Offside

Фудбалерите на Вардар го добија Силекс со 2-1 и се на чекор до освојување на титулата. Комити се појавија со парола Јужна трибина - Васил Рингов и го скандираа името на легендата на Вардар од 80-те, со што ја поддржаа иницијативата на клубот, името на Јужна да се вика по него. И Масар Омерагиќ се произнесе.

Најчудниот фудбалски меч се игра во Хрватска кога езеро ќе пресуши

Веќе неколку децении во Имотски се игра најнеобичниот фудбалски натпревар. Се користи пресушено дно на природниот бисер Модро езеро и пред илјадници гледачи се игра традиционален дуел меѓу Вилењаци и Вукодлаци.

Автогол за најсмешни видео инсерти

На средба од француска трета лига меѓу ФББП 01 и Конкарно, домаќинот победил 3:2. Вториот гол за гостите бил автогол на домашниот голман Франк Л’Остис. Многу смешен автогол каков што скоро си даде и Уго Лорис на мечот Тотенхем - Арсенал.

Што му порача Јокиќ на Бол Бол ако пак ја забие преку него?

После шоуто на терен каде го реши Орландо со 17 поени, 14 асистенции и 9 скока, и пред сè со шут за тројка, вредна победа, Никола Јокиќ направи шоу и на пресот и ги насмеа новинарите во врска со забивањето на 218 см високиот Бол Бол.

НБА коментар на вечерта

На дуелот кој Сакраменто Кингс го доби убедливо против Сан Антонио Спарс 132:119, Кевин Хертер во еден момент летна двајца противнички играчи со еден потег. Коментаторот Мајк Џонс од НБС Спортс го прокоментира дриблингот со: „Ги леташе како манекенки од Инстаграм“.

Енди Мареј - дефиниција за фајтер кој не се предава

Отвореното првенство на Австралија на два пати се прекина поради временските услови но во прв план оди големото изненадување на некогашниот олимписки шампион и светски број 1 - Енди Мареј.

По реакција на украински конзул, забранети руски и белоруски знамиња на трибините на Австралија Опен

Тенисот е еден од ретките, ако не и единствен спорт во кој спортистите од Русија и Белорусија можат да се натпреваруваат на меѓународно ниво. Исклучок се само некои екипни турнири или лични турнири во Велика Британија.

Го потсетија Леброн, дека не е веќе така млад

Јак муабет му направи Џабари Смит Џуниор, роден 2003-та на Леброн Џејмс, роден 1984-та, пред стартот на мечот Лос Анџелес Лејкерс - Хјустон Рокетс кој заврши 140:132.

Начевски и Николов уште во 1 минута доделија црвен со ВАР

Најдобрите македонски судии во третото коло на Мундијалот беа задолжени за мечот Португалија - Унгарија кој заврши 27:20. По само 45 секунди игра им се отвори многу работа поради грубиот старт на Унгарецот, Адријан Сипос.

Вујо не е Вујо ако не направи шоу на тајм аут

По Југославија, Црна Гора, Македонија и Словенија, темпераментниот Црногорец од лани е селектор на Иран. На мечот против Чиле кој го добија со 25:24 свика тајм аут за да искара еден од играчите, дека се занесува како да е една многу добро позната шведска легенда.

НБА топ 10 за јануари

Врвни потези имаше месецов во најдобрата кошаркарска лига на свет. Леброн, Ембид, Јокиќ и други.

Кој му го здипли рекетот на Надал?

Комедии на Австралија опен уште во прво коло. Рафаел Надал го елиминираше Британецот Џек Дрејпер со 3:1, но во еден момент се пожали дека му фали еден од рекетите. Судијата почна да врти телефони, а шпанскиот тенисер низ насмевка рече дека изгледа му го земал детето што собира топки.

Германецот Бени и е верен на Македонија и во Краков

Дечкото бил на 116 фудбалски натпревари на Германија, но повеќе не ја бодри. Шетан е во 67 земји и се заљубува во Македонија и нашите навивачи, ги учи песните и редовно оди на гостувања. Почна со  фудбалски, а од лани го има и на ракометни. Каков лик.

Комична утка на Светското во ракомет

На мечот Бразил - Уругвај кој Бразилците го добија убедливо 35-24, Уруваецот Џовани Капело промаши празен гол од девет метри. Јужноамериканската селекција по двата порази, ги чека средба со Шведска па очигледно е дека ќе испаднат од трка за понатамошен пласман.

Кога Јувентус последен пат примил 5 гола, меѓу стрелците бил и Алегри

За најтрофејниот италијански клуб несвојствено е да прима по 5 гола на натпревар. Наполи на медиумите им отвори работа да копаат во историјата кога претходно им се случувале вакви порази. Со последните два е поврзан Алегри.

Фрустрацијата кога ќе изгубиш од претпоследниот

На Лион не му оди сезонава и се наоѓа на 9-та позиција. Интересно имаат ист број на порази, вкупно осми со Стразбур кој од 19-та рипна на 16-та позиција. Лион - Стразбур 1:2. Напаѓачот Карл Токо Екамби играше во напад и во тунел.

Луда тројка на Јокиќ во последна секунда за победа

Денвер Нагетс имаше 15 поени предност на крајот од третата четвртина од дуелот со Орландо Меџик, но гостите се вратија и поведоа во последниот период. До крајот се играше кош за кош а на 1,2 секунди пред крајот при резултат 116:116 Никола Јокиќ реши да шутира преку високиот Франц Вагнер. И погоди за делириум во салата и нова победа на Нагетс.

Најмалерозниот голман на сите времиња

Чик Броди е голема клупска легенда на Брентфорд. Тој бранел на 219 натпревари и во ’60-те години бил еден од најдобрите англиски голмани. Но неговата кариера завршила апсурдно малерозно. За време на еден меч меѓу Колчестер и Брентфорд во 1969-та година на сред терен влегува куче и трча безумно по цело игралиште. Натпреварот не се прекинува а во еден момент кучето се залетува по топката и удира во голманот Броди. Епилог: скинати лигаменти, тешка повреда и крај на една богата кариера.

Британски хумор најјак на свет

Во саботата во Премиер лига играа Евертон и Саутемптон. Гостите решиле да дојдат ден претходно и да преспијат во хотел во Ливерпул (растојанието меѓу градовите е 300 км). Во текот на ноќта некои навивачи на „карамелите“ распалиле огномет со цел да им го нарушат сонот на гостите. На крај Саутемптон победи 1-2 после пресврт па оставиле убав коментар и препорака на сметка на хотелот.

Бразилски шмек на дербито на северен Лондон

Арсенал е top of the league. Дечките од северен Лондон играат сјајна сезона и заслужено се први на табела со дури осум бода пред силниот Ман. Сити на Гвардиола. Во неделата на гости го победија вечниот ривал Тотенхем со 0:2 а демонстрација на моќ имаше Бразилецот Мартинели со лежерен прием на грб.

Клоцање среде дерби во Премиер лига какво што немало одамна

Арсенал со 0-2 го совлада Тотенхем на гости во големото лондонско дерби и се одлепи на огромни +8 пред Манчестер Сити на табелата. „Топџиите“ остварија голема победа над омразениот ривал кој не можеше да се помири со поразот на крај па еден навивач го клоцна голманот на Арсенал Рамсдејл кој ја доби наградата за играч не мечот откако бранеше совршено.

Како се служи наполитанско кафе после петардата над Јуве?

Кога во Италија се нарачува кафе, се мисли на еспресо, ама од викендов во Неапол најслатко и најпродавано кафе е капучиното.

Барса со свои деца како некогаш, му го зема скалпот на Реал Мадрид

Со маестрална игра фудбалерите на Барселона го совладаа најголемиот ривал 3:1 и не му оставија ни промил шанса на Реал Мадрид да стигне до трофејот. Ова е прв пехар за Каталонците после цели две години и прв голем трофеј за Чави како тренер.

Малери на колото во Србија кои ни со палка и пиштол не стигнаа до максимална добивка

Во српското село Љубиќ во Чачак, во кладилница влегуваат двајца маскирани разбојници, кои место кец у кец, им се случи кец у два. Успеаа да земат малку кеш, ама сигурно не колку што планирале, бидејќи вработената им се сипа и ги набрка за неколку секунди, а тој со црната јакна пиштол држи во десната рака. 

Мајсторски финиш на Миовски еден на еден со голман

По шест натпревари без гол, Бојан Миовски и годинава ја продолжува одличната деби сезона во Шкотска каде на конто има 12 гола на 23 средби. Македонскиот центарфор го отвори резултатот во првиот дел со одлична завршница, но во финалето на Лига Купот во Шкотска оди Глазгов Ренџерс, бидејќи го сврте резултат на 2:1.