Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Ристовски: Македонско сонце го огреа светскиот фудбал, ние сме шампиони на срцата

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација им се заблагодари на навивачите за поддршката и испрати порака дека треба да и се верува на оваа селекција. Под постот му се обрати и Бруно со кој останаа другари од Спортинг.

Сеќавање на сите култни топки од сите Светски првенства

Светското првенство во Катар е сè поблизу. Во среда гигантот adidas го промовираше официјалниот фудбал со кој ќе се играат натпреварите на Мундијалот. Се вика Al Rihla, во превод од арапски - патешествие.

Шармантната Турчинка која му правеше интервју на Пандев, го облече дресот на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација едно време не можеше една трибина да наполни на Градски, а сега има поддршка од сите страни. Убаво е чувството кога ќе видиме како некој од надвор и се радува и ја бодри.

Интересна средба на српскиот и хрватскиот селектор

Во Доха (Катар) во петок од 17 часот ќе се извлече ждрепка за групите на Светско првенство 2022. За таа прилика селекторите на сите пласирани репрезентации се собраа во земјата домаќин. Фин муабет имале предводниците на Србија Драган Стојковиќ - Пикси и Хрватска Златко Далиќ.

Потег на Лука Дончиќ со кој исмеа противнички играч

Еден од најдобрите кошаркари во НБА, синоќа го водеше својот Далас до нов триумф, овојпат кај Кливленд Кавс со 112:120. Маверикс се на одлично место кое сигурно води во плејофот. Дончиќ имаше 35 поени, 9 скока и 13 асистенции. Имаше и еден потег со кој зашемети еден противнички играч.

На мечот со Македонија, две навивачки побараа сперма од Роналдо

Фановите од супер ѕвездата обично бараат автограм, селфи или дрес, ама овие две Португалки влегоа малку во длабокото. Инаку Роналдо има четири деца, а Георгина е трудна.

Пандев му врати на Панчев

Непотребна размена на зборови преку медиумите на двете македонски легенди и поранешни играчи на Интер. Прв почна Дарко Панчев.

Што сè успеа да направи Македонија во изминативе 17 месеци?

Од Тбилиси до Букурешт, а потоа од Скопје, Дуизбург, па до Палермо и Порто и на само 90 минути до Катар. Изгинаа за дресот, ја сплотија нацијата и натераа да ги гледаат и луѓе кои не пратат фудбал. Тим за гордост.

Фудбалот во една фотографија

Камерун на луд начин се пласираше на Светско првенство во Катар. Иако пред неколку дена изгубија дома 0-1 од Алжир, синоќа на реваншот победија идентично 0-1 со гол на Ерик Шупо-Мотинг па мечот отиде во продолженија. А таму прво на Алжир му поништија чист гол, па Ахмед Туба во 118’ минута израмни на 1-1 и кога домаќинот само неколку секунди го делеа од Светско првенство, Карл Токо Екамби од Лион дава гол за 1-2 во 120+4’ минута.

Дресот на Роналдо од мечот со Македонија заврши во најсигурни раце

Најдобриот португалски фудбалер беше добро покриен од нашите одбранбени фудбалери, но и покрај тоа што не даде гол, му асистираше на Бруно Фернандеш за првиот гол на мечот. Кристијано после средбата објави дека Португалија се пласирала таму каде што реално припаѓа, а дресот после натпреварот со Македонија го даде на неговата најдрага личност.

Легендата со тапанот во Букурешт беше и во Порто

И покрај тоа што се појавија скаперници кои за чартер без спиење, ги одраа македонските навивачи со по 500 евра, верноста на нашите јунаци и овој пат не изостана од трибини. Царот кој го дупна тапанот за Македонија на Европско, а потоа обезбеди нов, ги бодреше фудбалерите и во Порто.

Нова будалаштина на Ник Кирјос, го пцуеше судијата

Или мислат дека е забавен и привлечен за публика што е вака прост, или го држат намерно за со ексцентрични испади да го прави тенисот погледлив. Трето нема. Сега направи глупост на мастерсот во Мајами каде после поразот 2:0 во сетови од Јаник Синер го пцуеше судијата и не се поздрави.

Горан Пандев им се обрати на другарите

Македонија заслужено една недела беше главна тема во најголемите спортски медиуми во светот. Дечките одиграа храбро и оставија пример за тоа како се носи репрезентативниот дрес. На тоа им честиташе и нивниот доскорешен капитен и вистинска легенда.

Роналдо испрати порака по триумфот над Македонија

Кристијано Роналдо со Лионел Меси влегоа на вечната листа на фудбалери кои играле (обезбедија пласман) на 5. Светски првенства. На оваа листа се само уште Лотар Матеус, Мексиканците Рафа Маркез и Антонио Кабрахал и Џанлуиџи Буфон.

Нигерија не оди на Светско првпат после 16 години, навивачите го демолираа стадионот

На фудбалските натпревари во Африка, особено на оние со масовни посети често доаѓа до слаба организација на редарски служби и безбедност, па неретко се гледаат и трагични сцени од стампеда. Синоќа на овој континент се одиграа 5 исклучително важни реванши за пласман на Светско првенство.

УЕФА ЕУРО 2024: Патување на кое треба да бидете горди од срце

Твитер профилот на Европската куќа на фудбалот наменет за следното ЕП, кој го следат над 3 милиони луѓе испрати кратка и многу реална порака до Рики и другарите.

На Салах му светеа со безброј ласери додека шутираше пенал за Светско

Синоќа ширум светот покрај мечот на Македонија со Португалија, се одиграа и други исклучително важни натпревари за пласман на Светско првенство. Едно дерби одиграа еден против друг соиграчите од Ливерпул, Салах и Мане.

Преубав гол на Кристијан Ериксен на истиот стадион каде му се случи драма

Репрезентацијата на Данска игра фантастичен фудбал и би можела да биде една од селекциите кои ќе се борат за сама завршница на Светското. Синоќа со 3-0 во пријателски меч ја совладаа Србија а гол даде и капитенот и повратник Кристијан Ериксен кој распали од далечина во негов стил. Мајстор. 

Македонската химна од навивачки агол

Над 1.000 македонски грла на стадионот Драгао во Порто во натпревар, кој да потсетиме беше финале. Бесценето. Ќе остане ова парче.

Водителот на Спорт Клуб има нешто да ви каже за Македонија

Нашите фудбалери синоќа имаа огромна поддршка и од екс ју земјите. Илјадници коментари со мотивирачки пораки можеа да се прочитаат на социјалните мрежи, а најмангуп излезе Иван Лончаревиќ од белградското студио на Спортклуб, кој поентираше во 7 секунди.

Достоен пораз на Македонија во историскиот меч со Португалија

Македонската фудбалска репрезентација загуби 2:0 (1:0) на гостински терен од Португалија во финалето од плејофот за пласман на Светско првенство 2022. Достојна партија против 6. селекција на светот составена од бројни ѕвезди.

Ечи песна среде Порто, атмосферата врие

Околу 2.000 македонски навивачи полека се групираа вчера и денес, за вечерва да ги бодрат нашите јунаци во мега дуелот со Португалија на стадионот „Драгао“ во Порто каде ќе има околу 50.000 домашни грла.

Роналдо се мајтапеше со соиграч на тренинг

Португалскиот селектор Фернандо Сантош реши да прецрта три имиња од поширокиот список па на трибини ги прати бековите Диoго Далот (Манчестер Јунајтед), Гонзало Игнасио (Спортинг Лисабон) и Тиаго Дало (Лил). Тие што останаа одлично се забавуваа на последниот тренинг а Роналдо го имитираше Седрик Соареш од Арсенал.

„Зига Зага Македонија“ грми во Порто

Бандата е собрана на едно место, атмосферата е на ниво, посакуваме да остане таква и по 22:30.