Пред една недела Динамо Киев го пречека турски Фенербахче во полскиот град Лоѓ на велелепниот стадион „Милејски“ каде украинскиот гигант ги игра домашните натпревари поради воениот конфликт во Украина.
Тој прв натпревар од 2. квалификациско коло за Лига на шампион заврши 0-0, па синоќа во Истанбул се играше реваншот.
Во првиот дел немаше голови а на стартот на вториот дел, поточно во 53’ минута фудбалерот на Фенербахче Исмаел Јуксек доби директен црвен картон па гостите заиграа со играч повеќе што дополнително им ја отежни работата на Турците.
Резултатот на дуелот во главниот град на Турција го отворија Украинците со гол во 57’ минута преку Виталиј Бујалски кој во еден момент ги испровоцира домашните френетични навивачи кои во знак на револт одговорија со песна во чест на рускиот претседател Владимир Путин.
Fenerbahçe taraftarı, Dinamo Kievli futbolcunun attığı golden sonra abartılı şekilde sevinmesi üzerine “Vladimir Putin” tezahüratı yaptı pic.twitter.com/sTjhNM0n2R
— Batu Bozkürk (@batubozkurk) July 27, 2022
Драма имаше во сам финиш на овој меч. Фенербахче израмни преку Атила Шалаи во 88’ минута и натпреварот заврши 1-1 па се прејде на продолженија.
На модерниот „Улкер стадион“ на Фенербахче, во азискиот дел од Истанбул неколку минути се ореше името на претседателот на Руска Федерација како инсинуација на војната која Русија ја води со Украина.
Но во продолженијата, Динамо Киев кој постојано бараше нов гол и притискаше, успеа во тоа во 114’ минута преку Олександар Каравајев кој постигна погодок за 1-2 и победа на украинскиот тим кој оди во следна рунда.
Фенербахче ќе се задоволи со плејоф за пласман во Лига Европа, второто по ранг најголемо европско натпреварување.