Фудбал

Што ќе му е уште да игра?

Витрините ги наполни, џебовите ги преполни, а со уште два гола во Примера и осум за Аргентина може слободно да стане млад пензионер без никој да му замери.

Малерозната одбрана на Манчестер Јунајтед

Откако вчера вечер се повреди и Дејли Блинд, Манчестер сега има 10 повредени играчи, од кои 7 од одбраната. Против Арсенал следниот викенд, фудбалери од младинската школа ќе ги чуваат Алексис Санчез и Дени Велбек.

Генчлербирлиги ќе ги бричи фудбалерите

Турскиот прволигаш се меша во имиџот на фудбалерите кои се приморани да бидат скоцкани како во војска.

Како Колумбијците користат дрон

Дербито меѓу Меделин и Депортиво Кали се одигра на стадионот Атанасио Гирадот, а кореографијата со прекривното знаме се снимаше со дрон. Домашните победија 3:2, а на минута пред крајот Елтон Мартин смисли начин како да украде од времето.

Хрватска пати поради неколку хулигани

Хрватите имаа 1:1 против Италија на Сан Сиро и шанси за победа, а нивните навивачи на два пати го прекинуваа квалификацискиот меч со фрлање бакљи на терен. По судирот со италијанската полиција, уапсени се 16 Хрвати.

Заради Катар ФИФА може да остане без УЕФА

Адвокатот Мајкл Гарсија напиша извештај на 430 страни во кој се открива корупцијата на ФИФА во врска со доделувањето домаќинство на СП 2018 и 2022. ФИФА не го објави во целост извештајот, по што УЕФА се закани дека ќе ја напушти светската фудбалска организација.

Словаците со две шанси до три бода на Филип Втори

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе третиот пораз во квалификациите за ЕП 2016, вкупно петти од Словачка во досегашните седум меѓусебни дуели. Со головите на Адам Немец и Јурај Кучка, Словачка и натаму е на прво место во групата со максимален ефект.

Македонија низ квалификациите за ЕП

Фудбалската репрезентација на нашата земја ги игра 6-те квалификации за Европското првенство. Вечерва во Скопје гостува Словачка, првопласираната селекција во нашата група.

Ристовски: Првиот совет по грешката со Милан ми го даде Креспо

Бекот на македонската фудбалска репрезентација поминал низ тешки кризи и се калел во четири италијански клубови за на 22 години да заигра во Серија А. Хамшик и Игуаин ги запознал на гости кај Пандев, а за словачкиот репрезентативец вели дека треба двајца чувари.

Трик шутот од спунт на Адам Лалана

За време на снимањето на рекламниот спот за видео играта Assassin's Creed Unity, фудбалерот на Ливерпул направи потег во стилот на Роналдињо.

Ѓуровски: Штета што Најдоски не може да игра

И покрај инцидентот на денешниот тренинг и отстранувањето на двајца репрезентативци од националниот тим, Бошко Ѓуровски е расположен пред тешкиот квалификациски натпревар против Словачка.

Манчини доаѓа, Зенга тагува

Италијанскиот клуб на својот веб сајт објави дека Валтер Мацари е отпуштен, а на негово место доаѓа нивниот поранешен тренер кои потоа ги водеше Манчестер Сити и Галатасарај. Се огласи и Валтер Ѕенга, противкандидатот за клупата.

Јаховиќ и Георгиевски се скараа на тренинг

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација ги отстрани од националниот тим двајцата фудбалери кои ја нарушиле атмосферата во тимот пред дуелот против Словачка.

Бугарите продале 25 карти за дуелот со Малта

Во 2009-та година, квалификацискиот дуел Бугарија - Ерменија во Софија го гледале 300 души и тоа е најлошиот рекорд на посетеност кај Бугарите. Во недела веројатно и овој ќе го срушат.

Аргентина и Меси се пробаа со младинците на Вест Хем

Гаучосите вчера ја победија Хрватска во пријателска средба, а за тој натпревар се загревале против младинскиот состав на „чеканите", поради доцнење на својот тренинг.

Во „Јане Сандански“ ќе се води битка за прво место

Црвено црните во сабота со почеток од 19 часот го пречекуваат до сега најтешкиот противник во новата сала од кој беа поразени во СЕХА лигата во Унгарија.

Ал Тани не купувал гласови во ФИФА, туку ја зајакнувал кандидатурата за претседател

Светската куќа на фудбалот ја отфрли можноста за повторно гласање за домаќини на следните две Светски првенства.

Вилијан ги измести Турците

Бразил славеше со 4:0 на пријателската против Турција, а потегот на вечерта го имаше фудбалерот на Челси

Дејвид Мојс во баскискиот рај ќе го спасува Сосиедад

Човекот што го откри Вејн Руни, го однесе Евертон во Европа и го упропасти Манчестер Јунајтед, сега ќе го спасува шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад од испаѓање во Примера.

И после нашите навивачи не чинеле

Срамот пред камерите го изеде навивач на Евертон, а жртва на неговата глупоштина беше навивачка на Сандерленд.

Милан vs Ауди Р8

Адил Рами, Жереми Менез, Кеисуке Хонда и Рикардо Монтоливо снимаа реклама за јапонската компанија „Toyo Tires“ и се тркаа со спортскиот модел Ауди Р8 кој прв ќе даде гол преку цело Милано. Во меѓувреме, во помалку режираниот свет, Милан успешно го задржува 7-то место на табелата.

Роналдо го трола Меси дека е низок?

Каталонскиот новинар кој ја напиша книгата „Меси“ тврди дека ѕвездата на Реал Мадрид само пред камерите глуми дека го респектира ривалот на Барселона, а во соблекувалните не му го споменува ниту името.

Ибракадабра си игра со терапевтот

Освен со соиграчите, Златан Ибрахимовиќ игра мајтап и со стручниот штаб на ПСЖ. Швеѓанецот денес по деветти пат по ред беше избран за најдобар фудбалер на неговата земја.