Ако се погледнат најголемите англиски клубови во последните четири децении, може да се каже дека тие биле синоним за шкотски тренери. Сер Мет Базби, Сер Алекс Фегусон и Били Шенкли беа кремот на англискиот фудбал и не беа единствени Шкотланѓани.
Со текот на годините, нешто поврзано со строгиот, опсесивен карактер на шкотските тренери ги привлекувале газдите на англиските клубови, кои ја почитувале традицијата. Денес, сопственици на премиерлигашите станаа луѓе од целиот свет, така што еден мега богаташ од Блискиот Исток, Русија или САД сака да ги исполни своите фудбалски фантазии, во кои не гледа тренер на Абердин, Данди Јунајтед или Селтик.
Доколку се гледале денешните критериуми, навивачите на Манчестер Јунајтед никогаш немаше да се запознаат со Алекс Фергусон, строгиот тренер од Шкотска. Бројот на шкотските тренери во Премиер лигата опадна рапидно во последните 10 години. Причината за тоа, некој ја бара во очигледниот пад на тренерската професија и фудбалот во Шкотска воопшто.
Во моментов, најталентирани тренери од Шкотска што би можеле да водат еден Премиер лигаш се Џеки МекНамара (Данди Јунајтед) и Дерек Меклнес (Абердин). И двајцата се млади и доволно долго се во фудбалот, за да можат да направат добри кариери како тренери.
Од друга страна, со заминувањето во Шпанија, Дејвид Мојс им покажа на своите сонародници дека не е само Премиер лигата „светата земја" за нив и дека со мало познавање на шпански јазик, би можеле да се преселат на Пиринеите.
Најпознати шкотски менаџери во Премиер лигата:
Кени Даглиш, Џорџ Грахам, Алекс Меклиш, Пол Ламберт, Дејвид Мојс, Овен Којл, Малки Макај, Били Дејвис, Грем Сунес.
Шкотланѓанецот Сер Мет Базби беше првиот тренер што му донел Куп на европски шампиони на еден англиски клуб.