На каналот којшто го пренесувал во живо мечот Бразил - Еквадор се погодило во програмата да оди последната епизода од бразилската серија Renascer (Препород) која што ја гледал секој трет-четврти Бразилец таа вечер на телевизија.
Оваа серија не е многу позната надвор од пределите на Бразил, нема ниту оценки на познатите страници за филмови. Ова е феномен за разгледување.
КАКО БРАЗИЛ НАПРАВИЛ СЕРИЈА ИГРАНИ СЕРИИ И СТАНАЛЕ ПОПУЛАРНИ ШИРУМ СВЕТОТ?
Се започнало во ’60-те години. Гледачите веќе биле уморни од сериите од САД, а каналите вложувале пари само во едноставни, просечни мексикански серии кои биле класични теленовели за домаќинките.
Веќе близу до ’80-те години се се сменило: почнале активно да се снимаат бразилски серии кои се прикажувале и надвор, во 30-ина земји од западна Европа до Кина. Воглавном ги продуцирал главниот бразилски национален сервис TV Globo. Во ’80-те години бразилските серии веќе биле предмет на интерес на американските културолози и новинари.
Веројатно имате стереотип за типична бразилска, латино серија: богати против сиромашни, љубовни триаголници, емотивен претеризам на глумиците и глумците, крупни кадри, гласна музика за време на важните сцени и игнорирање важни теми како политика.
Бум на тв сериите се случил за време на најтешкиот период во земјата - за време на владеењето на воената диктатура. Поради финансиска нестабилност и цензури (на пример било забрането какво било спомнување дроги или прикажување неверства), режисерите и глумците немале избор: готово долго време не биле пуштани квалитетни играни филмови па единствен излез им биле тв сериите. Затоа сите преминале да снимаат серии а ТВ Глобо можел да сними шест епизоди од различни приказни во иста вечер во едно студио.
Шефот на меѓународното одделение на ТВ Глобо, Едуард Боргерт верувал дека тоа било тајниот рецепт за светски успех: во едноставноста на сценариото и универзанлоста.
„Тоа се ситуации кои ги наоѓате кај Шекспир - љубов, семејни расправии, измами, неправда. Во такви приказни секој може да се види себеси“, вели Боргерт.
Режисерот на сериите за ТВ Глобо вели дека бразилските серии секогаш имале шаренолика глумачка постава: „Постои нешто во мешавината на расите во Бразил, од Африканци до германски русокоси, што придонесува за идентификација со еден или со друг лик. Во англиските серии пример сите изгледаат само како Англичани“.
Огромен интерес за бразилските серии на ТВ Глобо стигнал и до Советски сојуз. Пример првата епизода „Escrava Isaura“ во СССР ја прикажувале во 1988-ма година иако таа била голем хит во Бразил уште во ’70-те години.
КАКО СЕРИИТЕ ВЛИЈААТ НА ЖИВОТОТ НА БРАЗИЛЦИТЕ?
Бразилските серии денес се многу посложени. И нивните автори велат дека сега конкретно можат да го одразат општеството и да се развиваат заедно со земјата. „Благодарение на сериите Бразилците сега се чувствуваат себеси како Бразилци. Никој не знае што ќе биде со малите серии понатаму но тие ќе живеат“.
Не само што луѓето влијаеле на ТВ сериите туку и спротивно. Неколку студии од 2009-2011 докажале дека во средините каде Глобо ги давал сериите, некои жени поретко раѓале отколку во другите средини каде немало сапуници. Тоа е според авторите поради доминантната сликана жената во сериите: сега веќе таа не треба да живее во сиромаштија опкружена со седум деца и веќе се почитува себеси повеќе како личност која настојува да се развива.