Offside

Ју Циди, 13-годишното девојче од Кина е право светско спортско чудо. Таа веќе го импресионираше светот на спортот а сега прави нови подвизи.

Лудо вадење топка од гол линија на Фулам

И покрај вкупно 10 шута во рамки на двата гола а 46 обиди, ни Фулам ни Евертон не најдоа пат до мрежата на голманите. На крај 0-0, задоволни сите со бод. Иако малку фалеше гостите да однесат три бода, ама гол-технологијата која покажува милиметарски прецизен исход, одлучи дека топката не поминала со цел обем.

Буркина Фасо го има најпацерскиот автогол на Африканскиот Куп на нации

Комплетирани се четвртфиналните двојки на континенталниот африкански собир. Мали се среќава со домаќинот, Брегот на Слоновата коска откако ја елеминираа селекцијата на Буркина Фасо со 2:1. Поведоа по само три минути игра поради Табсоба кој си ја закопа на несмасен начин.

Нов гол на Миовски, сега е втор стрелец во Шкотска

Продолжува фантастичната серија на македонскиот центарфор и веќе ја потврди најдобрата сезона во кариерата.

Реакција на мало дете кое се појавува за прв пат на Јувентус стадиум

Малиот нека има 3 години, еве и 4. Влегува, седнува и атмосферата го маѓепсува до толку, што 2% не го рецка татко му.

Од лузер до победник: Како Синер стана „убиец“ против големите тенисери?

Од Пекинг наваму, Италијанецот однесе дома 10 победи на 11 меча против ривалите од топ 5 на АТП, а претходно скорот му беше 4 од 23. Чекор по чекор, стана најдобар меѓу најдобрите.

Кои се најдобри поентерски учиноци во НБА сезонава?

Во регуларниот дел од сезоната во НБА како ретко кога големите суперѕвезди имаа неверојатни индивидуални претстави со над 50-60-70 поени.

Во животот треба да си Џејмс Медисон

Дваесет и седум годишниот Џејмс Медисон, врвен техничар кој од Лестер премина во Тотенхем и сега се врати на терен после долга пауза, еднаш ги зезна навивачите на Борнмут уште додека играше за Лестер. Го навредуваа од трибини со песна „Саутгејт (селекторот) е во право, за *** не те бива“. Медисон мангупски ги цимна. Скоро нешто слично им направи Алфи Доути од Лутон на навивачите на Шефилд Јунајтед.

Легендарно тениско парче, Сампрас vs Агаси

Пит Сампрас, Андре Агаси, Борис Бекер, Штефан Едберг, Горан Иванишевиќ, Штефи Граф, Мартина Хингис, Моника Селеш, Мартина Навратилова. Други времиња со едни други мајстори кои владееа во тенисот. Налетавме на две минутен клип од АТП финале старо 25 години меѓу две славни американски имиња кои создадоа големо ривалство.

Ирачки центарфор исклучен поради имитација на прослава

Репрезентацијата на Јордан сензационално влегла во четвртфинале на Куп на Азија откако го совладала Ирак 2:3 со голови во 90+5’ и 90+7’ минута. Претходно Ирачаните играле со играч помалку од 77’ минута откако Ајмен Хусеин, стрелецот на вториот погодок за Ирак го прославил на идентичен начин како Јорданците првиот погодок - со изведба на ручек на левантски начин.

Корнерите на Карлсруе

Германскиот бундеслигаш Карлсруе веќе некое време има чудна тактика за корнери. Кој не им ја знае, ќе се збуни кога ќе ги види што прават пред секој корнер.

Бразилски потег на месецот

А ќе се сложите дека не би претерале ако би рекле дека ова што го направи Елвис, 33-годишен бразилски фудбалер на Понте Прета е потег на сезоната. Ау ау ау!

Голеада меѓу Ал Хилал и Интер Мајами, деби гол на Суарез

Ал Хилал славеше против Интер Мајами со 4:3 на пријателски меч кој беше решен во 88 минута со голот на Малком. Резултатот отвори Митровиќ, а меѓу стрелците за американскиот тим беа Меси и Суарез.

НБА ѕвезда уапсена поради дрога и оружје

Триесет и седум годишниот Раџон Рондо кој освои две шампионски титули во НБА и 4 пати беше дел од Ол-Стар мечот, синоќа бил уапсен во Индијана поради нелегално држење наркотици, прибор за дрога и пиштол.

Топка со очи на Барди

Капитенот на Македонија го одигра цел натпревар против Кашимпаша и му подари маестрална асистенција на Енис Дестан кој го отвори резултатот по 19 минути игра. Но гостите направија пресврт и славеа 2:3. Трабзонспор е трет на табела со 23 бода заостанување зад Фенербахче и Галатасарај.

45 поени на Дончиќ и нова лудорија и тоа од своја половина

Само два дена откако ја торпедираше Атланта Хокс со страшни 73 поени, Лука Дончиќ го попари Орландо Меџик со нови 45 поени.

Величествената кариера на нишлијата Карабатиќ со 11 златни медали

Замислете да сте спортист и од 2002-ра година до денес, секоја година со исклучок на една, сета пот и сите жртви, на крајот на сезоната да ви се вратат со шампионска првенствена титула. А да е само тоа?

Зошто и од што мака Чави си оди од Барселона?

По шокот со Јирген Клоп кој отворено и чесно призна дека веќе немал енергија да го води Ливерпул и дека на крајот од сезоната заминува, идентичен шок на навивачите им приреди и Чави, тренерот на Барселона.

Бомбата на Пранди против Шведска ги потсети битолчани на слично ремек дело против Вардар

Полуфиналето меѓу Франција и Шведска, кое Французите го решија во продолженија после слободен удар по истекот на 60-те минути е вистинска реткост во ракометот. Таков финиш се памети и на дербито меѓу Пелистер и Вардар на 11 октомври 2006-та. Проектилот го постигна Дејан Пецаковски, за победа и делириум во салата Младост.

Акробатскиот кош на Бразилецот кој го реши белградското дерби

Во вечното дерби кое се играше во 18. коло од регионалната АБА лига, Црвена Звезда го победи Партизан 88:86 и сега двата тима имаат по две победи сезонава против најголемиот ривал односно односот е 2-2 во триумфи. Бразилецот Јаго Дос Сантос го реши мечот со кош во последните секунди од мечот. Во стилот на Џордан.

Некој друг да се пофали со ваков мангупски гол против Донарума?

ПСЖ одигра 2:2 против Брест кој се искачи на трето место и прокоцка водство од 2:0. Бодот на гостите им го донесе Матијас Переира во 80-та минута со велемајсторија, која сигурно и самиот ќе си ја гледа на Јутјуб по 10 пати на ден.

Голманот на Анкарагучу со чудесна одбрана му спречи голчиште на Тадиќ

Фенербахче го совлада Анкарагучу со 2:1 и ја задржа лидерската позиција во Турција со +3 пред Галатасарај. Обрнете внимание на интервенцијата на гостинскиот тим, Бахадир Хан Гунгорду при ударот на Тадиќ. Човек - пајак.

Атомски ракомет во Келн - Франција е европски шампион!

Француската ракометна репрезентација по четврти пат стигна до европското злато откако во мегдан на титаните во Келн вечерва, во големото финале ја совлада Данска 33:30.

Шампионски пресврт на Јаник Синер, првиот Италијанец на тронот во Мелбурн

По сензационалниот триумф над бранителот Новак Ѓоковиќ со еден загубен сет, Синер одигра уште една страшна партија и по негатива од 0:2 ја освои Австралија опен, со јуначки пресврт против Медведев кој се чинеше дека ја има титулата.

Македонија на баражот за СП доби непосакуван противник

„Неатрактивна ракометна селекција, но многу квалитетна“ е дел од коментарот на селекторот Кире Лазаров во врска со денешната ждрепка за Мундијалот 2025.