Bookbox

Дали љубопитноста е позитивно или негативно чувство?

„Љубопитноста ја уби мачката“, вели една англиска поговорка. Од друга страна недостатокот на љубопитност се смета за особина на мрзлив карактер, затворен за нови знаења и искуства. Ретко размислуваме за неа како за добра или лоша, и со право, затоа што љубопитноста е прилично комплексна работа.

Moра ли сексот да биде „жежок“?

Иако масовната култура, а особено порното, наметнуваат таков наратив, стварно не мора да бидете камшикувани, врзувани или атлетски ракувани за да кажете дека сте имале добар секс. Наспроти бркањето оргазми, може и малку гушкање.

„Црно огледало“ станува книжевна серија

Обично размената помеѓу книжевноста и кинематографијата оди во правец прво книга, после филм или серија. Во случајов е обратно - Black Mirror по три сезони и четвртата во најава ќе стане книга.

Дали ако цената на слободата е осаменост би ја платиле?

Нова книга на социологот Марк Регнерус од Универзитетот Тексас во Остин, под наслов „Евтин секс“, истражува како модерната дејтинг сцена е моделирана од тн. „сексуална економија“, теорија која на телесните општења на луѓето гледа како на пазар.

Како Ким Џонг Ун го збогати англискиот јазик

Во својот говор пред Обединетите нации во вторникот Трамп се закани дека „целосно ќе ја уништи“ Северна Кореа доколку САД бидат присилени да ги бранат своите сојузници. Следеше бура реакции, од кои најживописните навреди на англиски дојдоа од неочекуван извор.

Kaко звучат композициите на петгодишниот Моцарт?

Стар-мало со перика и кадифени костумчиња кое настапувало по замоците на 18-вековна Европа, Моцарт можел да отсвири сè што ќе се стави пред него. Но исто така и да компонира.

„Нрдлеска“ - нов вид театарска бурлеска

Нешто како фан фикција, ама во театар - бурлеската доживува ренесанса, но во нова форма, чија целна група се обожаватели на одреден филм или серија. Во Њујорк овој жанр е станат толку популарен, што во 2014 е организиран цел фестивал на „нрдлески“.

Без климатизери модерната економија не би постоела

Нова книга за најголемите изуми во историјата го објаснува револуционерното влијание врз економијата на 50 пронајдоци, меѓу кои ралото, бодликавата жица, хартиените банкноти и системите за климатизација.

„Приказната на слугинката“ не е предвидување - таа веќе се има случено

На овогодинешното доделување Еми, за многумина неочекувано, доминираше дистописката серија правена според роман на Маргарет Атвуд, која победи во пет од категориите. Често означувана како „научна фантастика“, таа е всушност спекулативна фикција, составена од работи кои историски веќе се имаат случено.

Нов јапонски тренд - правење домашни забави по западен терк

Јапонците сакаат да излегуваат со пријатели и да јадат по ресторани, но ретко канат луѓе дома. За земја којашто негува формалност во однесувањето, и во која просечниот стан е прилично мал по западни стандарди, ова е разбирливо. Ама таквата практика почнува да се менува.

Опасната историја на еден збор од англискиот

„Краен рок“ се употребува за датум или време до кое треба нешто да се заврши. На англиски - deadline - звучи многу позаканувачки. И навистина, историјата на зборот има врска со линија и умирачки.

Како највлијателниот јутјубер им прави услуга на радикалните десничари

Феликс Кјелберг, шведската јутјуб ѕвезда чиј прекар е ПјуДиПај, стана меѓународно познат со неговите видеа во кои игра игрици и ја критикува популарната култура. Додека и нашите деца го гледаат во хипнотички занес, политички влијателните алт-рајт тролови кои го поддржуваат преку него успеваат да допрат до огромен број млади луѓе.

„Бели луѓе“ е израз од 17 век?

Иако денес тоа ни изгледа очигледно, разликата помеѓу „белите“ и оние другите во расна смисла не постоела отсекогаш. Што е и некако логично знаејќи колку долго тие не доаѓале во допир. Концептот „бели луѓе“ всушност го измислил еден - белец.

100 години од "OMG!"

Колку и да звучи чудно, „О, леле Боже!“ (ОЛБ или OMG) не е измислено од некој роден во 2000-тите, или од твитерџија. Прв пат кратенката е употребена во септември 1917, во писмо упатено до Черчил.

Расказ за туѓата кожа

Веќе еден месец го чувам станот на Мила. Мал е, комотен како за еден човек, нов и со поглед кон Водно.

Џон Клиз: „Немам никаква надеж за иднината на човештвото“

„Живееме во доба на шупци. Тие раководат со сè’“, вели Клиз во ново интервју за Валчр, од кое пренесуваме делови.

Колку навистина се читаат политичките мемоари?

Вчера, 12.09, од печат излезе новата книга на Хилари Клинтон, „Што се случи“, која се однесува на последните претседателски избори во САД. Дали таа ќе влезе во пантеонот на големите политички мемоари или ќе биде уште една пост-политичка крава за молзење уште по некој долар, тоа е рано да се процени. Но она што е поинтересно е колку реално луѓето се интересираат за вакви изданија.

Вистинските бројки зад влијанието на владата на САД врз холивудската продукција

Нова книга покажува дека oткако постои американска кинематографија над 800 филмови биле видоизменети согласно барањата на американските владини агенции. И тоа е само дел од приказната.

Колку пати ракописот на Војнич ќе биде „конечно“ дешифриран?

На секои два-три месеца се појавува по некое ново тврдење за содржината на текст кој не е дешифриран со векови. Овој пат главни актери се еден историчар-аутсајдер и едно угледно книжевно списание. Спојлер: замислениот автор на кодираниот ракопис уште се смешка од некој ќош.

„Кралот на трутовите“: откриен нов расказ на Вонегат

Во 1950 Курт Вонегат напишал краток расказ кој никогаш не бил објавен. Повеќе од 60 години подоцна, уредници на нова збирка од негови дела го откриваат копајќи по стари документи. Неговиот наслов - „Кралот на трутовите“.

Невреме, молњи, суша, кал: природните појави и книжевноста

Со глобалното затоплување присуството на фиктивните (а толку реални) суши, урагани и поплави во книгите најверојатно ќе се зголеми. Еве од кои претходни дела кои зборуваат за временски (не)прилики би можеле да се инспирираат.

Како да визуелизираш звуци со ајфон?

Апликациите за аугментирана реалност главно се користат за комерцијални цели. Иако се скапа „играчка“, има и ентузијасти кои ја користат експериментално. Во овој случај за мапирање и визуелизација на звуци во простор. Следниот пат кога ќе ви дојде да му се издерете некому помислете како тоа изгледа, не метафорично, туку реално.

Македонските интелектуалци наспроти „простите“

Денес, кога славиме 26 бурни години независна Македонија, човек ќе си рече дека тоа е кратко време за градење на некакви цврсти колективни ставови кон што и да е. Но дека таков консензус по некои прашања сепак постои, и дека тие се и со многу подлабоки корени, покажува оваа народна приказна, чија експериментално изведена поука е: не биди глуп да бидеш интелектуалец. 

Облека за деца што „расте“ доби награда за најдобар студентски дизајн

Оние кои се доволно наивни (и богати) да купуваат купишта облека за мало дете, знаат колку брзо таа бива надрасната, и колку е поисплатливо да размениш или да позајмиш. Но еден нов дизајн ветува дека некоја идна облека ќе може да се носи дури четири детски години, затоа што нејзините димензии можат да се менуваат за шест броја.