Кралевите на чекор до четвртфинале, во Базел немаше победник

Актуелниот европски првак самоуверено го почна патот кон одбраната на титулата, откако во реприза на ланското осминафинале, повторно го освои Гелзеркирхен. Порто освои бод во Швајцарија на 10 минути до крајот. 

Шалке - Реал Мадрид 0:2
Роналдо 26` Марсело 79`

Со голот на Кристијано Роналдо во 26 минута, фудбалерите на Реал Мадрид го најавија триумфот во Германија. Со овој погодок Португалецот успеа да ја затресе мрежата на последните 13 гостувања во низа во ова натпреварување. Точка на мечот стави Марсело во 79 минута.

Базел - Порто 1:1
Гонзалес 11` - Данило 79`

Иако Порто важи за фаворит на овој дуел, Дерлис Гонзалес по само 11 минути игра успеа да ја израдува домашната публика. По негативата од околу 70 минути, португалскиот состав стигна до израмнување со голот на Данило од пенал.

18 февруари 2015 - 22:52