Комесарот на судиската комисија на УЕФА во интервју за италијанските медиуми ги објаснува причините зошто се потребни измени во некои правила кои најчесто се предмет на критики и полемики по завршувањето на мечевите кога има спорни ситуации.
За офсајдот:
„Не може да се бара од линискиот судија да ги мерат сантиметрите во случај на офсајд. Тоа не е испит за тоа дали е човечен. Исто така е парадокс да се бара од судиите да ја прифатат грешката, бидејќи проценката во такви ситуации е невозможно да се направи на лице место.“
За играњето со рака:
„Ова е единствено правило кое предвидува казна и кога гестот е без намера. Комликациите дојдоа бидејќи се бараше начин да се утврдат серија на фактори кои го надминуваат значењето на терминот „без намера“. Има случаи кои се разликуваат во минимални нијанси и затоа и тука треба да се стави точка без да се прикажува евидентната разлика меѓу тоа што ќе го види судијата на лице место и тоа што ќе се покаже на тв. Колку повеќе снимката е забавена, толку повеќе се менува перцепцијата. Така речиси сите допири со топка изгледаат дека се без намера, а реалноста на терен е друга“.
За случајот кога при прекршок во шеснаесетникот на голманот или последниот играч од одбраната, следуваат фаул, пенал и директен црвен картон:
„Меѓународниот одбор на фудбалската асоцијација на крајот од февруари ќе одговори на приговорите кои се поднесени би рекол од цел свет, кој верува дека е престрого што пеналот во тие случаи е казнет и со црвен картон, а тоа автоматски значи и пауза од еден меч. Мора да се запамети причината зошто е донесено ова правило. Целта беше да се казни тој што без намера или без можност во тој момент да игра со топката, прави фаул за да го спречи противникот да постигне гол. Но сега работите се отидени подалеку и се казнува и во случај кога играчот на чесен начин сака да стигне и да игра со топката, но малку доцни, како што е во случајот со голманите. Напаѓачите често пати се обидуваат да ја поместат топката, узурпирајќи го достапниот простор на противникот“.
Колина повторно зборуваше за неговата идеја „привремено исклучување“ која ја предложи минатата година, а тоа е тој што ќе повреди играч, да се врати на терен во истовреме заедно со повредениот со цел да се израмнат силите на терен.
И покрај тоа што Пјерлуџи Лолина престана да суди пред 10 години, сè уште ја има големата популарност. Во најновата реклама за Мастер кард, наменета за Лига на шампиони, тој е главен лик за време на аматерски меч во Турција.