Offside

По Мексико и САД како домаќини на Светско првенство 2026 се пласираа во следната фаза. Американците вечерва ја совладаа Австралија со 2-0 со автоголот на Камерон Бергес во 11-та минута и голот на Алекс Фриман во 43' минута.

Махериште на колото за 577.000 денари

Одиграл четири утакмици со големи коефициенти од кои две му ги дава во судиско. Феенорд израмни на 2:2 во 93-та минута, а Ајнтрахт во 94-та исто за 2:2. Што ти е спортска среќа.

17-годишниот Теодор Симиќ е новиот бисер на македонската кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација во ослабен состав без своите најдобри играчи не можеше да ѝ пружи голем отпор на моќната Шпанија кој славеше убедливо во Скопје 65-94 во квалификациите за Светско првенство.

Зошто Левандовски ја заслужува Златната топка за 2021?

Роналдо ја освои пет пати, Меси шест пати и многумина мислат дека им се доста, односно дека има и други момци кои треба да ја освојат. Како на пример Роберт Левандовски, човекот кој стана асоцијација за гол. Дефинитивно ова е негова година.

Не баш пријатно вклучување во живо на италијанска новинарка

Не станува збор за славната Дилета Леота, туку за нејзината колешка Грета Бекаља која известуваше од мечот Емполи - Фиорентина. Се најде во друштво на најгневните гостински навивачи од поразот.

Жестока дебата меѓу Рој Кин и Карагер: Зошто Роналдо останал резерва на клупа?

Двете легенди на Премиер лигата, Рој Кин, некогашниот лидер и капитен на Манчестер Јунајтед и Џејми Карагер, поранешен капитен на Ливерпул работат како стручни коментатори за „Скај Спорт“.

Играч на Трабзон се надмина себе си пред гол

Обагејанг не си сам викендов, не се секирај, имало и бетер од тебе, најбетер за ова коло, па и месецов, кој сигурно ќе конкурира за утка на годината во Турција. Ентони Нвакаеме веројатно знае дека голот е широк 7,3 метри, само уште да најде начин како да го погоди.

Сте го виделе ли чистачот на паркет од Африка?

Антонио Ван-Дунем или попознат како Тој Лимпа е лик од Африка кои со начинот на кои ги брише и чисти кошаркарските паркети стана светски познат. Кога на пауза или некој прекин тој излегува на паркет, за момент застануваат и тајм-аути, го следат и играчи и тренери и навивачи.

Голманот на Иран и Боависта и официјално влезе во Гинис за најдолго фрлање топка со рака

За него се вели дека како дете бил многу добар во традиционална иранска игра со фрлање камен, иако ние мислиме дека има вежбано и со ѓуле.

Голем хаос во Солун на дербито ПАОК - Арис

Во 11. коло од грчката Суперлига се судрија големите градски ривали од Солун, ПАОК и Арис. Гостинските фудбалери одиграа подобар фудбал и во 42’ минута од мечот поведоа со 0-1 со голот на Даниел Мансини. Ама следеше позната епизода од грчките стадиони.

Наполи откри два реалистични споменици за Марадона и во дресови со неговиот лик го растури Лацио

Кога е нешто во знак на Марадона, Неапол е обединет, силен, моќен. На 25.11.2020, четири дена по смртта на Диего Марадона Наполи ја декласираше Рома со 4:0. Сега, три дена по годишнина од смртта на стадионот „Диего Марадона“ го суредија Лацио со 4:0.

Случка во норвешкиот фудбал каква што немало досега

Во финишот од норвешката фудбалска сезона играа Кристијанстуд и Викинг. Гостите победија 2-3 а пред крајот од мечот се случи една многу чудна ситуација. Само што Бјерсхол го даде победничкиот гол за гостите, изби турканица меѓу голманот на Викинг Патрик Гунарсон и неговиот соиграч од среден ред Словенецот Давид Брекало. Во еден момент голманот Гунарсон одглуми дека бил удрен и падна а Брекало доби црвен картон од судијата.

Моќна најава за битката Италија - Македонија

Средбата вредна финале во бараж за Светско е закажана за 24 март, најверојатно во Рим, но нашето пријателче кое редовно ни праќа јаки видеа со македонска спортска содржина, веќе скоцка убава најава. Ја грмнал македонската химна на Олимпико. Морници. Едвај чекаме.

Винисиус, дрско и бомбастично

Реал Мадрид се избори за голема победа со пресврт против незгодната Севиља и со тоа ја задржа предноста на лидерската позиција во Ла Лига. Голгетерското темпо со Бензема кој го постигна погодокот за израмнување, го држи заедно со него и Винисиус кој со бомба во финишот ги постави конечните 2:1.

Малиот навивач кој се појави со парола за Пандев и Нестор

На мечот Удинезе - Џенова се појави транспарент на кој дете со својот татко им дава поддршка на двајца играчи од две различни екипи, Горан Пандев и Илија Несторовски.

Обамејанг друже, што направи?

Скоро 300.000 евра му е плата. Неделно.

Дејверон од Палмеирас е врвот за глума во фудбалот

Мислевме дека сме ги виделе сите можни смешни или патетични обиди за да се дојде до еден фаул или фаул за пенал, ама ќе се појави некој ваков лик и ќе те демантира. Го имаме херојот на колото, кој истовремено е и тежок пациент.

Виница на полувреме

ФК Слога 1934 од Виница против ФК Локомотива 2018 од Градско, македонска втора лига. Викенд е време за фудбал, а фудбалот е забава. Само весело дечки и честитки за победата и првото место.

Спремни за Италија? Спремни

Не дека за смеење е работава, нормално дека сакавме полесна ждрепка, ама па Пикси го слушнавте што кажа „Што Португалците крилја да не имаат“? Па ајде и ние со таков став, баш како соседите и објавата на нивната најпопуларна Фејсбук страна за нас.

Малиот ја добил битката на Енфилд, се појави видео од друг агол

На мечот Ливерпул - Порто во средата, на терен се случи една необична брканица во која редарите бркаа две мали деца, кои храбро и пожртвувано се симнаа во лов на топката. На крајот победија со одлична поддршка од трибина.

Џани Инфантино е ова или Чиро Имобиле?

Првиот човек на ФИФА изгледа од 11 метри го копира напаѓачот на Лацио, кој два пати даде ваков гол против Локомотив Москва во Лига Европа. Силна и ниска по страна, да не може да ја фати.

На Матеус му зариба топчето кога ја влечеше Македонија

„Не сакаат да играат“, рече водителот додека германската легенда Лотар Матеус се мачеше да го отвори топчето од каде се појави Македонија, која налета на немилосрдна ждрепка.

Што рече селекторот на Италија за Македонија?

Предводникот на златната генерација италијански фудбалери кои минатото лето блеснаа во полн сјај и среде преполн „Вембли“ во Лондон ја победија Англија и станаа европски шампиони, имаше пофални зборови за нашата репрезентација.

Пеколно тешка ждрепка за Македонија на патот до Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација во март следната година ќе гостува кај европскиот шампион Италија во полуфинале на баражот, плејофот за пласман на Мундијалот во Катар догодина.

Боксерски тренинг на суво со 300 на саат

Сè што треба да знаете за дечково е дека се вика Теофимо Лопез, има 24 години и е светски шампион во лесна категорија. Другарите го викаат Спиди Гонзалес и кога играле баскет како деца во маало, сите сакале да бидат од негова.