Offside

Еднаш поранешен македонски репрезентативец, одличен фудбалер, раскажал анегдота дека кога отишол на проба во белградски Партизан, на тренинг се појавил со црвени шорцеви. Го вратиле моментално а тренерот му рекол: „Јас дома патлиџан не јадам зошто е црвен, ти со црвени шорцеви ми доаѓаш“. Нешто слично го снашло и некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Бока.

Шкотски навивач во Лондон, класика

Европското завршува на 11 јули, ама нема да има појак дуел еден на еден од овој. 100 посто.

Супермен се врати дома

Џиџи Буфон направи потег кој веројатно никој не го очекуваше, а се надеваа само навивачите на Парма. Се враќа таму каде што почна во 1995-та, кај Млекарите. “Вечниот“ ќе брани во Серија Б на 43 години. Погледнете ја оваа специјална најава за неговиот кам бек во клубот со кој ги освои првите три трофеи во кариерата.

Не тука бе цуци, камери снимаат

Хит сме на Европсково. Го запоседнавме градот со песни и ора, се дружиме со Украинците, а грмиме гордо и од трибини. Па почнавме и женски да бркаме, а во меѓувреме и тапаните издишаа.

Украинците во Букурешт: Македонија еј еј, Македонија еј еј

Пријателски почнаа, пријателски се разделија. Ете тоа е убавината на фудбалот. Македонија и Украина синоќа играа меч вреден осминафинале, а нивните навивачи покажаа како се слави еден фудбалски празник наречен Европско првенство. Респект момци за скандирањево.

Една фотографија, две легенди

Едниот има освоено Лига на шампиони со Милан, другиот со Интер. Андриј славните денови ги помина со 127 гола во Серија А, а Горан со 101 и уште игра. Сега првиот во улога на селектор, а вториот капитен. Тоа се тие две славни напаѓачки имиња од италијанскиот фудбал. Шевченко го тешеше Пандев на крајот.

Во Австралија падна автогол кој не може да се објасни

Не го гледајте повеќе пати, бидејќи нема да ви помогне да сфатите зошто го направи ова.

Одбраната на Столе од пенал и шансата на Адеми

Македонија одигра многу содржински натпревар, неспоредлив со оној првиот, па затоа репрезентативците беа дополнително разочарани што не успеаа да стигнат барем до бод. Притисок пред голот на Украина, поништен гол на Пандев, јака акција на капитенот со Адеми...

Мајсторскиот лоб на Пандев

Колку само јако ќе беше да не пресудат оние милиметри во офсајд замката на Украинците во 39-та минута и со 2:1 да одиме на пауза. Капитен во свој стил го матираше чуварот на голот на Украинците, но линискиот судија нè смрза кога го подигна знаменцето.

Главата горе момци

Македонската фудбалска репрезентација го загуби и вториот меч на ЕП 2020, но овој пат со многу подобра и похрабра игра. Голема штета. Шевченко се препоти во второ полувреме.

Каков Кристијано бе, дај Кока Колата ваму

Вчера виде ли Кристијано што направи? Ги тргна двете флаши Кока Кола на страна и извади вода. Многу ми е гајле, чекај уште една голта, одговори селекторот на Русија, Станислав Черчесов. И тоа една од друга ја отвори, каков цар.

Тренингот на Македонија е хит број 1 на Европското

Твитерот на УЕФА, Копа 90, Скај, 443 и уште еден куп светски познати портали го објавија необичниот тренинг на Македонија во пресрет на дуелот против Украина. Навивачите се воодушевени во коментарите и велат дека на овој начин се ослободуваат играчите од притисок.

Македонија - Украина 1:0

Во Букурешт утринава е фудбалски празник за Македонија, а после фотографиите и снимкиве ќе помислите дека ние сме домаќини, а не Романците. Синоќа журката беше на дожд, а денеска огреа сонце, па редот е да се угаси жедта и тоа на шампионски начин.

Докторот кој со спаси Ериксен зборува за голготата и првите негови зборови

„Тоа беше многу потресен момент. Во вакви медицински итни случаи во секојдневниот живот, шансата за успех е многу помала“.

Наудреност на колото

Артем Ѕјуба кој минатата година се снимаше како си го .... на една водителка, влета во дуел со еден од финските репрезентативци и го разнесе и тоа намерно. Неколку секунди подоцна: Не бе судија, рамо со рамо беше. Не доби ни жолт.

Дали сте експерт за типување?

Прворангираниот експерт за типување со најмногу погодени тикети, ќе освои 150.000 денари и подарок официјален дрес на македонската фудбалска репрезентација, додека второрангираниот и треторангираниот ќе освојат одделно 60.000 денари и 30.000 денари вклучително и официјален дрес на македонската фудбалска репрезентација.

Топ атмосфера во пресрет на Украина

Македонските фудбалери беа насмеани и расположени на последниот тренинг пред судирот со Украина, кој може да биде клучен за пласман во втората фаза на ЕП. Тимскиот дух го билдаа со нивната препознатлива игра.

Кога сме веќе кај навивачките

Стигна конкуренцијата на македонските навивачки на ЕП и тоа доста силна од две манекенки кои беа сериозна пречка да не може да се следи раат дербито Франција - Германија од трибини.

Акциите на Струмка пораснаа за 4 милиони евра

Роналдо се намршти на кока колата, а Погба не пие пиво. Треба Струмка да пробаат која од синоќа го сруши пазарот во Македонија.

Путин џабе се опил на Македонија - Австрија

Коментарот на денот и неделата го има Џони Кеш - Путин.

УЕФА го суспендираше Марко Арнаутовиќ

Европската фудбалска унија реши да стави точка на случајот „Арнаутовиќ-Алиоски“ па на официјалниот сајт на УЕФА за Евро-2020 покрај името на Арнаутовиќ - стои дека е суспендиран.

Важно инфо за навивачите кои имаат карти за Македонија - Украина

Се вжештува атмосферата за вториот меч на македонската фудбалска репрезентација, па поради гужвите во Букурешт, ФФМ објави еден кус апел до навивачите.

Почетоците на Пандев и првото пионерско финале

Горан и другарите биле страв и трепет во пионерска категорија и сезоната ја завршиле со 26 од 26 и импресивна гол разлика 130:11. Следната сезона како кадети ја освоиле двојната круна и тоа со победи против Слога и Вардар во Скопје. Историја најдобро позната во Струмица.