Она што го прават навивачите на Ајнтрахт Франкфурт веќе е на широко познато во Европа. Каде и да игра нивниот тим на континентот, тие одат во многу сериозни бројки по 10-20.000 луѓе. Пред пар недели го запоседнаа буквално цел „Камп Ноу“ и издоминираа во триумфот на Ајнтрахт над Барселона, а сега го освоија и Лондон. Победа на терен 1:2 (првиот гол во 48 секунда), победа на трибини.
Интересно, првиот меч од другото полуфинале исто го доби германски тим. РБ Лајпциг го совлада Ренџерс со 1:0 и на прагот е Лига Европа да има сегерманско финале.