Првакот на Македонија, Шкупи одигра 2-2 на гостувањето кај Динамо Загреб и обезбеди одличен резултат пред реваншот во Скопје за една недела.
Одличните игри на тимот предводен од Гоце Седлоски летово како да паѓаат во втор план откако навивачите на клубот од скопската населба Чаир и во 1. коло против Линколн на „Тоше Проески Арена“ на 5 јули и синоќа на гостувањето на „Максимир“ мавтаа знаме на озлогласената терористичка организација ОВК.
УЕФА, по сигнализација на своите делегати на натпреварите, редовно драконски казнува секаков вид на политичка, расна, верска и етничка нетрпеливост, но во случајот со Шкупи очигледно дека ќе замижат како и пред 15 дена.
Навивачите на некогашна Слога Југомагнат во еден момент од мечот извадија и парола „Слобода за Цуфи Кока“, човекот кој неодамна пукаше со пиштол среде масовни протести во строгиот центар на Скопје.
Поради на далеку познатиот ривалитет на хрватските навивачи со српските, во еден период од натпреварот, Бед Блу Бојс пееа: „Убиј Србин“ на што се надоврзаа и навивачите на Шкупи:
— Florent (@florrent_) July 19, 2022
Европската фудбалска унија покренува дисциплинска постапка само во случај на сигнализација од извештајот на делегатот или преку тн. скаути од организацијата FARE чии членови најчесто доаѓаат од земјите каде се игра мечот и кои забележуваат и најмал, најситен испад на домашните навивачи после што УЕФА реагира.