Bookbox

Историја на вревата

Хилел Шварц, 64-годишен поет, историчар на културата и писател,е автор на обемната студија „Правење врева: од Вавилон преку Биг Бенг и понатаму". Во неа потсетува на едно интересно Здружение, формирано во Њујорк 1903. Претседател на еден од ограноците бил Марк Твен.

Така ми изгледаш мене

Бротиган сме го испочитувале и претходно - растроениот а толку лиричен американски писател, кој заслужува да биде познат исто колку Керуак или Буковски, а не е. Краток расказ за неговата љубена, од која е воодушевен исто колку и селанецот кога прв пат му вовеле струја. 

Филмска тема на денот

„Срам" е драма на Британецот Стив МекКвин за еден по малку чуден, навидум сосема зен лик, и неговата опседнатост со секс. Среде целата таа атмосфера на излегување на крај со сопствените демони, има една сцена која наводно е снимена без повторувања.

Снагатори со цицки

Една наша соработничка замери дека на сајтов нема доволно женски теми и ист таков сензибилитет. За да ја исправиме работата, Букбокс отвара посебна рубрика - женско ќоше - со такви типични, нежни, домаќински и женски теми. Првата: снагаторство.

Џони и неговото право

До сега се тужеше и судеше за неговата музика, и само беше прашање на време кога ќе изјави дека е злоупотребен и неговиот книжевен опус. Еве го - Штулиќ ја тужи белградската издавачка куќа „Плато" заради наводно кршење на авторските права.

2013: Oдисеја во дневната

Го запознавме во романот на Кларк, го гледавме кај Кјубрик, а сега може за 499 долари да си го имаме и дома. Кого? Па, Хал.

Антидот на културата на Гугл

Марија Попова и нејзиниот блог BrainPickings се фино освежување од доминантните содржини на интернет. Книги, уметност, наука, фино дизајнирано и читливо. Така мислат и 1,2 милиони читатели месечно. Еве што мисли таа.

Вистинскиот пијанист во „Љубов"

На моменти тешкиот филм на Ханеке го разбива убавата музика изведена од Александар Таро, кој во него се појавува во споредна улога на она што навистина и е - пијанист.

Голема ретроспективна изложба за Скорсезе

Во Музејот за филм и телевизија во Берлин вчера е отворена ретроспективна изложба посветена на Мартин Скросезе, за која режисерот прв пат ја има отворено неговата огромна архива.

Младиот Боуви

Во ноември 1970. Боуви му го напишал следново писмо на Боб Грејс, човекот со кого го потпишал првиот петгодишен договор, и на кратко му го раскажал дотогашниот живот. Имал 24 години.

Сизиф како скулптор

Мајкл Граб е балансер на карпи. Не, не балансира тој. Туку прави скулптури од карпи кои изгледаат како да се бетонирани, заварени или барем залепени едни на други. А не се.

Маркс да, Штајнбек не

Илјадници книги кои до сега беа забранети во Турција, благодарејќи на владина реформа, сега се тргнати од овој список. Ама...

10-те наци џез заповеди

Чешкиот писател Јозеф Шкворецки (1924) во новела под наслов „Бас саксофон" зборува за џез музиката за време на нацистичката окупација на Чешка и Моравија. Во тоа време бил тинејџер, имал свој бенд, а татко му му го купил првиот саксофон. Еве како требало да свири.

Климент и Наум од Хрватска

На патот Мостар-Сплит, кај местото Кочерин, на основното училиште се појавија кирилични букви, со висина од 1,4 метри, длабоко изрезбани во ѕидот. Србите веднаш кренаа паника - Хрватите сакаат да им ја земат кирилицата! Нас за среќа никој не нè спомнува.

Книжевни графити

Од Њујорк до Ереван, луѓето читаат, имаат книжевни херои, и сакаат истото да го соопштат преку ѕидовите на нивниот град. Има ли некој ваков кај нас?

Млеко збогатено со витамин ДО

Во момент кога речиси секаде во Европа институциите од областа на културата имаат проблем да преживеат, Дортмундската филхармонија, која редовно кубури со публика, се досетила на одлично решение - млеко добиено од музикални крави!

Буковски како корпоративен инструмент на присила

Во паралелен универзум, моќните корпорации вршат притисок врз нивните вработени со тоа што по мејл им пуштаат - поезија. Еден таков случај пристигнува во ординацијата на д-р Остојиќ.

Три нови филмови за Џеф Бакли во 2013.

Иако не се одбележува некој посебен јубилеј, оваа година ќе се појават дури три биографски филмови посветени на овој прерано починат музичар.

Европа за информирани

Германскиот поет и преведувач, добитник на Златниот венец во Струга, применувајќи го Сократовиот метод (јас те прашувам, а ти одговори си сам), преку оваа симулација на квиз за ЕУ поставува куп клучни прашања за нејзиниот сегашен статус, смисла и иднина. 

10-те новогодишни ветувања според Дилан

Oд 2006-2009. Боб Дилан ја водел емисијата Theme Time Radio Hour на Sirius Satellite Radio. Во една од новогодишните емисии ги прочитал најчестите ветувања кои самите на себе си ги даваат Американците на почетокот на новиот циклус.

„Каде е бре тој гребен?“

Новиот список зборови кои би требало да се исфрлат од англискиот заради погрешна или претерана употреба е прилично долг. Предничи „фискален гребен", но на него се најде и еден во принцип убав збор.

U2 - New Year's Day

Сè е тивко на Нова година
светот во бело си тера по свое
Сакам да бидам со тебе дење-ноќе,
ништо не се менува на Нова година.

Дестинација од вашите кошмари

Во екот на рекламирањето на идеални места за да ги минете празниците, Економист во божикното издание излезе со необичен предлог: а зошто не би го посетиле - пеколот? Според описот во нивниот водич, таму е топло, (пеколно) забавно и полно со славни фаци.