Елмас има нов соиграч од Јужна Кореа кој направи шоу со песна на промоцијата

Ким Мин-џа е нов стопер во Наполи. Има 25 години, доаѓа како замена на карпата Кулибали кој отиде во Челси летово. Го викаат „Ѕверот“ а кариерата ја почнал во татковината Јужна Кореа. Во 2019-та оди во Кина каде игра за Пекинг Гуоан а во август 2021 го засили Фенербахче. После турскиот клуб доаѓа во Наполи за 18,05 милиони евра.

Традицијата налага секој нов играч во нов клуб пред соиграчите на ручек или вечера да запее некоја песна од својата земја. Стоперот Ким се реши за најпознатиот хит од Јужна Кореа: „Гангам стајл“ и направи шоу.

Веќе се адаптирал во екипата и се очекува да биде големо засилување за Наполи: 

28 јули 2022 - 11:02