Offside

Фудбалерите на Вардар го добија Силекс со 2-1 и се на чекор до освојување на титулата. Комити се појавија со парола Јужна трибина - Васил Рингов и го скандираа името на легендата на Вардар од 80-те, со што ја поддржаа иницијативата на клубот, името на Јужна да се вика по него. И Масар Омерагиќ се произнесе.

Бразилец ова да го промаши?

Се вика Јаго Пикачу. Играл пет сезони за Васко де Гама, а сега е во Форталеца. Здрав прав напаѓач со 10 години сениорска кариера и 112 гола е нереално вака да реагира пред гол.

Кристал Палас со еврогол во 91-ва им ја прекина одличната серија на Ман.Јунајтед

Во 19. коло од Премиер лигата, момците на Ерик тен Хаг беа на само неколку мигови да ја запишат и осмата победа по ред на сите натпреварувања. Славјето им го расипа 21 годишниот Мишел Олисе со мајсторија од слободен удар. Јунајтед и Сити сега се израмнети со -8 од Арсенал.

А зошто па судијата стално да трпи?

Кој стигне, 100 години ги пцуе од трибини. Ама зошто да трпат ќотек? Во Бразил се спремни и храбри.

Јокиќ стигна до 90-ти трипл дабл и стана најдобар асистент во историјата на Денвер

Уште не сме го допишале вчерашниот текст за неговиот блескав настап, ете ти нов. Никола Јокиќ граби кон ново трето МВП признание во низа. Не е нормален како игра.

Најпатриотското македонско катче во Сиднеј

Вардар, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Комити, Чкембари, Пандев, Стоилов, Седлоски, Скопско, Битолско, Даб... Дури и таблици ставил со македонски регистрации од неколку градови. Рапот во позадина му е капак.

Бајден заборави име на НБА ѕвезда на прием во Белата куќа

Како што е редот и како што налага традицијата во САД, претседателот на државата го пречека НБА шампионот во Белата куќа. Овојпат таа должност и чест му падна на Џо Бајден кој при набројување на големата шампионска тројка на Голден Стејт Вориорс го заборави името на Клеј Томпсон, повеќекратниот НБА првак па се извади со некој друг муабет.

Голмански рулет на колото

На средба од португалската младинска лига меѓу младинците на Рио Аве и Брага, при резултат 1-2 за гостите, во 90-та минута од мечот, голманот Жоао Карваљо прави два крајно ризични дриблинзи пред својот гол. Рулет на кој ретко кој голман би се одлучил.

Најубавата страна за нас на ова Светско

Ниту гледаат километража, ниту прогноза за времето. Јануари за нив е ракометен празник на кој се патува каде и да игра Македонија.

И што ако поднесе Кире оставка? Како ќе се реши проблемот?

Еден твит на Бошко Караџа ме замисли и ме испровоцира да седнам на тастатура, иако после тоа вчера тешко се седнува и срочува рационален текст. А впрочем и кој би знаел што е сега најпаметно? Ај ќе пробаме со факти.

Надал во вербална расправија со згодната Маријана

Првиот шок на Отвореното првенство на Австралија го приреди Американецот Мекензи Мекдоналд кој за 151 минута го збриша актуелниот шампион Рафа Надал со 3:0 по сетови 4-6, 4-6, 5-7. Шпанецот се пожали на повреда, неговата сопруга плачеше на трибините а Рафа се препираше и со главната судијка.

Дрис Мертенс уште го има најдобриот плас

Во 1/8 финалето од турскиот Куп, Галатасарај со 1-2 на гости ја победи Алањаспор. Вториот погодок за гостите од Истанбул го даде Белгиецот кој од Наполи дојде во Турција. Дрис Мертенс во свој стил.

Мангупски гол на Харви Елиот за победа на Ливерпул

Во реванш мечот од 3. рунда на ФА Купот, откако првиот меч на „Енфилд Роуд“ заврши 2:2, Ливерпул со мешан состав на гости го совлада Вулверхемптон 0:1. Единствениот гол на дуелот беше ремек-дело на младиот Харви Елиот после соло акција.

Невозможни одбрани на голман на Бирмингем во ФА Куп

Во 3. рунда од англискиот ФА Куп Бирмингем со 1-2 на гости го победи Форест Грин кој прв поведе на мечот. Во еден напад за домашните, гостинскиот голман Неил Етериџ кој има 32 години имаше нереални одбрани. Надчовечки паради.

Уште една блескава средба за Јокиќ за 89-ти трипл-дабл во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс играат феноменална сезона во регуларниот дел. Синоќа ја запишаа и седмата победа по ред пред своите навивачи. Го совладаа Портланд 122:113 а уште една МВП партија пружи неверојатниот Никола Јокиќ.

Мундијалот на ракометарите во 16 секунди

Ако треба да избереме една акција која ја отсликува организацијата на македонската ракометна репрезентација во напад и одбрана, тогаш ова е таа.

Какво деби за Луис Суарез во Бразил - хет трик за 38 минути

Легендарниот уругвајски напаѓач покажува класа каде и да игра. Луис Суарез дојде во славниот Гремио каде на претставување го пречекаа илјадници навивачи, а дебитираше маестрално.

Навивачите па се срчнаа меѓу себе на трибини

СП 2023 во Полска и Шведска нека биде за заборав. Ракометарите доживеаа дебакл на сите три меча, а на срамот им се приклучија и неколку навивачи.

Лазаров: Верував во порази ама не вака со двоцифрена разлика

Македонската ракометна репрезентација за прв пат ги губи сите три натпревари на Светско, а за загриженоста да биде поголема со три порази го завршивме и Европското минатиот јануари. Кире Лазаров смета дека можеби ова е нашата реалност.

Очобол дечки и тешка бламажа

Ниту некаква идеја видовме во напад, ниту барем малку цврстина во одбрана, а и голманите ги немаше. Ништо. За впечатокот да биде целосно катастрофален, немаше ниту жар, борбеност и срце на терен. Тежок мундијалски промашај. Штета и срамота.

Еден несекојдневен дуел на корнер

За време на мечот меѓу Сантос Лагуна и Пумас УНАМ кој заврши 3:0 за домаќините, имало една невообичаена ситуација пред гостинскиот гол за време на еден корнер.

А Мурињо знаеше за Арсенал уште пред три години

Управата на Арсенал трпеливо го сочека Микел Артета да изгради тим. Долго време „топџиите“ беа предмет на потсмев на навивачите на клубовите од врвот на Премиер лига, но сега дојде нивно време. Дојдоа петте минути на Артета кој Жозе ги најави одамна.

Што изводеше Кепа со топката зад гол?

Необична сцена од мечот Челси - Кристал Палас, снимена од зад гол со Кепа кој упорно им ја враќа топката на навивачите. Тврдат дека задржувал време, што би било очај за голман кој брани во клуб кој е поранешен шампион на Англија и Европа. Инаку Челси победи 1:0 и ја прекина лошата серија.

Навивачкиот музеј на Кипре кој живее за македонската репрезентација

Не постои навивач на Македонија кој не би посакал да му оди на гости на овој човек. Во музејот му влегле од екипата на Зевзекманија, па сè до новинари на Франс Фудбал. Кипре е жива легенда и не веруваме дека на некој друг му е вака по дома.