Атеизмот како феномен некако го поврзуваме со христијанството и генерално со монотеизмот, како претходно да немало луѓе што не верувале во натприродни сили, Бог или богови. Една нова книга се однесува токму на тие предхристијански атеисти.
Иако изгледа како мала работа, ставањето акцент, дури и тој еден што најчесто се користи во македонскиот, знае да биде многу досадно за некој којшто произведува текстови секој ден. Сме се фатиле како наместо сè пишуваме „сето тоа" само за да го одбегнеме. Ако вака снеможуваат и најагилните во македонскиот, што останува за просечните Французи?
Денес да ти било Фејсбук „ден на пријателството". Макар и по тој глуп повод, еве уште една приказна на оваа тема, во продолжение на онаа денешната за Херцог и неговата менторка.
Соочен со вестите дека неговата филмска менторка и пријателка Лоте Ајснер е тешко болна и хоспитализирана во Париз, славниот германски режисер во ноември 1974 одлучил да направи еден симболички гест - да појде пешки да ја види, како жртва во име на нејзиното спасување.
Големите светски медиуми си имаат свои стилски прирачници - водичи за спелинг, граматика, интерпункција и секакви други дилеми кои би можеле да ги имаат луѓето кои пишуваат за нив. Дали Белата куќа твита или постира твит? Дали се пишува Мартини или мартини? Кои се политички коректни термини за именување на различни маргинализирани групи?
Во комплициран предизборен процес којшто на крај успеавме да го сфатиме објаснет преку Лего, Берни Сандерс за ептен малку загуби од Хилари Клинтон во Ајова. Но затоа многумина добро го запамтија неговиот говор по објавувањето на резултатите, и тоа најмногу заради музиката со којашто заврши.
Пред некој ден беше организирана собирна акција за библиотеките по нашите затвори. Би било интересно да дознаеме што од собраното најмногу ќе се бара, и колку затворениците воопшто сакаат да читаат по нашите КПУ. До тогаш, еве како стојат работите во Хрватска.
Пет години пред да ја добие Нобеловата, Бекет решил да се проба на полето на филмот. Откако не успеал да го убеди Чаплин, се обидел кај уште една легенда на немиот филм, Бастер Китон. Овој најпрвин одговорил со само еден збор - „не".
Викендов беа доделени наградите на фестивалот Санденс. Онаа на публиката и на жирито ја доби „Раѓање на нацијата", којшто зборува за побуна на еден афро-американски роб во 1831.
Во декември 1950 Гатри потпишал договор за изнајмување новоизграден стан во Бруклин. На една страна на документот е авторот на „Оваа земја е твоја земја", химна на (замислената) рамноправност на сите што живеат во Америка. На другата страна е потписот на стариот на Доналд, Фред Трамп. Почудна комбинација, здравје.
Ако сте издавач во САД голема е веројатноста да сте бела, хетеросексуална жена, без физичка попреченост. Така барем велат резултатите од истражување кое на оваа тема се спровело прв пат, по нарачка на Lee&Low Books, издавач на детскa литература.
Го гледавте „Соба" и бевте потресени? Ајде сега нешто документарно, не за соба туку за стан, и не за едно дете и мајка, туку за шест и авторитарен татко.
Американците се толку отечени од моменталната претседателска кампања во земјата, што почнуваат да се сеќаваат на некои подобри времиња, кога во сето тоа имало и повеќе хумор и многу музика.
Кога пред три децении Ед Стили, кој денес има 85 години, почнал да изработува инструменти, всушност немал појма што прави. Немал никакво искуство ниту некој да го подучи, а богами немал ни материјали, освен остатоци од дрво од пиланата каде работел. Ама имал едно нешто што не се купува - верба.
Лиса Леви е сликарка, концептуален уметник, комичарка и самопрогласен психотерапевт. Нејзиниот најнов проект - седење два дена на клозетска шоља, како форма на протест против сето срање во современата уметност.
Целосниот назив на книгата за којашто станува збор е: „Магијата на к*р ме боли: како да престанеш да трошиш време што го немаш со луѓе што не ти се допаѓаат, правејќи нешта што не сакаш да ги правиш". Од одма препознавте дека таа е и за вас?
Лесно е да напишеш текст со ваков наслов, а притоа да си Американец, професор на Колумбија и лингвист кој генерално се радува на разновидноста на дијалектите, промовирајќи го тоа мноштво пред идејата за еден единствен монолитен „јазик". Кога би го напишал наш човек, тоа веднаш би звучело како негирање и на јазик, и на народ, и на куќен совет и на роднини до трето колено. А објаснувањето некако има смисла.
Спондилоза, сколиоза, мигрена, „карпал" синдром, заседеност, вертиго од постојано гледање во трепкачкиот курзор, мамурлук и стрес. Сето ова (а сигурно и повеќе) се професионални болести, дури и на остварените писатели.
Во 2008 Скарлет Јохансон го објави Anywhere I Lay My Head - нејзин деби албум кој содржи исклучиво кавери на песни на Вејтс. Уште во најава некои од нас (од чиста љубомора) го оценија проектот како арогантен, а Јохансон за добра актерка, која гребејќи се од музички пославните од неа сака да покаже дека може да биде и пејачка.
Х. Џон Бенџамин, гласот зад анимираниот „Арчер", со богата филмска и телевизиска биографија, има повеќе таленти. Но свирењето пијано не е еден од нив. Со само три часа вежбање, тој сепак успеа околу себе да собере познати музичари и да сними албум со прилично искрен наслов.
Колку различни предмети допирате во тек на еден час, или во тек на денот? Една фото-серија покажува не само дека се тоа многу предмети, туку и како тие се разликуваат од култура до култура