„Ќе го освоиме скудетото", изјави Руди Гарсија после поразот од Јувентус во Торино, пред пет месеци. Неговата изјава во моментов делува само како сеќавање, затоа што од тогаш до денес Рома е тотално друга екипа (друга на полошо).
Римјаните не победиле на Олимпико цели девет натпревари по ред, взаемно со средбата од купот на Италија против Емполи кој заврши 0-0, а Рома победи во продолженијата.
Се чини дека Рома уште не може да се опорави од тешкиот пораз од Баерн Минхен на Олимпико 1-7, кога Римјаните се простија од Лигата на шампионите. Последниот триумф на домашен терен, Рома го оствари на 30 ноември минатата година, против Интер 3-2. Во новата 2015, римската публика уште не се израдува на победа.
„Мораше да се зборува за скудетото, затоа што мораше да се избориме со песимистичкиот амбиент околу клубот. Сите викаа „Никогаш нема да освоиме титула, нема да ја земеме залудно е". Но јас не сум глупав и мислев дека таквата изјава само ќе ја подгрее амбицијата на играчите и навивачите. Ми се одмазди надменоста", констатираше Гарсија.
Сепак, во Рома не размислуваат многу за скудетото како пред неколку месеци, а по слабите резултати во последно време размислуваат како да го задржат второто место кое го напаѓа Наполи. Рома на Наполи му бега само три бода.
Вечерва против Јувентус, Рома ќе игра без јануарските засилувања, Ибарбо и Думбија кои се повредени. Од друга страна, тренерот на Јувентус, Алеги има проблем со средината на теренот. Нема да игра Пирло, Видал е во бледа форма, а неизвесен е Погба. По изјавата на Алегри пред мечот, очигледно е дека Старата дама повеќе размислува за реваншот од ЛШ против Дортмунд за две недели.
По 24 кола, Јувентус е прв со 57 бодови, а Рома е втора со 48. Јуве ги доби последните две средби против Рома, но во последно време на нивните дуели доминираат победи на домаќинот. На четири од последните пет меѓусебни средби, повеќе голови паѓаа во второто полувреме.
Можни состави:
Средбата се игра во стандарниот термин од 20:45 часот, со пренос на Арена Спорт 4, а тука може да ја типувате во Супер сингл понудата на Типстер.