За време на трансфер периодите Милан често е критикуван дека секогаш тргува со играчи од офанзивниот дел од играта. Тоа го сака газда Берлускони кои отсекогаш од ВИП ложата преферира да гледа напаѓачки фудбал, а годинава имаат и тренер на кој тоа му беше примарна работа.
Но таа филозофија на игра за сега им оди во вода. На Сан Сиро сезонава продефилираа Черчи, Дестро, Ел Шарави, Хонда, Мастур, Менез, Нјанг, Пацини и Торес, но резултатот од овие имиња во напад е ужасно лош.
Милан по 25 одиграни кола има постигнато 35 голови, а полоша сезона од оваа претходно имаа 2006/2007 кога по ист толкав број на мечеви имаа постигнато 33 голови, со таа разлика што ресурсите тогаш ги трошеа и во Лига на шампиони.
Гостувањето против Киево кое заврши 0:0 беше шести резултат за Милан на кој сезонава немаат постигнато гол, а од нив подобри во напад се Јувентус со 52 голови, Наполи (44), Лацио (43), Интер (39), Рома и Палермо (38), Фиорентина (37) и Џенова (36).
Милан во моментов го има најдобриот деветти напад во Серија А, а не може да се пофали и со некоја цврста одбрана, бидејќи и во таа категорија е деветти со 30 примени голови исто колку Киево.