Фудбал

Тотенхем се буди на крај

Кристијан Ериксен викендов постигна гол на минута до крајот за победа на Тотенхем од 2:1 на гостувањето против Свонси. Статистиката покажува дека во 89 минута или покасно, победиле на три од последните четири гостински меча во Премиер лигата.

Пензионираниот Анри ќе заработува милиони како коментатор

Поранешниот напаѓач на Арсенал се повлече од професионалното играње фудбал и потпиша договор со каналот Скај, за кој ќе коментира фудбалски натпревари, заедно со Гери Невил и Џејми Карагер.

Последните соочувања на осминафиналистите во ЛШ

Славниот Милан со холандското трио Гулит-Рајкард-Ван Бастен предводени од Ариго Саки е последниот тим кој во 1990 година ја има одбрането најзначајната европска круна, а за тој подвиг сезонава ќе се бори Реал Мадрид. Во нокаут фазата има седум поранешни прваци и девет финалисти во најелитниот клупски европски фудбал.

Хотелски “карантин“ на руски репрезентативец со две

Александар Кокорин кој настапува за Динамо Москва не се релаксира пред натпревар со музика или плеј стејшн, туку плаќа 300 долари на час, а парите најотворено кажува на што ги троши.

Кога Венгер пушеше цигари

На времето како тренер на Монако, Арсен Венгер не ја вадеше цигарата од уста, но беше помирен од денес. Ждрепката за ЛШ на Французинот му го донесе токму клубот кој го водеше од 1987-ма до 1994-та година.

Андер Ерера од Манчестер Јунајтед местел натпревари

Селекторот на Јапонија Хавиер Агире, играчот за врска на Јунајтед Андер Ерера, капитенот на Атлетико Мадрид Габи и уште 38 лица се обвинети дека наместиле натпревар од Ла Лига во сезоната 2010/2011.

Кога на ждрепка ќе ти се падне Барселона

Манчестер Сити минатата година беше елиминиран од Барселона во осминафиналето од ЛШ, а кога нивниот директор денеска го гледаше извлекувањето на паровите, голтна кнедла.

Алегри ќе се одмаздува за 1997-ма

По денешната ждрепка за 1/8 финалето на ЛШ каде за противник го добија Дортмунд, спортскиот директор на Јувентус, Павел Недвед изјави дека е презадоволен, затоа што можеле да поминат многу полошо. Тренерот Масимилијано Алегри верува дека Јуве може да го одмазди поразот во финалето против Германците пред 18 години.

Швајнштајгер со стара финта

Баварците викендов го торпедираа Аусбург на гости со 4:0, а староседелецот во екипата кој по долгото отсуство поради повреда, сезоната ја почна пред три недели, најголеми честитки за играта доби од Нојер и Гвардиола. Рафиња не успеа да му честита.

ЛЕ: Рома - Феенорд, Ливерпул - Бешикташ

По ждрепката за ЛШ, се извлекоа и паровите за нокаут фазата во Лигата на Европа. Бранителот на трофејот, Севиља ќе игра против Менхенгладбах, Интер против Селтик, а Тотенхем против Фиорентина.

Милито му донесе титула на Расинг по 13 години

По финансиски кризи, испаѓања од лига и насилство на трибините, Расинг Клуб конечно стигна до целта и прв пат по 2001. година, предводен од повратникот Диего Милито стана шампион на Аргентина.

ЛШ: Манчестер Сити - Барселона, ПСЖ - Челси

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени осминафиналните двојки за Лигата на шампионите. Арсенал избегна трето соочување по ред против Баерн Минхен.

Златан плаќа 30.000 евра месечна кирија

Минатата година изјави дека ако не најде соодветен дом ќе купи хотел. Mесецов драмата заврши со стан од 30.000 евра месечно.

Џо Харт знае да почитува добар шут

Аргентинецот Естебан Камбијасо од слободен удар го испружи Харт колку што е долг, а голманот на англиската репрезентација воодушевен од шутот му отпоздрави на фудбалерот на Лестер. На крајот, дуелот го доби Сити со 1:0.

Хет трикот на Синиша Михајловиќ

Со Алесандро Неста беа задолжени да ја пазат одбраната на Лацио и во сезоната 1999/2000 беа меѓу главните јунаци кои го освоија второто Скудето на тимот од Рим. Но поранешниот српски репрезентативец имаше уште една способност по која стана препознатлив во кариерата.

Како тоа го правеше Зидан

Сигурно во иднина ќе се појават и нови Роналдо и Меси, но тие што го гледаа Јуве (1996-2001), Реал Мадрид (2001-2006) и Франција (1994-2006) не може, а да не им недостасува оваа уметност.

Фудбалерите на ЛА Галакси откачија во соблекувална

Лос Анџелес Галакси по петти пат ја освоија МЛС лигата во САД, а ова славје изгледаше како да станале светски прваци. Се бањаа со алкохол, се лизгаа на под и носеа маски за гњурење. Имаа и едно барање, Ландон Донован да не оди во пензија.

Металург е најдобар македонски клуб според УЕФА

Европската фудбалска асоцијација денес ја објави ранг листата за клупските натпреварувања во нивни рамки, а македонскиот клупски фудбал повторно забележа пад и тоа за 4 места. Металург сезонава е најдобар од нашата земја и се наоѓа на 157 место во Европа.

Кражба на 7.500 пара патики од Леброн Џејмс

Робата е пронајдена во камион, а вредноста на новите модели на Најк е 1,5 милиони долари.

Зошто Јунајтед - Ливерпул не е епицентарот на англискиот фудбал

Во недела на Олд Трафорд ќе се игра најголемиот натпревар на Островот, епитет со кој според истрагата на Телеграф не се согласуваат фактите и статистиките.

Како жените заиграа фудбал

Англичаните им забранија да го играат 50 години со образложение дека бил несоодветен за нив. Гема Феј, член на Селтик и капитен на Шкотска стана првата фудбалерка која поради тепачка доби црвен картон. Таа со топка успеа да му скрши рака на машки голман.

Уште една хулиганска вечер во ЛЕ

Во Киев, по натпреварот Днипро и Сент Етјен од последното коло во Лигата на Европа повредени се 12 навивачи на францускиот клуб кои запалија украинско знаме. Во исто време, во Загреб навивачите на Селтик се степаа со хрватската полиција која фрлаше солзавец.

Историска одлука на Челси за сите вработени

Лидерот во Премиер лигата од 1. јануари следната година ќе стане првиот професионален клуб во кој на сите вработени директно поврзани со клубот ќе им биде гарантиран барем минималец.

Германски фудбалер преживеа инфаркт и реши натпревар во 90 минута

Даниел Енгелбрехт го има најјуначкото срце и тој стана првиот фудбалер во Германија кој заигра со вграден дефибрилатор во градите.