Десетте најчудни реакции при замените на играчите

Реакцијата на Дани Алвеш кога во вторникот против Сити рогна шише со вода, затоа што беше заменет на 15 минути пред крајот нè наврати на некои слични моменти во минатото.

Самуел Ето
Легендарниот Луис Арагонес го зграби Камерунецот за дресот кога соработуваа во Мајорка. По натпреварот, Ето ја смири тензијата со изјавата: „Тоа беше вообичаена кавга меѓу татко и син“.
 
Кристијано Роналдо
Сер Алекс Фергусон го замени Португалецот за време на последното дерби против Манчестер Сити на Роналдо, пред да го напушти Јунајтед. Роналдо изреагира бурно и удри по резервната клупа. Тоа беше период на негово созревање под палката на Фергусон.
 
Марио Балотели
Во летото 2011. година, за време на пријателскиот дуел на Ман. Сити против ЛА Галакси во САД, Балотели промаши празен гол, само затоа што се обиде да шутира со петицата. Тренерот Манчини веднаш го замени со Милнер, а на реакцијата на Балотели, Роберто стана да се пресмета со него.
 
 
Хозе Антонио Рејес
Поранешниот шпански репрезентативец не можеше да се помири со одлуката на тренерот на Атлетико Мадрид, Грегорио Манцано кој одлучи да го замени против Атлетик во Билбао сезоната 2011/2012. „Оди мајка ти смени ја", Рејес прокоментира кон тренерот Манцано.
 
Адем Љајиќ
Настанот меѓу Делио Роси и српскиот репрезентативец можеби е највпечатлив на целава листа. Додека Роси и Љајиќ беа во Фиорентина, тренерот го замени Љајиќ на еден натпревар, Србинот нешто му прокоментира, по што следуваше брутална реакција на Делио Роси, кој физички го нападна играчот од средниот ред.

Делио Роси доби седум месечна суспензија од фудбалскиот сојуз, а на прес-конференцијата неколку дена по настанот изјави дека Љајиќ му рекол „Поретардиран си од син ти“.

Вес Фодерингем
Паоло Ди Канио го замени својот голман по само 20 минути игра поради лежерен пристап кога Сандерленд прими лесен гол. Вес реагираше бесно, шутна шише вода на пат кон соблекувалната и малку фалеше да се степа со Италијанецот. Секако дека за фудбалер нема поголемо понижување од тоа кога ќе го заменат уште во првиот дел, а камоли за голман.

Анхел Ди Марија
Аргентинецот важеше за најомилен фудбалер на Карло Анчелоти во Реал Мадрид. Италијанецот не прежали што клубот одлучи да го продаде во Манчестер Јунајтед, но Ди Марија со еден потег ја наруши сликата за нивниот однос. Подоцна се вадеше дека гестот бил наменет за публиката која му свирела.

Дани Алвеш
Во вторникот, Барса го победи Манчестер Сити 1:2 на Етихад, а победата на Каталонците остана во сенка на однесувањето на Бразилецот. Тренерот Луис Енрике го замени на 15 минути пред крајот, а Дани Алвеш фрустрирано рогна едно шише со вода и го испрска полицаецот и редарите од страна.

Десниот бек вчера се извини преку својот Инстаграм профил.

Раул Гонзалес
Во сезоната 1995/1996, Арсенио Иглесиас го извади Раул од игра против Сарагоса на гостински терен, по што Раул шутна шише со вода. „Кој мислиш дека си ти, глупаво детиште"? му свика Иглесиас на тогаш најмладиот член на „кралевите".

Хуан Едуардо Еснајдер
„Кучкин сине, само мене ме менуваш", напаѓачот на Атлетико Мадрид отворено пред камерите му се развика на тренерот Радомир Антиќ, во четвртфиналето од ЛШ со Ајакс во 1997. година. Скандалот долго време го тресеше Висенте Калдерон, а Антиќ подоцна го прифати извинувањето на Еснајдер.

27 февруари 2015 - 15:40