Offside

На 16 години станува најбрзата жена во светот. На 19 години нејзиното тело било ставено во багажник и сметано за мртво. Ова е неверојатна приказна за Бети Робинсон. Олимписка шампионка која буквално се издигнала од гробот и се вратиле на тартанот.

Нетфликс пушта документарец за лудиот трансфер на Фиго од Барса во Реал

Флорентино Перез, Хозе Веига, Жоан Гашпар, Пауло Футре и уште некои други личности меѓу кои и главниот јунак Луис Фиго се појавуваат во документарката на Нетфликс која ќе има премиера на 25 август. Документарецот го одработува најпроблематичниот трансфер на сите времиња: Фиго од Барса во Реал, кога го гаѓаа со свинска глава на „Камп Ноу“ на Ел Класико итн.

Нов лудачки филтер хара на интернет

Го сефтосаа на Хари Кејн кој го има по сите Твитер профили за фудбал.

Сензацијата на Чориќ против Надал во 4 минути

Само двајца тенисери во светот имаат позитивен биланс против Рафаел Надал на пет или повеќе меча. Првиот е Новак Ѓоковиќ (30:29), а од синоќа втор е Борна Чориќ (3:2).

Корнер во два потези и маестрален волеј на Кришито

Довчерашниот капитен на Џенова кој три сезони играше заедно со Пандев, им покажа на Канаѓаните како му работи левицата на 35 години. Торонто одигра 2:2 против Њу Ингланд Револушн, а головите за домаќините ги постигнаа Кришито и Бернардески од пенал. Фантастично го одбработија корнерот.

Најинтересните моменти од шоуто во Љубљана меѓу Дончиќ и Јокиќ

Најголемите балкански ѕвезди во НБА лигата и на пријателски натпревар блеснаа како подготовка за престојното Европско. Словенија беше подобра од Србија дури во продолженијата.

Видео и говор на Мурињо кое дури сега добива на тежина

Од играч кој беше меѓу топ5 во цела Премиер лига и кој растураше во Лига на шампиони и за репрезентацијата на Англија, Деле Али падна страшно во форма па не само што е резерва во Евертон туку се зборува и дека е на прагот од трансфер во турско првенство, со секоја чест за оваа богата Суперлига.

Во богатата колекција на Спалети доминираат дресовите од Тоти

Стратегот на Наполи и ги покажа дресовите на убавата водителка Дилета Леота и се пофали дека ги има сите верзии на дресови од легендарниот Франческо Тоти кој го смета за посебен и кој имаше можност да го тренира во периодот 2005 - 2009, а потоа и во неговата последна сезона (2016/2017) во кариерата. Во колекцијата го има и Пандев.

Го имаме најоткаченото реметење на голман

Ти мене ќе ме деконцентрираш кога изведувам пенал? Ела сега да ти кажам нешто.

За бизнисот со џорданки и заработката на Најк и Мајкл 1984 vs 2022

Тоа што легендата е во пензија едно 20 години, не менува ама баш ништо во касата на Најк, што значи по дифолт има многу пари и за Џордан. Односно сè повеќе и кај двете страни.

Тешко дека некогаш ќе се повтори миланско дерби со такви состави

Во тоа 24. коло од Серија А на 15 февруѕари 2009-та се судрија Интер и Милан во градското дерби кое никогаш претходно и никогаш после не видело такви состави. Трибините крцаа, прекрасни кореографии на двете страни а на терен страшни состави.

Како овој човек фрлаше аути!

Да, да, мајстор за аути, и тоа да видиш. За оние кои не го знаат, Рори Делап беше англиски фудбалер кој сега има 46 години. Играше за Република Ирска иако роден и цел живот во Англија. Најмногу се прослави во дресовите не Дерби Каунти, Саутемптон, Сандерленд и Стоук Сити. Кариера заврши во 2013-та а се памети по НЕВЕРОЈАТНИТЕ аути кои беа пола гол во противнички шеснаесетник.

А ете кај била цаката со пргавиот шпиц на Ливерпул

Ливерпул и Кристал Палас одиграа 1-1. Гостите поведоа први во 32’ минута преку нивниот лидер Заха, а црвените израмнија преку Луис Дијаз во 61’ минута. А само четири минути претходно, во 57-ма, 100 милиони евра платеното засилување Дарвин Нуњез доби директен црвен картон поради тоа што му удри глава на стоперот на Палас, Јоахим Андерсен. Некои (читај навивачите на Ливерпул) би рекле со право.

Фрустрација кога играч е сменет во прв дел

Шефилд Венздеј игра во трета лига од англискиот фудбалски поредок. Синоќа изгубија 2-0 од Питерброу на гости а покрај поразот, голем блам направи и младиот фудбалер на Венздеј Џорџ Бајерс кого менаџерот Дарен Мур го извади уште во 40’ минута поради тоа што Рис Џејмс доби директен црвен картон па мораше да влезе друг штопер место играш од нападот.

Вие играјте Сони, ние ќе ви направиме атмосфера како на Светско

На три месеци до Мундијалот во Катар, некои дечки веќе почнаа да се загреваат, а генералната проба ја одржаа во домашна атмосфера. Со бајраци, тапани, па дури и пехарот доделија на крај. Какви цареви, сите сте вие за пехар. Вака се живее.

Излегуваш на автопат и ти се појавува формула

И тоа не било кој болид, туку на Ферари каков што возеше Михаел Шумахер, мртов ладен се шуња меѓу коли како на трка. Видеото е снимено во Чешка, а ако го види полиција, џабе ќе се мачи да го брка.

Брентфорд тера мајтап со Роналдо на ТикТок

Кај ги отцепија 4:0, па уште најголемата ѕвезда им ја закачаат, кој се заборави на јахта цело цело и сега не може да ги нанишани голот.

Тимот на колото во Европа е со наш репрезентативец

Почнуваш да го читаш од нападот со Нејмар, Жоао Феликс и компанија, па потоа подоле гледаш играчи од Реал, Челси и Сити и на крај Столе Димитриевски. Колку убаво. Кој и да го составил, капа долу.

Прејака сцена во Аргентина, тренер направи измена по барање на навивач

Го паметите ли дефанзивецот Габриел Милито кој во периодот 2007 - 2011 настапуваше за Барселона? Сега го води Аргентинос Јуниорс и направи веројатно нешто што никој претходно не го сторил, барем не во прволигашка конкуренција. Послуша постар навивач за измена, кој беше во облаци што му успеа сугестијата. Неверојатна случка.

Парола на српски на навивачите на Ајакс за Тадиќ

Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ неодамна имаше непријатна средба со двајца лопови кои сакале да го ограбат. Го начекале со мотори пред куќа и го нападнале, но српскиот репрезентативец успеал да се одбрани, па дури на едниот му ја извадил кацигата и му удрил шамар. Холандските навивачи ептен го погодија текстот.

Како изгледа фудбалот на Гренланд кој се враќа по три години поради пандемијата?

Немаат терени со природна трева, немаат патишта за да патуваат со кола или автобус, а не се членки ниту на ФИФА и УЕФА. Ама сепак имаат фудбалска традиција стара нецели 70 години. Како тоа и во кои услови?

Епската трка на малолетниот Давид Поповичи кој урна светски рекорд

Младиот 17-годишен пливач Давид Поповичи од Романија постави нов светски рекорд на 100 метри слободно. Во големото финале на Европско првенство во Рим сруши 13 години стар рекорд кој го држеше Бразилецот Сезар Сиело Фиљо поставен во истиот култен базен во Форо Италико во Рим.

100 милиони платеното засилување на Ливерпул да ти бил пргав играч

Младиот уругвајски шпиц, Дарвин Нуњез летово од Бенфика дојде во Ливерпул во еден од најскапите клупски трансфери. Црвените за него дадоа 75 милиони за основен трансфер и плус 25 милиони во бонуси.

Рецептот за паметно изведен корнер го имаат Швеѓаните

Многу пати се случувало корнер да се потроши со глупави додавања, без да се искористи можноста за директен центар шут кон гол. Фудбалерите на Хамарби имаат одлично навежбана комбинација со која го добија Гетеборг на гости 0:1.

Навивачка со украинско знаме отстранета од тениски меч на Русинки во Синсинати

Дуелот од квалификациите за главната ждрепка на женскиот турнир во Синсинати меѓу Ана Калинскаја и Анастасија Потапова беше неколку пати прекинуван поради тоа што некоја навивачка, извесна како Лола, влегла со големо украинско знаме, со цел да ги провоцира руските тенисерки.