Арсенал сезонава (не)очекувано издоминира во првиот дел од сезоната и заслужено беше прв на табела долго време. Но како изминуваше сезоната, Гвардиола и неговите играчи се соземаа и прво ја намалија бодовната предност, за да сега се израмнат со „топџиите“ по број на бодови.
Големото дерби на „Емирати“ донесе прва голема шанса за домашните. Нкетија имаше можност да донесе ерупција на стадионот каде имаше преку 60.000 гледачи, но не успеа.
If that fraud Eddie Nketiah scored any of these chances it’s a different game ! Why can arteta not drop this guy kmt I don’t get it 🤦🏽♂️ 2023 and this eddie is our main striker kmt shambolic pic.twitter.com/aDwTe1FMfB
— BigRidz 🇯🇲 (@RIDZ_OFFICIAL) February 16, 2023
Тоа го казнија гостите. Водство на Сити донесе Де Брујне во 24’ минута кога реагираше фантастично по грешката на Јапонецот Томијасу:
Де Брујне беше централна фигура на мечот, па освен голот и прекрасните пасови до соиграчите, имаше и борбен дуел со тренерот на Арсенал Микел Артета кој пред неколку години му беше помошен тренер во Сити.
Yesterday, De Bruyne and Arteta didn't share the ball a bit 😬 pic.twitter.com/gSG1gaScKd
— Emmanuel of Kwara (@Berry675477) February 16, 2023
Само неколку минути подоцна, во 39’ минута Арсенал израмни на 1-1 од пенал преку Букајо Сака:
Подобрата игра Сити ја круниса со ново водство, во вториот дел, во 72’ минута Џек Грилиш ја врати предноста на гостите со убав гол по добра акција на Халанд и Гундоган:
Конечните 1-3 ги постави Ерлинг Халанд откако добро се снајде во противничкиот шеснаесетник и со послабата десна нога го матираше домашниот голман.
Кога излезе од игра, од трибините Де Брујне го гаѓаа со сè и сешто а тој ладнокрвно само ги погледна и нешто им гестикулираше:
Триумф на Манчестер Сити и нови три бода со кои повторно е прв на табела, иако има ист број бодови со Арсенал.