Фудбал

Пенал рулетот меѓу Милан и Јуве пред 12 години

На денешен ден во 2003. година, во финалето од Лигата на шампионите на Олд Трафорд се судрија Милан и Јувентус. Славеа Росонерите после подоброто изведување пенали.

Друловиќ се реши за тројца дебитанти и еден повратник

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ денес го објави списокот на играчи кои ќе ѝ се спротивстават на Словачка во квалификациите.

УЕФА ги бојкотира изборите во ФИФА, Путин го брани Блатер

„Нема покорумпирана организација од ФИФА. Нивниот замок од карти се распаѓа и време е нешто да се менува. Ако Блатер има барем малку достоинство, треба да се повлече, да оди во пензија, да се испружи на креветот и да гали мачка“, изјави Гари Линекер.

Религиозниот Бака се прослави на 29 години

Колумбиецот Карлос Бака е најзаслужен за вториот трофеј по ред на Севиља во Лигата на Европа. Професионалната кариера ја почна на 22 години. На континентот дојде многу подоцна од неговите сонародници, но во моментов е најбаран фудбалер.

Покер во Варшава, Севиља владее со Лига Европа

Фудбалерите на Севиља ја одбранија титулата во ЛЕ освоена лани и на тој начин станаа првата екипа во историјата која што четири пати го освојувала ова натпреварување.

Кои се уапсените функционери на ФИФА?

Во хотелот Баур ау Лак во Цирих, швајцарската полиција денеска уапси неколкумина соработници на Блатер кои се на високи функции во ФИФА. Се сомничат за примање мито, перење пари и измама, а акцијата се случува на два дена пред изборите за претседател на ФИФА.

Фудбалерите на Јувентус издишале од трчање за финале

Италијанскиот шампион има дури шестмина играчи меѓу десетмината фудбалери кои сезонава истрчале најмногу километри во Лигата на шампионите. Барселона немале потреба од толку трчање.

Папата никогаш не го гледал Меси како игра

Папата Францис е голем љубител на фудбалот и навивач на аргентинскиот клуб Сан Лоренцо. И покрај тоа, изјави дека никогаш во живо не го гледал Лионел Меси како игра.

Карти за финалето на ФА купот паднаа од небо

Фудбалската асоцијација на Англија за последниот меч на островот за оваа сезона, реши да почасти два тикети гратис кои ги пронајде една баба во село.

Од Ливерпул до браќата Коло и Јаја

Стоук ги уништи со 6-1 во последното коло од Премиер, но тоа не беше причина фудбалерите на Ливерпул да не заминат во Дубаи на три-дневен одмор и да уживаат. Џерард поведе песна за братучедите Коло и Јаја Туре.

Мурињо батали го микрофонот

Со право го прогласија за тренер на годината во Англија, затоа што со Челси убедливо ја освои титулата. Но, кога би имало гласање за најлош глас меѓу тренерите на Островот, Португалецот сигурно и таму би бил број еден. Се обиде да ја запее химната на Челси Blue is the colour. Само се обиде.

Луфтханза части за опстанокот на Ханза

Еден од најтрофејните германски клубови, Ханза Рошток во моментов игра во третата лига, каде викендов спаси жива глава од испаѓање, благодарение на трет клуб.

На часови по дриблање кај Брунињо

Вториот дриблинг веројатно ќе го сконтате од прва, ама првиот сам ќе ве натера да го измотате повеќе пати. Брунињо игра во втора лига во Данска.

Севиља за рекорд, Днипро за сензација

Тимот од Андалузија вечерва од 20:45 во Варшава ќе игра за апсолутен примат во ова натпреварување кое го освојуваше три пати, а украинскиот Днипро ќе се обиде да стави круна на фантастичната сезона.

Уапсени високи функционери на ФИФА, не и Блатер

Швајцарската полиција утрово изведе операција во која уапси неколку високи раководители на ФИФА и ги екстрадираше во САД каде се сомничат за корупција.

Голот на сезоната за Челси

Младиот Курт Зума го доби признанието за играч на сезоната на англискиот шампион, а наградата за најдобар гол на вечерашната свечена гала вечер ја доби Оскар за мајсторијата против КПР во месец ноември.

Норич побогат и од Светскиот шампион

Камерон Џером и Натан Редмонд за три минути ја добија битката против Мидлсброу вредна 120 милиони фунти.

Падобранци на терен

Се појавија во Златибор на младинскиот фудбалски натпревар, но згазија на погрешна трева од која немаа ќар, бидејќи беше вештачка.

Со што ги мава Диего Коста навивачите?

Челси парадираше низ Лондон со автобус за да ја прослави шампионската титула во Премиер лигата, но контроверзниот напаѓач имаше друга заминација.

Каде се и што прават јунаците на Јунајтед од Барселона 1999-та

Беше позната како Генерација 1992-ра. Пред 16 години во „ноќта во Барселона“ испишаа историја и го освоија треблот (првенство, куп и ЛШ) во иста сезона. Што се случи со фудбалерите од таа генерација и каде се сега?

Мерцедес го бара кртот во случајот Монте Карло

Сезоната во Ф1 уште не е на половина, а во тимот на актуелниот шампион Мерцедес веќе почнаа контроверзи по што ќе се отвори истрага за случајот во Монако.

Само во Шпанија се опстанува со 35 бодови

Од 1997 година од кога Ла Лига брои 20 клубови, ниту еднаш не се случило некоја екипа да опстане во првенството со 35 освоени бодови, како што се случи годинава. Во Италија и Франција мора да се соберат повеќе бодови за опстанок.

Девет тренери за дванаесет години

Како што се најавуваше, Флорентино Перез и официјално соопшти дека Карло Анчелоти веќе не е тренер на Реал Мадрид. Рафаел Бенитез веројатно ќе биде десетиот стратег на Кралевите во последните 12 години.