фатам ниту автобус, продавав на улица фокачи кои ги правеше баба ми и само така можев да си купам карта за автобус за да тренирам. Кога почнав да играм си ветив: Ќе му купам ново такси на татко ми и тоа беше првата работа која ја направив кога потпишав за Удинезе“ – Луис Муриел, напаѓач на Сампдорија.
ИБРАХИМОВИЌ Е ШЕФ, ИНЗАГИ Е ОСТАРЕН, А ГАЛИЈАНИ НЕ ГО РАЗБИРА МИЛАН