Фудбал

Тениската победа на Милан против Интер

На денешен ден пред 14 години, Милан ја оствари една од најголемите победи против градскиот ривал Интер. Со головите на Џани Командини (2), Шевченко (2), Сержињо и Федерико Џунти, Росонерите ги декласираа Нероаѕурите со 6-0.

Пет ефектни голови во Бундес лигата викендов

Во финишот на германското фудбалско првенство некои екипи се борат за опстанок, а некои за излез во Европа. И во таква ситуација паѓаат убави голови.

Богатата колекција на Пике

Фудбалерот на Барселона бајаги се посветил на своето хоби и бирал славни колеги на кои им ги собирал дресовите по натпревар.

Игуаин: Требаше да ни ја пуштите

„Раководните луѓе на Наполи ни велеа дека треба да загубиме затоа што веќе сме испаднати од прва лига. Ми се гади од коментарите“, изјави стратегот на Парма.

Историјата на Јуве низ цртан филм

Основните бои на Јувентус се розеви, а црно-бели стануваат во 1903. година кога еден англиски клуб им праќа нова гарнитура дресови. Еве и зошто Старата дама има повеќе поклоници во Италија од сите други клубови.

Фудбалерите на Ајакс мамини галеници

Играчите на амстердамскиот клуб на оригинален начин го одбележаа светскиот Ден на мајката и пред почетокот на дуелот со Ден Хаг излегоа на терен со своите мајки. Копјаниците го добија првенствениот дуел 3:0.

Музејот со најважните голови на Барселона

Вториот гол на Меси против Баерн Минхен го крена интернетот на нозе, а воедно влезе и на листата најважни голови во историјата на Барселона. Покрај Меси, голови за во музејот на Барса постигнуваа Ромарио, Ривалдо, Иниеста, Куман, Бакеро, Кројф и Роналдо.

Роналдо и натаму не ги рецка новинарите

Најдобриот фудбалер во светот реши да не дава изјави до крајот на сезоната, откако Реал Мадрид беше исвиркан на реванш осминафиналниот дуел кој го загуби со 3:4. Последниот новинар кој во движење му поставуваше прашања поврзани за дуелот со Јуве во ЛШ, доби само понуда за голтка сок.

Три земји добија место плус во ЛЕ поради фер плеј

Холандија, Англија и Република Ирска се трите земји кои благодарение на фер настапите на нивните клубови и репрезентации, добија право на уште едно место во квалификациите за ЛЕ од следната сезона. Македонија 46-та на фер плеј листата.

Мртва трка за Лига на шампиони во Серија А

Рома, Лацио и Наполи се трите екипи кои ќе го направат најинтересен финишот во италијанскиот фудбалски шампионат во кој Јувентус не даде простор за неизвесност во трката за шампионската титула.

Не ми пишувајте после 18, одмарам

На резервниот голман на Келн, Томас Кеслер не му помогнал статусот на Фејсбук каде барал пријателите да не му пишуваат на ВотсАп после 18 часот, па решил да си помогне со натпис на копачките.

Хорхе Кампос - лудиот мексикански голман со шарен дрес

Улогата голман-играч на маалските терени потекнува од Мексиканецот висок 168 сантиметри, поради што со екипата секогаш се сликаше застанат на топка. Синоним за универзален забавувач, Хорхе Кампос е голманот што постигна неколку евроголови.

Пеле направи будала од Бекенбауер

Дуел на двајцата великани на натпревар меѓу Бразил и Германија одигран во 1968-ма.

Гол технологијата ќе биде избор на квалификациите

ФИФА го одобри користењето на Hawk-eye за следниот квалификациски циклус за СП 2018 во Русија.

Де Лаурентис урла по Платини

Фудбалерите на Днипро извадија 1:1 во полуфиналниот дуел од Лига Европа против Наполи, благодарение на линискиот судија кој им призна нерегуларен гол од офсајд.

Ривер го доби вториот дуел со Бока, Меси останал буден да ги гледа

Во првиот дуел од полуфиналето на Копа Либертадорес, Ривер Плата со 1-0 го победи вечниот ривал и така ѝ се одмазди на Бока за поразот во првенството. Меси на Инстаграм објави дека е буден за најголемото дерби.

Шампионот на чекор до ново финале, Днипро извади реми на Сан Паоло

Фудбалерите на Севиља се блиску до нов пласман во финалето од ЛЕ, откако на првиот полуфинален меч со убедливи 3:0 славеа над Фиорентина. На другиот дуел Днипро направи изненадување во Неапол.

Ножички па ножички

Имавме ние периодов епски ножички, како оние со автоголот во Јордан или кога Кореанецот ја прими со глава. Но никој не успеал како Американциве кои така почнаа и да си додаваат.

Адебајор доби реплика од сестра му

Напаѓачот на Тотенхем вчера се отвори на Фејсбук за семејните проблеми, а прва од дома му врати сестра му.

Македонија остана 105-та фудбалска земја во светот

Новиот селектор Љубинко Друловиќ ја дозна позицијата на рангот на ФИФА од која ќе почне да ја води македонската фудбалска репрезентација.

Илиевски раскажа детално како местел седум натпревари

„На денот на мојот роденден, 2 март 2011-та Чо Бен Хуат ми донесе 250-300.000 евра, пари кој ги прати Тан Сет Енг. Други 300.000 евра ми донесоа двајца Унгарци во хотел во Лече за мечот Лече – Лацио“, изјави Македонецот кој сам им се предаде на италијанските власти.

Наполи против енигмата Днипро, Фиорентина во Андалузија

Стручните соработници на сајтот на УЕФА, Паоло Менучи и Игор Линјук ги даваат своите предвидувања за полуфиналниот дуел од Лигата на Европа на Сан Паоло. Наполи го освои овој куп во 1989. година кога Марадона беше предводник на екипата.

Сите потези на Меси против Баерн во ХД

Фудбалерите на Барса стигнаа до капитална предност пред реваншот со Баерн Минхен, а главен „виновник“ за тоа е Лионел Меси. Вчера си поигруваше со одбраната на Баварците, а најмногу го изработи Жером Боатенг.

Фудбалот во Шпанија ќе биде стопиран

Шпанската фудбалска федерација најави дека ќе го суспендира фудбалот до 16 мај поради несогласувања со владата.