Пред три сезони Ајнтрахт стигна до полуфиналето во Лига Европа и беше елиминиран од Челси, но сезонава конечно се израдуваа на финале кое го чекаат 42 години.
Последното и единствено финале во ова натпреварување кое тогаш го носеше името Куп на УЕФА го остварија во 1980-та година и го победија и ја победија Борусија Менхенгладбах.
Имаа и едно во Лига на шампиони, од 1960-та, но тоа го загубија со 7:3 од Реал Мадрид, резултат кој се уште е рекорден во елитното натпреварување. Хет-трик на Алфредо Ди Стефано и четири гола на Ференц Пушкаш.
Оваа сезона во Лига Европа незгодниот Ајнтрахт е непобедлив. Групната фаза ја заврши прв со 3 победи и 3 нерешени во друштво на Олимпијакос, Фенербахче и Антверп, а во нокаут фаза ги елиминираше Бетис, Барселона и Вест Хем.
Навивачите синоќа против гостинот од Премиер лигата кој го победија 1:2 па 1:0, направија спектакуларна атмосфера, а на крај не издржаа да не направат инвазија на терен.
Кој знае што ќе биде на финалето на 18 мај во Севиља со оваа армија која оди на гостувања во бројка по 30.000.
Што твитна админот на крај.
Sevilljaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa! Wir kommen 🥳
— Eintracht Frankfurt (@Eintracht) May 5, 2022
–––––
⏹️ 90. | #SGEWHU 1:0 | #SGEuropa pic.twitter.com/S1OxVxO4AO