Bookbox

Апаратот кој може да регистрира што си зборувате во себе

Не сме баш сигурни дека би сакале да го употребиме. Ама па можеби би слушнале нешто важно, што инаку го пропуштаме, додека не се слушаме себеси.

Хиперсвесните се меѓу нас (само се кријат)

Ова го тврди Нил Бартон, психијатар и филозоф, чија најнова книга носи наслов „Хиперсвесност: мислење кое го надминува мислењето“. A зошто некој хиперсвесен би се криел? Па затоа што е...свесен!

Бремената маркиза која починала преведувајќи го Њутн

Имала 42 години, била трудна со четвртото дете од љубовник-поет, а за свое животно дело го прогласила преводот од латински на „Принципите“ на Њутн. Толку напорно работела, што не дочекала да го види објавено.

Kако настанала точка-запирката?

Хибридниот знак, љубовен спој помеѓу точката и запирката, е резултат на период кога не постоеле интерпункциски правила, и секој можел да си измислува, додава и брише знаци кои му се допаѓаат. Ама таа е еден од ретките кои преживеале до денес.

„Гамбија е милина од земја“

Со Александар се запознавме преку Букбокс, од време на време знае да испрати некој интересен линк или да отпоздрави од некоја далечна земја. За последнава од која се јави се фативме дека не знаеме ама баш ништо. И ете повод за интервју-репортажа, за дестинација која звучи идеална за посета некаде од октомври, кога кај нас ќе фатат тоа загадувањето и маглите. 

Потеклото на изразот „земи или остави“

Се вика „Хобсоновиот избор“, но се состои од понуда на само едно нешто. Бидејќи може само да се одбие да се прифати она што е понудено, опциите се сведуваат на тоа нештото да се земе, или да се остави.

Неимар на зборот: 200 години од раѓањето на Херман Мелвил

Вчера, 1.8, се одбележаа два века од раѓањето на авторот на најзначајната, а најретко читана книга на англиски. Наречена е „Монт Еверест на книжевноста“, но не заради големиот број страници (такви обемни книги има многу), туку заради тоа што нејзиното исчитување станува поход до самиот себе - борба со сопствените демони, бури и китови.

Борис од „Само“: „Друштвените игри се далеку од (само) игри за деца“

Борис е дел од екипата зад местото каде може да редите кула од „Џенга“, да погодувате имиња на шпиони во „Коуд нејмс“ или да развивате цели цивилизации во „7 вондерс“. Да играте со познати, или преку играње да се запознаете со непознати. Да се дружите, затоа што тоа и е поентата на ДРУШТВЕНИТЕ игри.

Јувал Ноа Харари се согласил на цензура на рускиот превод на неговата нова книга

Наместо Путин, главен „зликовец“ во руската верзија станал Трамп. Плус без знаење на авторот се променети и некои битни термини. Сепак тој деновиве е под остра критика на јавноста што се согласил на каква и да е адаптација под притисок на руските цензори.

Вистинското потекло на скечот со кора од банана

Лизгањето на банана е класичен скеч од оние црно-белите комедии. Но тој има реална историска основа, поврзана со време кога фрлените кори по њујоршките улици биле кошмар за неговите жители.

Цртежи направени со трчање (+aпдејт)

Лени Моган ја претвора својата трчачка патека во слики, одбирајќи патишта кои кога ќе се видат на мапа даваат разни облици.

За среќа е потребен муабет со непознат

Знаеме дека ова звучи „коељовски“ и тешко применливо во реалноста. Ама пак можеби токму во ваквите кратки средби и размени лежи клучот за психолошко преживување на големите приказни - малите муабети, со непознати.

Роботчето што живее во библиотека

Зимово ентузијастички напишавме дека на одмор ќе одиме во новоотворената библиотека Ооди во Хелсинки. Како што стојат работите, најверојатно ќе завршиме во „Другарче“. Ама па затоа можеме да продолжиме да читаме што се случува во неа.

Tеатарска претстава за тоа како е да се работи во магацин на Амазон

Врз основа на сведоштва на анонимни работници, нова претстава истражува како е да се работи во најбогатата компанија на светот.

Што точно се подразбира под „болест“?

Дали во последно време сте забележале дека по секој преглед (особено во приватни медицински установи), иако можеби добивате слични резултати од испитувања како порано, вредностите поинаку се толкуваат?

Сте за летување на Остров на идеите?

Сè што треба да направите за следното лето е да аплицирате кај сопственикот со своја креативна идеја. А тој ќе одлучи дали таа заслужува една недела на ваков остров. 

Документарец за чудниот звук што го слушаат 2% од луѓето

Нам откако дознавме за ова некако ни олесна, дека не станувало збор за звуци во нашата глава, туку за признаен феномен. Ако сте меѓу оние кои го почувствувале, добредојдовте во клубот.

Летото е идеално време за „никсен“

Имавме слушнато за данското „хиге“, она кога си седиш дома и толку ти е фино и удобно што никаде не ти се излегува. Швеѓаните пак го имаат „лагом“ - концепт кој советува на сè во животот да му се пристапува со умереност. Но сега во тренд е холандски збор, кој означува правење н-и-ш-т-о. Лајк.

Изложба која замислува како би продолжил да еволуира живиот свет по еколошка катастрофа

„Повторно пошумување на имагинацијата“ користи виртуелна реалност за да покаже кои нови растенија би можеле да се појават по уништувањето на сè живо на земјата.

Дали придавките можат да го сменат светот?

Едно општество може да се бори против климатските промени со скапи и радикални мерки - наметнување даноци, менување закони, драстични казни за загадувачи. Но исто така може да се навикне поинаку да зборува за фосилните горива, што нема магичен ефект, но индиректно влијае врз промената на погледот на работите. 

Најпребарувани англиски зборови онлајн: расизам, ксенофобија, концентрациони логори

Поентата на текстот е поинаква, ама нам ни е крајно интересна врската помеѓу настап на политичар и број на пребарувања во речник. После настапите на нашиве единственото низ што ти иде да пребаруваш е шкафчето со апчиња за смирување.

Големите мајмуни сакаат да гледаат филмови во друштво (исто како и ние)

Откако гледале видео клипчиња во група, шимпанзата биле подруштвени во споредба со оние кои гледале филмови сами. Нашата прва мисла: се скарале ли околу пуканките?

Кога експлодирала бомба на концерт на Луј Армстронг

Помеѓу своите колеги Сачмо бил познат како прилично умерен во изјавите кога станувало збор за расизмот. Си ја гледал работата и дувал во трубата, но главно не коментирал околу вакви теми. Сè до моментот кога на негов концерт пред салата не експлодирала бомба.

Сем Харис и Рики Џервејс: „За да водиш оркестар мораш да ѝ свртиш грб на публиката“

Најнова епизода од подкастот Making Sense, во која неговиот автор Харис разговара со секогаш лежерниот, отворен и луциден Џервејс. Два саати фин муабет, како да ви се на маса.