Offside

Бурно беше во последните денови од летниот преоден рок. Некои од избраниците на Милевски завршија голема работа, но за други сè уште трае неизвесноста во пресрет на репрезентативните обврски.

Колумбиец ќе игра за Македонија, можеби и на Европско

ФИФА денес и официјално му дозволи на Колумбиецот со македонски пасош Себастијан Ерера да заигра за репрезентацијата на Македонија ако добие повик.

Шекил сака презиме на иќ - О'ниловиќ

За време на натпреварот во најдобри вештини на Ол-Старот, Никола Вучевиќ стигна до финалето каде Доминтас Сабонис беше подобар, а претходно во полуфиналето црногорскиот репрезентативец го совлада Роберт Ковингтон од Портланд. Шек воодушевено коментираше.

Броиме ситно до реализацијата на фудбалскиот сон

Слушнете го ова ехо од Градскиот парк што оди до небо, вели Златко Калински во видео на кое човек не може да не се наежи. Остануваат уште 95 дена до 13 јуни.

Махер на колото кој се наслади и со пари и торта

Шаренолика збирштина од пет махерски и два малерски тикети. Првиот се пофали со торта и 458.000 денари, вториот е бог да чува. Зошто? Па три точни резултати фатил, како тоа?

Парагвајски фелш на денот

Позицијата е тешка за директен удар, ама ќе проба. Голманот се чини дека е застанат на право место и ја има директ во раце. Потоа на сцена стапува Роберто Карлос ефектот.

Луда соло акција по ораница во Русија, на Ловрен му сврте памет

Рубин Казан успеа да го урне лидерот Зенит и тоа со гол во 90+2' минута. Денис Макаров тргна во една контра и сам ја шина одбраната на шампионот. Толку многу пати го изврте Хрватот Ловрен, што овој добил вртоглавица.

Во втора лига на Грција падна најубавиот гол на месецот

На меч меѓу двете последни екипи од втората Супер лига на Грција, Караискакис изгуби 2-3 дома од ОФ Лерапетра. 2 гола за гостите даде 23-годишен Албанец Кристијан Кушта од Елбасан. Едниот гол мора да влезе во трка за наградата „Пушкаш“ на крај од сезонава

Титулата ви е во џеб? Не, во џеб имам 40 евра, ставав бензин

Интер многу тешко со 1:0 ја совлада сјајната Аталанта. Единствениот гол го постигна стоперот Шкриниар во 54 минута за триумф со кој сега на Милан му бегаат +6 бода.

Да видиш како гради топка, па ќе ти стане јасно зошто е Хулк

Живанилдо Виеира де Соуза (34) или попознат како Хулк (некои го викаат и Халк) како асоцијација на снажниот цртан лик, после една цела епоха играње во странство, се врати скоро во татковината и дебитираше за Атлетико Минеиро. На првиот меч покажа зошто го викаат Хулк.

Многу јак едно минутен пресек од Ол старот само со Јокиќ

Кој вели дека синоќа не беше во елемент? Можеби играчки да, ама затоа српската НБА ѕвезда правеше шоу на свој начин. Внимавајте му ги добро покретите. Забава за сите пари.

НБА Ол Стар 1998 на А1 со Љубомир Николовски

Тоа е таа снимка што се бараше, тоа е и коментаторот број 1 за баскет, тоа се тие златни времиња и на крај тоа се јунаците за кои не се спиеше. И да, дечките од МакНБА ги негуваат на Јутјуб легендарните видео парчиња кои како деца ги снимавме на касета. Супер е тоа.

Па баш судијата ли во глава да го погодиш?

Манчестер Сити имаше незамислива серија од 21 победа по ред во сите натпреварувања од ноември месец. Мелеа „граѓаните“ се пред себе, додека не дојде градскиот ривал и да ги победи на „Етихад“ со 0:2. Градското дерби ќе се памети и по тоа што Скот Мектоминеј случајно го погоди со топка во глава главниот судија Ентони Тејлор.

Жални фотографии од култниот стадион „Местаља“ во Валенсија

Шпанските стадиони веќе една цела година се празни, без гледачи поради глобалната вирусна пандемија. На легендарниот стадион на Валенсија веќе израснала и трева околу столиците.

Маестрален мозаик со ликот на Ѓоковиќ направен од 2.177 топчиња

Бројот на топчиња 2.177 го симболизира бројот на денови колку што е Новак Ѓоковиќ на тронот на АТП листата. Тој денеска ја почнува рекордната 311-та недела, надминувајќи го Фередер кој беше прв 310 недели.

Какви успеси одбележа Барселона со Жоан Лапорта

По големиот промашај наречен Бартомеу, единствен човек кој успеа сериозно да го турне Меси од клубот до излезна врата, а и да продаде гол машина како Суарез, Барселона конечно доби нов претседател. Судејќи според неговите успеси, навивачите треба да се задоволни од исходот на гласањето.

Да ти каже чичо каков гол дал против Марсеј на времето

Така ќе им раскажува Жереми Постераро, анонимен фудбалер на францускиот четвртолигаш Кан Русилон за неверојатниот гол кој го даде против гигантот Марсеј.

Победи на Ол-Стар забивање откако бакнуваше обрач во скок

Плејмејкерот на Портланд Трејлблејзерс, Енферни Сајмонс е победник на натпреварот во забивања на НБА Ол-Старот одржан во Атланта. Сајмонс беше далеку подобар од Оби Топин од Њујорк Никс и Касиус Стенли од Индијана Пејсерс.

Кварезмовка секогаш е во мода

Не умира овој секогаш атрактивен фелш удар кој ретко кој може да го погоди како Кварезма. Викендов доста добро се истакна Србинот Владимир Родиќ од Хамарби, Шведска, а Лука Модриќ се изамбицира од слободен удар.

Ибрахимовиќ раскажа како еднаш го фрлил Гатузо во канта

Златан е прав хит во италијанските медиуми. Последно се јави со видеолинк во емисијата „Che Tempo che Fa“ и одговараше на прашање на италијански новинари, па раскажа и некои анегдоти од кариерата.

Сте виделе некој да се повреди од рогање топка?

Софијан Фегули од Галатасарај ги надмина сите глумци во глупирање, а веројатно се надмина и самиот себе си во обид да изнуди прекршок кој никој.

Шекил заспа и хрчеше ко пила, Вејд го снимаше

Да имаше турнир во хрчење на Ол-Старот, без конкуренција наградата ќе ја добиеше легендарниот Шек. 48-годишниот член на Куќата на славните имаше многу работа за време на Ол-Старот па реши краток момент да искористи да захрчи ко бик.

Луди потези на Ол Старот, Јанис растури, Дончиќ и Јокиќ лежерно

Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.

Туку што беше со мајсторијата на Кејн

Тотенхем и Мурињо играат топло-ладно цела сезона. По неколку слаби резултати, во неделата го покосија Кристал Палас со 4-1. Два гола даде Герет Бејл, а два Хари Кејн. Шпицот постигна лудорија од гол.

Аплаузи за голчиштето на Раде

Замислете какво е чувството после играње во Сутјеска и Борац Чачак, да застанеш од слободен удар во дресот на седумкратниот европски првак и да ја заковаш мајсторски и тоа за деби гол во Серија А за Милан. Претходно Раде Круниќ беше стрелец за Росонерите само еднаш против Селтик.