Фудбал

Шпанците ќе ја доиграат сезоната

Врховниот суд на Шпанија донесе пресуда според која се укинува штрајкот на фудбалската федерација најавен за 16 мај.

Полека сине, шири ја, шири ја

Секогаш се интересни овие ликови кои од трибина делат памет за секојa додадена топка на играчите. Легендата на босанскиот фудбал, Алија Хаџиосмановиќ Брацо е тренер на четвртолигашкиот клуб Врбанјуша од Сараево, а на снимкава им дава насоки на фудбалерите на Сараево кои играат во прва лига и кои го победија Радник на гости со 2:0.

Мората го шокираше Мадрид, Јуве оди во финале

По речиси веќе загубената титула во домашното првенство, заврши оваа сезона приказната за фудбалерите на Реал Мадрид и во Лигата на шампионите. На 6 јуни во Берлин во финале ќе гледаме Барселона - Јувентус.

За поубав Бари не фрлај шише во море

Управата на италијанскиот град Бари смисли добра реклама во борбата против фрлање отпад во морето и загадување на истото. Актери: Навивачите на фудбалскиот клуб Бари. Скандирање: Incivile vattene da Bari (Несовеснику, губи се од Бари).

Во Канада не простуваат примитивизам

Навивачот на фудбалскиот клуб Торонто Репторс, Шон Сајмос (во жолт дрес на Арсенал) бил избркан од работа, поради вулгарностите што ѝ ги кажа на репортерката Шона Хонтс во живо. Се правеше важен, но откако колегите од работа го препознале, го пријавиле целиот случај кај директорот на компанијата Хидро каде Сајмос работел.

Што правеше Гвардиола кога Барселона анулираше негатива од 3:0?

Шпанскиот стратег синоќа го победи својот поранешен клуб со 3:2, но не успеа да го стори тоа што се случи на Камп Ноу, кога тој имаше 15 години.

Митот за Максимир - 25 години подоцна

На денешен ден пред 25 години се одигра многу повеќе од натпревар на две екипи кои се бореа за титулата во првенството. Се водеше битка меѓу два народа, две култури, две религии. Битка која што ја запали поранешна Југославија.

Пандев ги мина медицинските прегледи во Џенова

Македонскиот фудбалер на кој во јуни мu завршува договорот со Галатасарај, денеска се очекува да потпише две годишен договор со Џенова.

Пола од бугарските клубови не знаат за Фејсбук

Ако барате некое инфо за фудбалските прволигаши од Бугарија, Марек Дупница и Хасково, освен Википедија, нема да ви излезе друго ништо. Тие немаат ниту веб сајт.

Сите полуфинални вечери на Старата дама

Во последните 20 години, Бјанконерите пет пати играа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во сеќавање останаа дуелите со Реал Мадрид и Ајакс, а незаборавен е и болниот пораз од Јунајтед во сезоната 1998/99.

Фернандо Муслера чудотворец

Со четвртата победа во низа, Галатасарај и после 31. коло ќе остане прв на табелата, пред Фенербахче и Бешикташ. Галатасарај поведе во 16' минута преку Озтекин, а Муслера до крајот со бравурозни одбрани го сочува голот на гостите.

Голманот на Парма ќе му ја плати пола казна на Игуаин

Антонио Миранте ја смирува тензијата која се случи по мечот Парма – Наполи и тврди дека имало само многу нервоза.

Така зборуваше големиот Сер Алекс Фергусон

Пред точно две години на денешен ден Алекс Фергусон ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед. Во чест на Шкотланѓанецот ќе се потсетиме на неговите најпознати изјави кои ја потврдија неговата духовитост.

19.683 сценарија за титулата во Белгија

Белгискиот статистичар, Јан ван Харен си поигра со бројки пред крајот на сезоната во првенството и стигна до резултати кои веројатно само тој си ги разбира.

На ЕП 2016 во Франција за 25 евра

Европската куќа на фудбалот означи старт за сите заинтересирани кои од денес ќе може да аплицираат за карти за првиот Еврошампионат кој ќе се игра со 24 репрезентации.

Ти само давај голови, јас ќе кршам тавани

Навивачот на Ипсвич, Рос Морган толку се израдувал кога неговата екипа израмни во саботата против Норвич што од радост го дупнал таванот во дневната соба. Стрелецот на голот, Пол Андерсон се понуди да ја надомести штетата.

Како да го опишеме голов на Фалкао?

37 годишниот Бразилец без сомнение е најдобриот футсал играч на сите времиња. На својот инстаграм профил ja постираше неговата последна мајсторија, до сега не видена со топка.

Германска упорност или каталонски печат?

Ретко кој му дава шанси на Баерн Минхен по убедливиот пораз од Барселона во првиот меч, но Пеп Гвардиола уште не се откажал. Барса нема примено гол на последните 8 натпревари, а Баерн даде 13 на двете последни средби од ЛШ во Минхен.

Мајсторе сакам фризура со ликот на Нејмар

Во пресрет на реваншот од полуфиналето на ЛШ меѓу Баерн и Барселона, од Сао Паоло пристигна нова мода. Нејмар е идол на младите во Бразил, кои се натпреваруваат кој повеќе ќе го воздигне напаѓачот.

Трилерот продолжува, Атланта израмни на 2-2 против Вашингтон

Двата најдобри тима од регуларниот дел во НБА лигата се разбудија после поразите и славеа на гостински терен против Мемфис односно Вашингтон.

Џаро и најголемиот скандал во југословенскиот фудбал

Местенките во фудбалот не почнаа од Христијан Илиевски, ниту од Лучано Моџи. Тие порано не се правеле за кладилници, туку по принципот „на ти дај ми“ за шампионска титула, опстанок или излез во Европа. Се мешале и моќните политичари, а во оваа историска година Вардар играл чисто.

Јунакот на Заир што ја рогна топката за да остане жив

Минатиот петок во ДР Конго почина поранешниот репрезентативец на Заир, кој стана познат по гестот против Бразил на Мундијалот во Германија пред 31 година за кој му се смееше цел свет, а тој го направил од мака.