Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

А на тема финале во ЛШ, Чаби Алонсо има нешто да му каже на Анчелоти

Чаби Алонсо има освоено два трофеи во Лига на шампиони, првиот како играч на Ливерпул против Анчелоти (2005), вториот како играч на Реал со Анчелоти (2014). Еднаш му ја начна таа тема кога му беше тренер во Баерн и се разбира нема љутиш, Карло е господин човек.

1 минутно уживање со голчиштата на Лука Модриќ

Со 38 години и 266 дена, Модриќ вечерва на Вембли ќе стане четврти најстар играч во финале од ЛШ. Пред него се само Ван дер Сар, Буфон и Малдини, a Хрватот ќе го мине Лотар Матеус. Најстар освојувач на трофеј во ЛШ е Малдини со 38 години и 331 ден, што значи ако Лука вечерва слави ќе втор. Финалињата му се 5 од 5.

Незаборавната завршница на Камп Ноу од финалето во ЛШ 1999

26 мај 1999, стадион Камп Ноу, гледачи 90.000, судија Пјерлуиџи Колина. 6 минута Марио Баслер 0:1, 91 минута Теди Шерингам 1:1, 93 минута Оле Гунар Солскјер 2:1. Ниту имало ниту ќе има друг ваков пресврт во Лига на шампиони. Шок за срцев удар.

Ќе фалиш будалче, ќе нема кој да вика

А едно време мислевме дека нема потемпераментен тренер од Валтер Мацари.

Топ 5 сензации во топ 5 европските лиги

Убавината на фудбалот ниту од далеку не се состои само во моќниците кои со фаворитска улога ја освојуваат титулата, каков што беше годинава случајот со Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Интер. Има многу шмек кај помалите екипи, а оваа сезона тој шмек кај нив беше нешто посебно.

Колку се разгалени тенисериве, ко шах да играат

Еден играч на овогодинешното Отворено првенство на Франција рекол дека некој гледач го гаѓал со мастика. Женскиот број 1 Ига Швјонтек од Полска ја стишувала публиката на главниот терен зошто многу галамеле за време на размените.

Каква е бе оваа борба?

Видеото е од Романија и толку, друго ништо не ни е јасно.

Најјаката тетоважа со ликот на Клоп

Илјадници навивачи на Ливерпул ширум светот го истетовирале ликот на Клоп. Но една од последните е стварно врвна.

Лука имаше што да му каже на Снуп Дог во први редови

Со 36 поени (14/22 од игра) од кои дури 20 поени во прва четвртина, Лука Дончиќ на фантастичен начин го однесе својот Далас Маверикс во големото НБА финале каде ги чека Бостон Селтикс. Во публика во први редови седел легендарниот рапер Снуп Дог па или тој или некој до него му дофрлал постојано на Лука дека плачел кај судиите. Во еден момент им врати и го насмеа раперот.

Немилосрдната прва четвртина на Дончиќ кој експлодираше со 20 поени и 4 тројки

Кошаркарите на Минесота Тимбервулфс немаа никакви шанси против ваков Далас кој ги здроби со 19 поени разлика, а на полувреме имаше +29. Лука блесна уште на стартот и погодуваше луди тројки. Погледнете му ја првата четвртина спакувана по 1 минута и кусур.

Дончиќ пиеше пиво, Финли му го зема од рака

Лука ја игра сезоната на кариерата. Со фантастични партии прво го донесе Далас во плејофот, а таму направија растур со Кајри Ирвинг и другарите. Ја испрашија Минесота Тимбервулвс со 4-1 во финалето на Западот и влегоа во големото финале на НБА. Дончиќ после мечот пиел пиво со татко му кога Мајкл Финли случајно или не му го зел од рака и не му го вратил.

Дончиќ и Ирвинг се незапирливи, Далас оди во финале

Маверикс ја збришаа незгодната Минесота со 4:1 и закажаа големо НБА финале против Бостон. За МВП во финалната серија од Западната конференција е прогласен Лука Дончиќ.

Спонзор на Борусија Дортмунд ќе и биде фабрика за оружје

Германскиот гигант Борусија Дортмунд која во сабота вечер против Реал Мадрид ќе игра во финалето на Лига на шампиони, потпишал договор за спонзорство со германската фабрика за производство на оружје Rheinmetall.

Дома ќе си ги носиме столчињата, прв европски трофеј ни е

Обично како сувенир од стадион, навивачите знаат дома да си однесат од тревата или евентуално ако успеат да скинат дел од мрежата на голот, ама овие на Олимпијакос отидоа малку подалеку. Столчиња корнеле.

Потресната исповед на алпинистот Здравко Дејановиќ

Еден од најдобрите македонски и европски хималаисти, Здравко Дејановиќ раскажа на својот Фејсбук профил што се случувало при неговото искачување на страшниот врв Лотце (8.516 метри надморска висина) во Непал. Дејановиќ има повеќе врвови над 8.000 метри.

Необични факти за тренерот на Олимпијакос

Хозе Луис Мендилибар е релативно непознато тренерско име и не е грев ако не го знаете кога ќе ја прочитате листата на екипи кои ги водел. Но, затоа сега сите ќе го запомнат. Последниве две сезони му се чудо над чудата. Внимавајте добро.

И 1.400 километри ако треба

Поради страшни поплави предизвикани од непрекинати дождови, во јужен Бразил, во државата Рио Гранде до Сул, во Порто Алегре Во страшните поплави предизвикани од дождови од крајот на април и речиси цел мај, настрадале најмалку 169 лица, а 580.000 биле приморани да ги напуштат своите домови. Многу области се во застој.

Што му текна на Баерн Минхен да се реши за Компани?

Баерн Минхен за првпат во својата славна клупска историја не можеше да најде асален тренер, односно немало едногласни одлуки во управата за дури 9-10 одлични стратези од кои пак некои во моментов процениле дека им е подобро таму каде што се.

Панчев: Ѕвезда е живот, кога го облеков дресов добив желба да истрчам на терен

Црвена Ѕвезда ја одбележа 33 годишнината од европската титула на уникатен начин. Дојде на гости во Скопје и го разубави фан шопот со производи на кои стои името Дарко Панчев.

Да видите како дојде француски репрезентативец на собир

Жил Кунде се смета за еден од подобрите одбранбени фудбалери во Европа. Има 25 години игра за Барселона која за него на Севиља и плати 50 милиони евра. Кунде игра како стопер и како десен бек. И сè е добро до моментот кога ќе видите како се облекол за собирот на француската репрезентација пред Европско првенство во базата Клерфонтен.

Ако се прашуваше некој кај е Марсело

Бразилскиот лев бек кој е еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња и кој стана клупска легенда на Реал Мадрид, веќе неколку месеци игра за својот матичен клуб Флуминенсе. И игра добро на 37 години. Синоќа на меч од 6. коло од групна фаза во Копа Либертадорес постигнал гол во триумфот од 3-2 над перуанска Алијанса Лима.

Малдини ни на сервис пред зграда не би ги земал овие

Чикаго vs Орландо, МЛС лига и дефиниција за тоа како НЕ треба да се игра во одбрана. 7 изгубени статисти на мал простор не знаеа кај тераат.

Светот слушна за Халанд кога даде 9 гола на 1 меч

Во 3. коло од групна фаза на Светско младинско првенство У-20, Норвешка со 12-0 го совлада Хондурас. Натпреварот се играше на денешен ден пред точно 5 години. Ерлинг Халанд тогаш имаше неполни 18 години а постигна верувале или не на тој меч дури 9 гола. Три хет-трика. После тоа за него се заинтересираа големите европски клубови.