Offside

По бледиот старт и поразот дома од Белгија 0:2, Италија блесна против Турција на гости со високи 1:4. Манчини направи дури 8 измени во однос на првите 11, а тие одговорија машки со убедлива и допадлива игра. Бастони, Фратези и дебитантот Мајкл Кајоде од Брентфорд донесоа водство од 0:3 веќе до 27 минута. Јилмаз намали во 47-ма, а само 3 минути подоцна конечниот резултат го постави Пио Еспозито.

Ромарио - какво беше тоа играчиште

Предвесник, учител и ментор за плажи, ноќен живот и бурни пијанства на Роналдо, Роналдињо и сите големи мангупи на бразилскиот фудбал. Стариот добар Ромарио постави многу рекорди за постигнати голови. За неговиот Бразил играше скоро 18 години и на 70 меча постигна 55 гола. Во кариерата топка шутираше од Васко да Гама преку ПСВ Ајндховен до Барселона, Валенсија, Фламенго, Мајами, Флуминенсе.

Ја имаме хероината на годината која заигра фудбал со хендикеп со дозвола на македонски тренер

Карсон Пикет е првата фудбалерка која настапи за женската сениорска репрезентација на САД, родена без дел од левата рака.

Како газдата на Интер го најави кам бекот на Лукаку?

Грамадата од човек кој беше тешко да се задржи и кој практично на Конте му беше клучен играч за титулата, се врати онаму каде што растури со 64 гола за две сезони. Ветува повторно многу погодоци за Интер.

Фил Фоден го изеде срамот од жена му на плажа во Грција

Додека 22 годишната ѕвезда на Манчестер Сити бил да се олади во море, жена му нашла пораки од девојка со која се допишувал, па до толку станало напето, што морало да реагира и обезбедувањето кое им помагнало околу децата. Англиските медиуми пишуваат дека кавгата се случила на плажата Глифада на островот Крф. Налет семејниот одмор.

Кирјос плукна накај публиката на Вимблдон, па јадеше суши на сред прес

Уште во првото коло на најпрестижниот тениски турнир, Ник Кирјос почна со циркузи во негов стил и тој веројатно стана прв спортист кој седна да вечера на прес конференција.

Секој од нас некогаш се сретнал со ваков чичко во маало

Доаѓа обично на сред партија, влетува во терен како да го освоил Њу Мексико и ладно го бара баскетот, за да покаже дека без старца нема ударца. И најчесто му поаѓа од рака.

Убавината на шведското дерби снимено со дрон

Во 12. коло од фудбалската лига на Шведска, Малме со гол во 90+1’ минута го совлада големиот ривал Хелсинборг со 2-1. Навивачите направија феноменален амбиент кој бил сниман и со дрон. Малмо после 12 одиграни кола има 21 бод и е на 5. место на табела.

Кире на 20 години му одел на Лино на гости да анализираат натпревари

Лазаров во Загреб бил пред сериозно тежок испит во елитниот ракомет. Од соиграчите бил одлично прифатен, но не знаел на почеток како да се носи со Червар, па преку медиумите му испратил провоцирачка порака. Се соочувал и со тренинзи, тешки до повраќање, а бил дел и од штрајковите за доцнење на платите. Го бркале од неколку станови поради тоа што клубот не плаќал кирија.

Сантијаго Бернабеу ќе стане најспектакуларниот стадион за четири спортови

Во 2023-та, Мадрид ќе го добие првиот стадион на планетава на кој покрај фудбал, ќе може да се игра и кошарка, тенис и рагби.

Како Мајкл Џордан отиде од НБА во бејзбол во спомен на убиениот татко

Малку познати факти од кариерата на Мајкл во еден друг спорт каде не само што се срамел и бил понижуван, туку и бил исмеван од јавноста. А имал само еден повод да отиде од НБА каде беше крал. Не за слава, не за пари, не за моќ.

Гол на вечерта во Јужна Америка

Во Јужна Америка се игра завршница на двата најголеми турнири, Копа Либертадорес и Копа Судамерикана. Во второто по ранг натпреварување, уругвајскиот Насионал со 2-0 го совлада аргентинскиот Унион на првиот меч пред реваншот. Во 21’ минута Леандро Лозано зголеми на 2-0 со прекрасен волеј.

Абердин го пречека Бојан Миовски во Шпанија

Шкотскиот прволигаш кој има освоено 10 трофеи под водство на Сер Алекс Фергусон, организираше пречек за македонскиот репрезентативец во Шпанија, каде клубот почнува со подготовки за новата сезона. Трансферот на Миовски од МТК Будимпешта, каде ја заврши сезоната со 9 голови, чини 624.000 евра. 23 годишниот центарфор овој месец ги постигна првите два гола за Македонија на мечот против Гибралтар. Фино видео му направиле.

Да не треба човек за НБА драфт?

Братот покажува дека не мора да си професионален кошаркар за да го имаш осетот и вештините. Со ваква контрола комотно би можел да игра баскет во нашиве лиги.

Најдебелиот скокач од платформа кој прави чуда во базен

Зики Санчез од Аризона има само 14 години а веќе е мега популарен во Соединетите Американски Држави. Неговите видеа на кои покажува неверојатни акробатски вештини при скок во вода од платформа веќе имаат преку стотини милиони прегледи.

Борбата на Нуров за златен медал и интонирањето на македонската химна

Македонскиот борач Магомедгаджи Нуров оствари нов врвен успех за Македонија, откако на Медитеранските игри во Алжир стигна до златото во категоријата до 97 килограми слободен стил.

Ајде Елиф Елмааааас

Се ожени Мумин Елмас, братучедот на Елиф кој беше во елемент заедно со Гавазова. Што ти значи кога имаш добар везњак.

Бегајте сите, доаѓа Шек

Како на времето за една секунда се празнеше резервна клупа во НБА.

Малдини не се бунеше за фаул

Прво Турам го удри со лакт во глава, а потоа Каморанези намерно му влезе од позади. Паоло смирен, професионален и ладен како шприцер. Фаул е фаул. Ќе остане поим за тоа како се игра во одбрана.

Драмата на Лазаров со репрезентацијата и Пелистер кој не го пуштал во Загреб и неосновано барал за трансферот 150.000 марки

Во третиот дел пикантерии од книгата на Кире, ќе дознаете со какви сопки се соочувал дома, кога како 20 годишник се пробивал во странство. Предизвикот се викал Загреб и Лино Червар, клуб кој бил дел од европската елита, ама имал и финансиски проблеми. Истовремено имал проблеми и со РФМ и националниот тим. Еднаш бил суспендиран поради лошо однесување, а потоа не се појавил на бараж меч за ЕП.

Да е на хокеј па да разбереш, ама голема општа тепачка на бејзбол?

Масовните тепачки во американскиот спорт се честа појава. Особено во хокејот и во американскиот фудбал. Ама сега на бејзбол мечот меѓу Сиетл Маринерс и Лос Анџелес Енџелс се степаа повеќе од триесетина играчи, тренери редари. Прекинот траел цели 18 минути а епилогот бил исклучени шест играчи и тренерите на двата тима Фил Невин и Скот Сервејс.

Видео за уживање: 10 најдобри асистенции во Бундеслига

Фантастичните голови секогаш одат заедно со врвни асистенции. Така беше и изминатава сезона во германска Бундеслига. Топ 10 за прави фудбалски гурмани.

Голман знае да биде пола екипа, ама знае да и да биде дрво

Во 5. коло од аргентинската Примера дивизион, Патронато на домашен терен со 3-1 го совлада Индепендиенте. Иако играа со црвен картон уште од 16’ минута, домашните ги растурија гостите чиј голман беше патарушка.

Само Симеоне може да игра фудбал без напаѓач и шах без крал

Ел Чоло на одмор игра шах со син му, а фотографијата е хит, бидејќи стратегот на Атлетико Мадрид има кралица, ама не и крал. На социјалните мрежи се водат битки меѓу мајтапџиите. Еден вели дека го пратил кралот да го паркира автобусот, друг дека оди на 0:0, трет дека игра без крал за инат на Реал, а четврти тоа што го искористивме како наслов.

Водителка во Италија го најави новиот клуб на Роналдо

Веќе неколку дена се зборува за евентуален трансфер на Кристијано Роналдо во Рома кај Жозе Мурињо. Немаше ништо конкретно сè додека на државната телевизија РАИ, водителка со цврста самоувереност не кажа: „10-та Тоти ќе му ја даде на Пелегрини, а Пелегрини 7-та на Кристијано на „Олимпико“. Управата на Рома од САД сака холивудски трансфер преоден рок со овој трансфер.