Динамо Загреб стана првиот клуб во историјата кој успеа да ги матира најголемите четири клубови од Лондон, а тоа се Арсенал, Тотенхем, Вест Хем и Челси.
Ова се однесува на европските натпреварувања, каде не може да се пофали еден Баерн, Реал, Барселона и ниту еден друг гигант.
Британската престолнина ја покорија два пати во Лига на шампиони и два пати во Лига Европа.
Ноќна мора на лондонските екипи е Мислав Оршиќ кој со хет-трик го сруши Тотенхем со што ги елиминираше во осминафиналето на ЛЕ.
На Вест Хем минатата сезона им даде еврогол на гости во групна фаза, вреден 3 бода, а синоќа со страшен трк од пола терен го сруши и Челси. Против Топџиите не беше член на Динамо.
Инаку имињата на тренерите на четирите премиерлигаши кога играа против Динамо беа Арсен Венгер, Жозе Мурињо, Дејвид Мојс и Томас Тухел.
Динамо Загреб - Арсенал 2:1, групна фаза во ЛШ (2015/2016)
Динамо Загреб - Тотенхем 3:0, осминафинале во ЛЕ (2020/2021)
Вест Хем - Динамо Загреб 0:1, групна фаза во ЛЕ (2021/2022)
Сензациски старт за Динамо во ЛШ, Челси капитулираше на Максимир
И Мамиќ го одбележа историскиот подвиг со коментар: Среќа што Динамо не игра во Премиер лига.