Фудбал

На Балканот не проаѓаат странски тренери

Странските тренери немаа успех на балканското поднебје, а скоро секој од нив кратко се задржуваше на полуостровот. Дали е до играчите, до менталитетот, квалитетот или до самиот селектор, најдобро објаснува Бранко Иванковиќ, Хрватот што со успех тренираше неколку азиски репрезентации.

Швајцарски клуб ги избрка сите играчи

Последниот пораз 10:0 го натерал спортскиот директор на швајцарскиот нисколигаш Греншен да ги отпушти сите фудбалери, од прв до последен. Поддршка за потегот има и од спонзорот на клубот.

Се разделија Фернандо Алонсо и Ферари

Веста што некое време се чекаше, конечно е официјална, на местото на Шпанецот од следната година болидот на Ферари ќе го вози Себастијан Фетел. Алонсо сега пред потпис со тимот на Мекларен.

Сите милански дербија на Манчини

Роберто Манчини се врати на „Џузепе Меаца“, клубот кој му донесе слава и кој патеше за титулата 17 години. Освои три Скудета во низа (2006, 2007, 2008), но тешко му одеше во градското дерби каде има биланс од 4 победи, 5 порази и едно реми. Викендов ќе се соочи со Пипо Инзаги кој му даде гол на последното.

Колекција на лудостите на Рене Игита

Кога некој голман непромислено излегува надвор од својот гол, гледачите тоа ги асоцира на Колумбиецот Рене Игита кој стана познат по скорпион потегот. El Loco или Лудиот на 380 натпревари постигна 41 гол, а неговите циркуски реакции се собрани во 15-минутно видео.

Украина казнета за инцидентите со Македонија

УЕФА удри парично по Украина, поради навредливите транспаренти и употреба на пиротехника за време на квалификацискиот дуел со нашата селекција на 12 септември.

Татковци vs синови

Холандски весник состави два тима. Во едниот стави славни пензионирани фудбалери, а во другиот нивните синови кои тргнаа по нивните стапки.

Пет голмански одбрани со лице

Од 10 пенали, само една топка заврши во гол, а едниот голман сите пет удари несакајќи ги одбрани си лице. 

Павел Врба е чешкиот Алекс Фергусон

Сите навивачи кои во неделата ја гледаа Чешка против Исланд, имаа бесплатно пиво, затоа што селекторот Врба ја доби кладбата со пиварата Гамбринус и освои повеќе од 4 бода на 2 средби. Чешка со Врба има 4 од 4 и 12 бодови.

1000-от гол на Пеле

„Мислев дека цел свет е против мене, атмосферата беше заглушувачка, а јас без избезумен и ја загубив надежта дека можам го му го одбранам пеналот“, изјави голманот на Васко Да Гама.

Година за заборав на Црвената Фурија

Шпанците во 2014. година влегоа како газди во европскиот и светски фудбал, но за само 12 месеци го загубија епитетот најдобра фудбалска репрезентација. Против Германија лошо деби имаше голманот Касиља.

Богданов ќе ја гледа Србија од станица

Навивачот кој правеше нереди во Џенова, а се симна на терен и за време на инцидентите помеѓу Србија и Албанија доби забрана да ја гледа селекцијата на Србија на стадион.

Кој вика дека се нејќат?

Камерите и фотоапаратите синоќа на „Олд Трафорд“ ги бркаа Роналдо и Меси, а тие намерно или не покажаа дека и покрај огромното ривалство се во ок односи.

Англиски навивачи против ИРА во Глазгов

Фудбалската асоцијација на Англија била принудена на полувремето од мечот Шкотска - Англија да стапи во контакт со бендот кој секаде го прати Гордиот Албион и да ги замоли да не им даваат ритам на останатите навивачи, кои пеат навредливи песни.

ФИФА тужи луѓе во ФИФА

Светската куќа на фудбалот поднесе кривична пријава против непознати сторители од својата организација кои се осомничени дека ја злоупотребиле функцијата при доделувањето на организација за Светските првенства во Русија и Катар.

Меси за неговата неизвесна иднина

И покрај тоа што заработува 16 милиони годишно, а договорот му трае до 2018 година со откупна клаузула од 250 милиони евра, четирикратниот освојувач на Златната топка за прв пат изјавува дека можно е да ја напушти Барселона.

Офсајд лик: Жуниор Моралес

Случајот со најскандалозниот црвен картон во фудбалот доби уште понеочекувана разврска на штета на клубот Маратон од Хондурас.

Роналдо vs Меси

Аргентинецот и Португалецот се единствените двајца кои ја освојуваа наградата за најдобар фудбалер на светот во последните шест години. Во пријателска против Аргентина, Роналдо вечерва ќе игра пред своите во Манчестер, клубот во кој стана познато име.

Неповиканите “репрезентативци“ од Премиер лигата

Да играш во една од најсилните лиги во светот каде се вртат најголемите пари и да го носиш дресот на Манчестер Јунајтед, Ливерпул или Арсенал не е гаранција дека ќе добиеш повик во националниот тим. Веројатно најголемиот проблем е конкуренцијата.

Полесно нема ниту на тренинг

Хозе Фернандез од Годој Круз прво даде гол за 1:0 против Естудијантес, а после го направи невозможното и промаши празен гол. На крајот конечен резултат 1:1.

Квалификациите за ЕП 2016 на пола пат

Пет селекторски смени, бод на Сан Марино, победа на Фарски Острови, прекинати натпревари и навивачки нереди го одбележија првиот дел од квалификациите за пласман на ЕП 2016 во Франција.

Мурињо за Балотели

Секогаш кога ќе си помислите зошто Марио Балотели и покрај тоа што го ругаат прави толку глупоштини, потсетете се на изјавата на Мурињо.