Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Руни му пишувал на идолот Данкан Фергусон во затвор а овој му одговарал

Легендарниот шпиц на Евертон, Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Вејн Руни во шоуто именувано според него, заедно со ко-водителите Кели Сомерс и Кае Курд од 15-ти август наваму раскажуваат интересни случувања од и надвор од фудбалските терени. Руни сега откри неколку анегдоти од неговата рана младост.

Страшната контра на тетовци во три потези

Фудбалерите на Шкендија го изненадија Слован Братислава со триумф од 2:0 во Конференциската лига. Погледнете го вториот гол. Што би рекол Калински од молскавична акција. Со три пасови од гол до гол. Стрелец Себастјан Спахиу.

Меси добива статус на божество во Индија

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, Аргентинецот Лионел Меси кој во 2022 стана светски шампион со својата Аргентина, ќе добие голема статуа во индиската држава Западен Бенгал. Се очекува Меси да присуствува на отворање на церемонијата по повод поставување на овој голем споменик кој со 20 метри ќе биде највисок споменик на некој спортист на светот.

Селекторе, а да влезеш во игра?

Селекторот на Мароко, Тарик Сектиуи веќе 14 години е во играчка пензија. Или не? Подајте му ја, па ќе го видите во Зидан издание и тоа со кондури и одело.

Кој е кој во автоголов?

Порто го совлада Малме во Лига Европа со 2:1. Конечниот резултат беше решен во 95-та минута, откако домаќините си постигнаа автогол. Ама на прва овде не се сфаќа баш, кој пие, кој плаќа. Куса, динамична и хаотична ситуација.

Меѓународниот олимписки комитет им дозволи настап на младите руски олимпијци

Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) донел одлука да се олабават рестрикциите кои ги имаат младите руски и белоруски спортисти.

Притисокот на Џуд 180 со 100

Тагнете другарче на кое му се дига притисокот од возбуда. И колку покажало апартчето до сега?

Супер голчиштето на Миовски со акробација

Бојан Миовски се отвори со ептен јака завршница на мечот против Ференцварош на гости. По двата гола во првенство, македонскиот напаѓач се истакна со ножички во Лига на Европа и со тоа ја продолжи голгетерската форма. За него ова е петти гол сезонава во дресот на Глазгов Ренџерс. Еден од нив му е во Лига Купот и три во шкотскиот шампионат. Унгарците за жал го свртеа мечот на конечни 2:1.

Рајан Черки со врвни дриблинзи во Офсајд уште од дете

Манчестер Сити летоска вложи 36 милиони евра во играч која допрва ќе блеска и веќе растура. Двајца, па и тројца не можат да излезат на крај со него. Прашајте ги Рудигер и Валверде.

Мајтап на Халанд со Карагер во студио

Џејми Карагер долго време беше капитен на Ливерпул, важеше за просечен бек без некоја значителна кариера па оттаму многу активни фудбалери во Премиер лига му се накострошени зошто често критикува и плука по многумина. Затоа Ерлинг Халанд синоќа откако го суреди Реал Мадрид (1:2) во Лига на шампиони во јавување во живо во студио рече: „Малку сум нервозен кога го гледам Џејми Карагер во студио. Тој е како репетирана пушка да распали“.

Кога на Модриќ му се јавиле од Франс Фудбал за Златната топка

За хрватскиот доктор со топка, 2018-та е врвот во кариерата со куп награди. Ги спои најважните три: Играч на годината во изборот на ФИФА, најдобар играч на СП 2018 и Златна топка. Кога му се јавиле за последнава, не им кренал од возбуда.

Публика каква што Баку не видел

Со оглед на оддалеченоста на главниот град на Азербејџан, Баку од главните европски фудбалски метрополи, овој град ретко кога има прилика да види бројни и гласни фудбалски навивачи. Ајакс синоќа гостуваше таму, победи 2-4 после голем пресврт а околу 3-4.000 навивачи дојдени од Амстердам направиле шоу кое редарите никогаш не го виделе.

Неубави сцени во Битола, девојче со крв на лице ја напушти салата

Дерби е дерби кога се во прашање дуелите меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар и тие секогаш носат тензија и набој, ама треба малку да се вклучи и мозокот. Читател ни прати видео од раскрвавено девојче, удрено со монета која долетала од секторот на Комитите.

Го запалиле стадионот, ама буквално

Валкеакоски е градче на 150 километри северно од Хелсинки. Има 20.800 жители. Главен фудбалски клуб од овој град е Хака која со дури 18 порази и освоени мизерни 17 бода на 27 натпревари, испаднала во втора лига.

Другар, поздравот на Хитлер е со десна рака

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт демонстрираа агресивно однесување на гостувањето против Барселона во ЛШ. Еден од домашните навивачи се обиде да ги провоцира со препознатливото нацистичкото салутирање на Адолф Хитлер, ама ја промаши раката.

Кој би рекол дека Леброн има 40 години? Потресно забивање на Џејмс

ЛА Лејкерс неочекувано изгубија убедливо од Сан Антонио Спарс 132:119 и покрај тоа што „мамузите“ играа без својот најдобар играч и лидер Виктор Вембенјама кој поради повреда паузира неколку дена. Лука Дончиќ уфрли 35 поени со осум скока и пет асистенции, Маркус Смарт имаше 26 поени а Леброн Џејмс запиша 19 поени со 15 скока и осум асистенции. Имаше и едно стравично забивање преку противнички играч.

Досетка на Жозе на тема Скот Мектоминеј

Мурињо на пресот на Бенфика после триумфот над Наполи се појавил со торба. Новинарка го прашува што носи во торбата, а тој во негов стил, секогаш знае како да врати и да извади изјава за насловна.

Комична ситуација - Арда Ѓулер го чуваше Халанд

Во дербито на вечерта во Лига на шампиони, Манчестер Сити со 1-2 го совлада Реал Мадрид на гости и освои три златни бода за пласман во следната фаза. Ерлинг Халанд го реши дуелот со гол од пенал а во еден момент на корнер земал да го чува Арда Ѓулер, 20 сантиметри понизок од норвешкиот џин кој симпатично се насмеа.

Рајан Черки му го испи мозокот на Рудигер, а Валверде го снема од кадар

Манчестер Сити го доби Реал Мадрид на гости 1:2, а Рајан Черки ја освои тешката тврдина Сантијаго Бернабеу на свој начин. Погледнете ја оваа немоќ на Рудигер и Валверде.

Триумф на Пелистер над Вардар за уште поинтересна сезона

Пред полна сала „Боро Чурлевски“ во Битола, домашниот Еурофарм Пелистер го совлада РК Вардар 1961 28-23 (13-10) во рамки на 15. коло од македонската Суперлига. Најефикасен и најдобар играч на мечот беше Србинот Богдан Радивојевиќ со 9 гола од 9 обиди. Блескаше и иранскиот голман кај зелено-белите Саид Хаидаридад со 12 одбрани а капитенот Филип Кузмановски постигна шест гола. Кај Вардарци Урош Митровиќ и Украинецот Хориха постигнаа по пет погодоци.

Чкембари бегаа од Комити среде Битола

Еурофарм Пелистер го доби дербито против Вардар со 28-23 во 16. коло од Суперлигата. Најефикасен во таборот на актуелниот шампион на Македонија, беше Богдан Радивојевиќ со 9 голови, додека голманот Хаидаридад имаше 11 интервенции. Вардар останува прв со 30 бодови, на +2 од битолчани. Чкембари ги нападнале Комити само што пристигнале, но овие им се противставиле и почнале да ги бркаат на нивен терен.

Страшните голови на Мадуеке и Мартинели во Бриж

Арсенал обезбеди пласман во следната фаза од Лига на шампиони откако синоќа со 0-3 многу лесно се справи со Клуб Бриж. На гостувањето во Белгија два страшни погодоци дадоа Нони Мадуеке и Бразилецот Габриел Мартинели.

Дечки, не е таа химна од Лига на шампиони

Виљареал загуби дома од Копенхаген со 2:3 во 6. коло од Лига на шампиони, ама они изгледа мислеле дека во четврток играат и ја пуштија химната од Лига Европа.

Халанд, Гвардиола и Сити го освоија Мадрид

Родриго даде гол после 32 натпревари без погодок. Дваесет годишниот врвен талент на Сити и англиската репрезентација Нико О'Рејли израмни на 1-1, а Ерлинг Халанд од пенал ги постави конечните 1-2 за Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“. Сите три гола паднаа во прв дел. Јуве го совлада Пафос, Дортмунд одигра 2-2 против Бодо Глимт, а Елмас и Наполи изгубија од Бенфика.