
После мечот Норвежанецот Мартин Едегард направил убава сцена, отишол и го фотографирал легендарниот фотограф на „топџиите“ Стјуарт Мекфарлен кој во Арсенал работи цели 34 години! А навива цел живот:
Ова им засметало на Гери Невил и Џејми Карагер па првиот рекол: „Незрела прослава. Ова е незрело славје. Мислам дека Арсенал и Манчестер Сити претеруваат во прослава на победите“.
А Карагер, очигледно фрустриран од тешкиот пораз на црвените рекол за Одегард: „Оди си во тунелот. Си победил, си освоил три бода, пак си во трката за титула. Едноставно оди во тунелот! Искрено велам“
Изгледа на Џејми не му смета кога после секој триумф на Ливерпул Јирген Клоп еуфорично оди да ги поздрави навивачите, често скока по теренот и со кренати раце слави победа.