Бразилецот Сержињо беше дел од една успешна генерација на Милан која освојуваше шампионски трофеи. Левиот офанзивен бек цели 9 сезони го носеше црвено-црниот дрес на Милан: од 1999-та до 2008-ма, Сержињо освои: скудето, Куп на Италија, Супер Куп на Италија, 2 пехари во Лига на шампиони (2003 и 2007), два Суперкупа на Европа и Светско клупско првенство.
Својата кариера ја заврши во саканиот Милан чии навивачи минатиот викенд на мечот со Венеција кренаа парола во знак на поддршка по трагичната загуба на 20-годишниот син Диего.
„Сержињо, Curva Sud (Јужна трибина) сочувствува со твојата неизмерна болка“.
Бразилецот одговорил на ова со голема благодарност: „Curva Sud што да се каже кога во еден ваков многу болен момент поради смртта на мојот сакан син добивам ваков омаж, ако се знае дека срцето ми е комплетно скршено, но има гестови како вашиот кои ми даваат сила да продолжам напред. Од длабочина на срцето ви благодарам на сите вам, знаете дека засекогаш ќе бидете дел од мојот живот, во животот на моето семејство и во моите најубави соништа“, напишал Сержињо кој забележа 185 настапи, постигна 24 гола и имаше 54 асистенции за Милан.