Клубот од Енфилд против Бешикташ во Лигата на Европа ќе игра без Лукаш Леива, Џерард и Рахим Стерлинг кои се повредени. Нов удар за тренерот Брендон Роџерс стигна од УЕФА, која го казни Србинот Марковиќ со четири натпревари неиграње, поради смешниот фаул на Бехранг Сафари од Базел кој театрално падна во ЛШ.