Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Новиот пулен на Милевски реши натпревар во Белгија

Благоја Милевски за квалификацискиот меч против Украина во сабота, дополнително го повика Ердон Даци. Се работи за 25 годишен напаѓач роден во Скопје, кој викендов му го донесе првиот триумф на Вестерло сезонава, во 10. коло од белгискиот шампионат против Кортријк.

Милан има нов голман по име Оливие Жиру, дресовите отидоа како алва

Ветеранот на Милан викендов стана хит број 1 во сосема поинаква улога. На забавата се приклучи и неговиот клуб кој го смести меѓу голманите.

Пеп Гвардиола утрово во Италија: „Меси е најдобар играч кој сум го видел“

Прилично изненадно, најдобриот светски тренер на денешницата, по синоќешниот пораз од Арсенал (1:0), претпладнево се појавил на една конференција „Дијалози за талентот“ во италијанскиот град Кунео.

Нов рекорд за најбрз пит-стоп во Ф1 на сите времиња

На трката за Големата награда на Катар на која победи Макс Ферстапен, а две места на подиумот освоија и второпласираниот Пиастри и третиот Ландо Норис од Мекларен, овој тим постави и нов рекорд во најбрз пит-стоп на сите времиња. Вториот пит-стоп на Норис бил измерен на 1,8 секунди за колку што техничарите му ги смениле гумите на Ферстапен на трката за ГН на Бразил.

Крудели да ти имал јака конкуренција

И овој е Италијанец, по гласот личи на помлад и е сериозен кандидaт за наследник на неприкосновениот Тицијано Крудели кој и на 80 години прави шоу во студио кога игра Милан. Ќе се уверите од реакцијата, кога судијата го потврди голот на Пулишиќ со ВАР. Немало до сега ваква реакција на друг коментатор.

Крудели е неуништлив, имаше ново шоу

Во студиото на италијанската тв 7, во емисијата Дирета стадио, Тицијано Крудели, легендарниот коментатор на дуелите на Милан, падна во еуфорија кога Кристијан Пулишиќ во 87’ минута даде победнички гол кај Џенова за 0-1. Овој натпревар беше најлуд во цело коло, со црвени картони за двата голмани и со шпицот Жиру како голман на крајот.

Што е со чудесниов еврогол на Коман?

Баерн Минхен го збриша Фрајбург со 3:0. Коман беше двоен стрелец на мечот, а топ тема во Минхен и Бундеслигата ова коло е начинот на кој го отвори резултат во 12 минута.

Најголемото промашување во кариерата на Мбапе

Со головите на Витиња, Хакими и Коло Муани, ПСЖ го доби Рен на гости со 1:3. Мбапе на крај имаше шанса за 1:4, сè направи како што треба, но на крајот имаше пацерски финиш, што е скроз нетипично за класа играч како него.

Ќе им го мериш паметот

Лестер Сити има извонреден старт на сезоната и во 11 кола во втората лига Чемпионшип има 10 победи и само 1 пораз. Со освоени 30 бода се први на табела. Во саботата со 2-0 го победија Стоук чии двајца глупави навивачи му се сипаа на едно мало дете зошто им го покажувал резултатот.

Остри зборови на Фемили Аеродром до Перо Антиќ

Навивачите на МЗТ Скопје веќе некое време се свртени против првиот човек на КФМ. Овој пат го нападнаа најсилно, со образложение во каква состојба е мак баскетот.

Два историски рекорди на мечот Гранада - Барселона

Барселона спасуваше едвај бод против претпоследнопласираната Гранада во натпревар во кој гостите дадоа гол за 2:2 во 85’ минута. Гранада водеше 2:0 така што Барса може да биде презадоволна од бодот. Интересно на овој меч имаше два рекорди.

Убав гол на Ристовски во пресрет на Украина

Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски го постигна првиот гол сезонава, во вистинско време. Спартак Трнава славепе 1:2 над Банска Бистрица, а Ристовски го постигна вториот гол за својот тим, а воедно и прв сезонава откако одлично се ослободи од својот чувар.

Семејна драма на некогашниот фудбалер на Челси, Арсенал и Ливерпул од Израел

Блиското семејство на четириесет и три годишниот Јуси Бенајун, кого го паметиме по фантастичните настапи во англиската Премиер лига каде играше за КПР, Челси, Вест Хем, Ливерпул и Арсенал, преживеало права драма по страшните напади на Хамас врз Израел.

Смешен автогол на Кјелини во САД

Тимот на Лос Анџелес за кој игра некогашниот капитен на Јувентус и репрезентацијата на Италија, славеше на гости кај Остин со 2-4. Џорџоне си даде автогол во судиско продолжение и по негова среќа кога веќе водеа убедливо 1-4.

Жиру бранеше и му сочува 3 бода на Милан со Џенова

Фудбалерите на Милан во 8. коло од Серија А ја совладаа Џенова на гости со 0:1, го искористија киксот на Интер со Болоња 0:0 и запоседнаа на прво место на табелата. На мечот во Џенова имаше сè и сешто.

Само во Македонија се судат вакви срамни пенали

Воска Спорт славеше против Македонија Ѓорче Петров со 2:1, ама погледнете со каков пенал и тоа за чудо досуден од нашиот најдобриот судија со богато меѓународно искуство, Александар Ставрев. Кај нас нема ВАР, туку срам.

Деби гол на Несторовски за Асколи

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја начна мрежата и во третата италијанска авантура после оние во Палермо и Удинезе. Нестор му донесе предност на Асколи против Сампдорија во 49-та минута, но гостите ги поставија конечните 1:1 само две минути подоцна преку Борини од пенал.

Лудачки пресврт на џокерот Мектоминеј во 93-та и 97-ма за победа на Манчестер

По поразите од Кристал Палас и Галатасарај, Манчестер Јунајтед беше готов да потоне трет по ред на Олд Трафорд. Но внимавајте го добро финишов. Од 26 минута губеа 0:1 од Брентфорд. Скот Мектоминеј влезе во 87-ма и збрца два гола во судиското продолжение за победа и делириум на трибините. И тоа вториот на асистенција на Мегваер. 93-та и 97-ма. Неверојатно.

Дај ваков гол од корнер да те видам

Добро, треба да ти се погоди и голманот.

Само Жозе знае да направи ваква парада пред камери

По триумфот над Сервет од Швајцарија во ЛЕ, додека Мурињо даваше изјава, го викна до него 19 годишниот Франческо Д`Алесио од Примавера на кој ноќта му овозможи на дебитира во прв тим. Потоа во свој стил раскажа една куса и убава случка, која се разбира оди во прилог на неговиот имиџ. Еј кој курназ е.

Како и колку време работел Бекам за да го донесе Меси?

Четири години. Да, четири години им било потребно на Бекам и неговите партнери за да го направат трансферот од соништата кој направи тектонски промени во Америка. Секое сабајле одел да го гледа на тренинг.

Цела полска дипломатија и премиер на нозе за хаосот во Алкмар

Иако Лига Европа и Лига Конференции секој четврток носат навивачки пресметки ширум континентот, овојпат во Холандија на мечот меѓу АЗ Алкмар и Легија Варшава навивачите биле апсолутно добри и коректни но не и холандската полиција.

Како се тестираат сводовите во белградска Штарк Арена

Кошаркарската Евролига започна, а уште во 1. коло навивачите на Црвена Звезда ја направија фамозната атмосфера пред која сакаат да играат многу евролигашки кошаркари. Во триумфот 94-73 над француски Лион АСВЕЛ, околу 20.000 навивачи направија громогласна атмосфера.

Нетфликс го најави документарецот за Рене Игита

Ќе остане запаметен како голман кој ја измисли и изведе најризичната интервенција во историјата на фудбалот со таканаречениот скорпион удар. Икона на колумбиската репрезентација, онаа најсилната од почеток на 90-те со Асприља, Валдерама и останатите. Беше уапсен бидејќи го посети Пабло Ескобар во затвор. 49 гола има постигнато.