Фудбал

Пандев во обид да ја искористи кризата на Дортмунд

Кралевите имаат 11 победи по ред во сите натпреварувања, а Ливерпул е притиснат од Базел и Лудогорец. Галатасарај сака да се офајди во Дортмунд кој има 5 порази по ред во Бундеслигата.

Израелското дерби не издржа ниту едно полувреме

Навивачите на дерби пресметката во Тел Авив влетаа на терен и го прекинаа мечот при резултат 1:1 по што настана тепачка, а провокацијата почна во 22 минута откако Еран Захави со пукање накај публиката го прослави голот. Револтот им е уште поголем и поради неговиот трансфер од Хапоел во Макаби.

Зенит - Леверкузен од 18:00 и Реал Мадрид - Ливерпул од 20:45

Вечерва се отвора 4. коло од Лигата на шампионите, а дербито на вечерта се игра во Шпанија каде Реал го пречекува Ливерпул.

Европската комисија ќе ја чешла работата на Динамо Загреб

Според хрватскиот tportal, ЕК ќе го истражува финансирањето на хрватскиот клуб од градскиот буџет, Загреб Холдинг и Туристичниот одбор на Загреб поради сомнение за нелегална помош и нарушување на конкуренцијата. 

10 причини зошто Мурињо е во право кога ги критикува навивачите

Саботната победа против КПР не беше доволна Португалецот да биде мирен, по што веднаш по мечот изјави дека неговите играчи немаат поддршка каква што заслужуваат.

Џон Тери прави колекција од капитенски ленти

Некогашниот капитен на англиската репрезентација и актуелен лидер на Челси ги чувал сите ленти со кои ја изнесувал екипата на терен.

Голот на неделата доаѓа од Еквадор

Во дуел од еквадорската лига, Силвио Гутиерез од Депортиво Куенка постигна гол од 40-ина метри против Манта.

Генерација 1989-та

На 9-ти ноември ќе се прослави 25 годишнина од падот на симболот на Студената војна, а годинава е и четвртина век од раѓањето на некои од најдобрите фудбалери на денешницата.

Ван Гал и Бентнер за Крис Смолинг

Кариерата ја почна во 2007 година во регионална лига во Лондон каде се натпреваруваат полупрофесионални клубови. Потоа замина во Фулам кој пред четири години на Манчестер Јунајтед му го наплати 11 милиони фунти.

Првите 11 на Јунајтед најскапи во историјата на Премиер

Екипата избрана од Ван Гал за дербито против Манчестер Сити во неделата чини околу 300 милиони евра, но и покрај тоа го има најлошиот старт на сезоната од 1986. година пред Фергусон да го замени Аткинсон.

Како се слави пресврт во 91 минута

Тотенхем губеше на гостување против Астон Вила околу 70 минути, но во последните 6 минути се избори за победа. Гифот го одбележува тој во зелената јакна.

Тренерот на Гранада ја искина „Марка“

Жоакин Капарош дал интервју за познатиот шпански весник кој важи за близок до Реал Мадрид, но зборовите му ги извадиле од контекст.

Статистика која ќе го реши дербито во Манчестер

Ако сака некој да победи во недела на големата градска пресметка на Етихад треба да го направи следново. Да постигне прв гол.

Коринтијанс гради гробишта за најверните

Еден од најпопуларните бразилски клубови соопшти дека до крајот на идната година ќе бидат завршени гробиштата на кои секој навивач ќе може да си купи парцела.

Гвардиола на местото на Венгер?

Весник од Лондон тврди дека Гвардиола наредната година ќе си замине од Баерн и ќе стане нов тренер на Арсенал.

Кога на голманот му е преку глава од бранење

Рожерио Сени 22 години го чува голот на Сао Паоло, а за тоа време даде 123 голови, но само уште ваков му фали во кариерата.

Зарате го одбра Чиле наместо Аргентина

Поранешниот играч на Лацио и светски шампион со Аргентина под 20 години е разочаран од списокот аргентински репрезентативци и се реши да игра за Ла Роха.

Детето на Милан дрибла како Зидан

За Хаким Мастур пред две години се тепаа Интер, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Манчестер Сити, но Милан беше најбрз и на 14 години го купија од нисколигашот Реџана за 500.000 евра. На мечот помеѓу младинци, влезе од клупа и одбраната на Сасуоло ја изора како нива.

Ривер Плата од врата до врата

Како играчите на Ајакс лани, така и фудбалерите на Ривер ги изненадија сите навивачи кои онлајн го нарачале новиот дрес . Во улога на доставувачи беа Леонардо Понцио, Фернандо Кавенаги (памтете го ова има) и Тео Гутиерез.

Зоте: Против Шпанија моравме сите во одбрана со се резерви

Зоран Левески е првиот Македонец кој заиграл и го освоил третото место во Азиската футсал Лига на шампиони, а истовремено бил првак и на турнирот во Миравци. Му фалат уште само три настапи, за да стигне до јубилејна 100-ка за футсал селекцијата на Македонија, а води и приватен бизнис.

Дортмунд паѓа, поддршката на Клоп расте

Тренерот на Дортмунд не се смее на прес конференциите како лани, затоа што неговата екипа на девет натпревари во Бундес лигата собра само седум бода и има 14 бодови помалку од лидерот Баерн Минхен, против кого играат викендов.

Зига-зага на Етихад против Сити

Некои го викаат грекви, кај нас го знаеме како зига-зага, а во Англија го попримија полското the Poznan. Навивачите на Њукасл на тој начин вчера го прославија триумфот 0:2 против Манчестер Сити во Лига купот.

Клубовите сакаат СП во Катар во месец мај

Светското фудбалско првенство во Катар се игра за 8 години, а уште сега почнаа дебатите како ќе се играло на 50 степени. ФИФА и УЕФА имаат спротивни ставови, а сега и клупската организација нуди решение за горештините.