Макс Ферстапен има 59 бода повеќе од второпласираниот Ландо Норис во генералниот пласман, а Норис ја стопи разликата на три поени по трката во Азербејџан минатиот викенд иако стартуваше дури од 15-та позиција, 9 послабо од Макс Ферстапен.
На крајот Норис во Баку го претрка Ферстапен, завршуи како 4-ти и го смали заостатокот. Победник на трката во главниот град на Азербејџан беше Оскар Пијастри, младиот 23-годишен Австралиец од Мелбурн кој вози за Мекларен.
„Макс ми делува како да е скршен, го нема веќе оној негов жар и веќе не се бори толку жустро како порано. Дури и на радио едвај да го слушаме. Нешто се сменило. Неговиот болид не се однесува онака како што тој би сакал и Перез беше многу побрз од Макс“, вели легендарниот Жак Вилнев кој во 1997-ма година стана првиот Канаѓанец кој освоил шампионска титула додека возеше за Вилијамс.
Ред Бул за некое чудо веќе не е прв во генералниот пласман на Формула 1, Мекларен го прескокна на табелата за конструктори и има 20 поени повеќе што е тотално неочекувано во текот на сезоната.
Последен пат Ред Бул победи меѓу конструкторите на 23-ти јуни. Макс Ферстепн од таа трка во Шпанија пред неколку месеци има: 5 место во Австрија, 2 место во Силверстон (Велика Британија), 5 место во Унгарија, 4-та позиција во Спа Франкошамп (Белгија), 2 место во својата Холандија, 6 место во Монца (Италија) и сега минатиот викенд во Азербејџан заврши на 5 место.
Дури 7 трки апсолутниот шампион Макс Ферстапен не може да се препознае себеси. А и неговите навивачи кои се надеваат дека ќе ја одржи бодовната предност.