Алкараз го има поенот на турнирот и годината со кој ја крена на нозе цела публика

Во маратонска и исцрпувачка битка, Карлос Алкараз го совлада Јаник Синер во четвртфиналето на УС опен. Се одигра најдолгиот меч во историјата на отвореното првенство во Њујорк, долг 5 часа и 15 минути со луди пресврти.

Големата тениска надеж со 19 години стана најмладиот полуфиналист на еден Гренд слем турнир од 2005-та па наваму и тоа откако последен пат тоа го стори неговиот сонародник Рафаел Надал.

Алкараз одигра јуначки натпревар. Губеше 2:1 во сетови и спаси меч топка при водство од 5:4 на Синер, а потоа му направи брејк и со 7:5 го израмни резултатот на 2:2 во сетови.

И покрај тоа што Италијанецот подобро го отвори решавачкиот сет и направи брејк за предност од 3:2. Шпанецот направи уште еден лудачки пресврт за конечни 6:3. 

Погледнете ја оваа атракција од зад грб, број 1 на турнирот, па и на годината.

Уште неколку поени за издојување

 

Во свое прво Гренд слем полуфинале во кариерата противник ќе му биде Френсис Тиафо кој со 3:0 го совлада Рубљов. Другата полуфинална битка ја сочинуваат Каспсер Руд и Карен Хачанов. 

8 септември 2022 - 10:35