Offside

Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.

Туку, слушнавте ли за блесавиот пресврт во Премиер лига синоќа?

Во натпревар од 28. коло на англиската Премиер лига, кој секако остана во трет, четврти план поради натпреварите од Лига на шампиони синоќа, се случил еден од најлудите пресврти во англискиот фудбал. Борнмут и Лутон Таун режирале спектакл.

Симеоне плачеше по драматичната победа

Атлетико Мадрид и Интер режираа страшен ролеркостер кој траеше 120 минути и плус пенали. Драма. На крајот шпанскиот состав оди во четвртфинале по триумфот на пенали. Диего Чоло Симеоне после мечот се расплака од среќа.

По гол и асистенција за Меси и Суарез кои одат по нов пехар

Лионел Меси дури четири пати го креваше трофејот во европската Лига на шампиони а сега со неговите другари од славната генерација на Барселона, Суарез, Бускетц и Жорди Алба планираат и да слават во Купот на шампионите за Северна и Централна Америка.

Индиска одбрана на денот

Коментаторот вели дека ова е одбрана на сезоната, ама нејасно е за која зборува, бидејќи овде гледаме вкупно четири од кои три на голманот. Да не постоеше, требаше да го измислиме крајот на акцијава. Замисли ова да го гледаш во живо и да чекаш гол за добивка?

На ти 100че оди купи ми бургер

Така некако си поигра Санчо со својот чувар. Брзопотезно со еден потег го исфрли од игра.

Ја забележувате ли фалинката на белата точка додека се изведуваат пеналите?

TNT Sports Brasil објави видео, за жал само од изведувањето на промашените пенали на Интер. Токму на местото каде се става топката, веројатно има мала празнина во тревната подлога и пред секое изведување, поточно пред самиот удар, кога играчот со едната нога гази врз тревата, таа се подигнува малку. Најмалку тоа се случува со Алексис Санчез, а најмногу кај Лаутаро Мартинез кој ја дува над гол и веднаш погледнува збунето надолу.

Оди на Ибра или на Гатузо напрај му го ова

Легендарниот Лилиан Турам кој направи голема кариера и стана светски и европски првак со Франција, треба да си го преваспита син му Маркус. Стефан Савиќ ова му го прости синоќа, па дури и на смеа ја истераа работата, ама ваква глупост не би му прошла кај секој.

Интер прокоцка предност и утна три пенали, во четвртфинале одат Атлетико и Борусија

И покрај тоа што Интер замина со предност во Мадрид и поведе во 33 минута со голот на Ди Марко, се простува во осминафиналната фаза од ЛШ. Гризман и Депај го свртеа мечот на 2:1, а потоа момците на Симеоне беа подобри од белата точка со 3:2. Облак им фати два пенали на Санчез и Класен, а Лаутаро Мартинез ја опали над гол. Борусија го совлада ПСВ со 2:0.

Како Митровиќ го славеше светскиот рекорд со Ал Хилал

Бандата на Ал Хилал предводена од Милинковиќ, Митровиќ, Кулибали и компанија го совлада Ал Итихад и се пласираше во полуфиналето од азиската ЛШ. Фудбалерите на најдобриот саудиски тим стигнаа до неверојатна сероја од 28 победи по ред на официјални натпревари, што е светски рекорд. Во соблекувална се славеше во ритам, кој најдобро го држеше Митрогол.

Скорот на Ѓоковиќ против Италијанците

Не е проблем вкупниот биланс на Новак против тенисерите од Италија. Ги победил 50 пати на вкупно 58 соочувања, проблем е што не му оди против нив во последниве 12 месеци.

Поезијата на Кака на Олд Трафорд

На јако ретро налетавме по повод празникот кој се вика спортска среда тоест ЛШ. Се работи за страшниот состав на Милан од 2007-ма кога во полуфинале ќе го елиминираат Манчестер Јунајтед, а потоа и ќе ја освојат седмата европска титула. Дида го пронаоѓа Кака од кој паѓаат три жртви. Прв го загуби дуелот Флечер, потоа Хајнце, за на крај Евра да го разнесе Хајнце, а Кака смирено да ја смести во гол. Незаборавен слалом на Бразилецот.

Роналдињо сака да ви покаже една асистенција во ЛШ

Сезоната е 2005/2006 кога силниот Арсенал го загуби финалето од уште посилната Барселона. Роналдињо заврши како втор стрелец со 7 гола, два помалку од Шевченко. Во време кога овој човек беше незадржлив и играше во животна форма делеше асистенции од ваков тип. Инаку мечот е од групна фаза против Вердер Бремен.

Кое е 17-годишното дете на Барселона кое го скроти ѕверот Осимен

Светската фудбалска јавност беше збунета кога при претставување на составите пред мечот Барселона - Наполи во центарот на одбраната на домашните се појави името Пау Кубарси. Многумина помислиле и дека е некоја грешка од режија.

Анри знаел како ќе завршат пеналите на Арсенал - Порто

Нова интересна епизода од стручните коментатори на Си-Би-Ес. За време на последниот пенал на Бразилецот Галено од Порто, Анри станува од своето место и ја напушта просторијата со коментар: „Не ми делува сигурен, ќе промаши, ќе промаши“. И голманот на Арсенал Давид Раја му го одбрани пеналот.

Хаверц да ти бил манга

Арсенал и Порто одиграа драматичен реванш во 1/8 финале на Лига на шампиони. „Топџиите“ надоместија гол негатива од првиот дуел и натпреварот после продолженија отиде на пенали. Во првото продолжение Хаверц силеџиски го турна гостинскиот тренер Серџо Консеисао па имаше среќа што овој изреагира смирено.

Јокиќ има финта со врзување врвки

Навивачите во САД забележале еден интересен детал. Приметиле дека Никола Јокиќ веќе неколку пати кога има некоја спорна судиска одлука, пред да продолжи играта застанува да ги врзе врвките и со тоа им дава време на тренерот и клупата на големиот екран горе да видат дали да бараат прегледување на снимка. Неколку пати му успеало и прашање е дали овој тренд ќе се рашири во НБА па лигата да мора да реагира.

Германска третолигашка бајка: Сарбрикен е полуфиналист во Купот со гол во 93-та минута

Карлсруе го елиминираа во 91-ва, Баерн во 96-та, Борусија Менхенгладбах во 93-та минута. Најскапиот играч им вреди 700.000 евра. Што третолигаш ќе беше ова?

Чукарички има јунак кој успеа да здрви два гола од корнер

Кога кај нас ќе се спомне гол од корнер, веднаш се мисли на Артим Шаќири кој стана асоцијација. Истото и успеа и на Наташа Андонова. Пред една недела Вардар го доби Работнички токму со гол од корнер, дело на Дарко Глишиќ. Ама не паметиме на некој да му успеало вакво нешто два пати на ист натпревар. Лука Аџиќ од Чукарички против Спартак Суботица погоди на прва, а потоа и на втора статива. Неверојатно.

Шампионски танц на Барселона, Арсенал после пенал драма во следна фаза

Фудбалерите на Арсенал после цели 14 години се пласираа во четвртфинале на Лига на шампиони што е прав подвиг за „топџиите“ за што после пенал драмата со Порто зборуваше и тренерот Микел Артета. Во Барселона Каталонците благодарение на одличната игра одат во следна фаза по убедливиот триумф над Наполи.

Роналдо го избра најдобриот негов тим во историјата

Скоро секој втор ден некој легендарен фудбалер одговара на прашање кои се неговите најдобри 11, ама оние кои ги избра „Феноменот“ Роналдо се дефинитивно најдобри во историјата на своите позиции.

Голман на Алкалоид направи лудачки слалом и постигна гол од игра

Пазете ја ситуацијава во кадетскиот шампионат на Македонија. Алкалоид останува со двајца ракометари во игра плус голманот, а Еуфорам Пелистер го има цел тим. Голманот Ѓорѓи Николовски прима топка од центар, прави дар мар и им дава гол во финишот од средбата. Цела екипа му се фрли внатре во гол, за храброста и дрскоста против битолчани.

Јокиќ за зборот кој не се преведува на англиски

Најдобриот кошаркар во НБА кој е многу блиску до уште една МВП награда во кариерата, синоќа одигра нова страшна партија со 21. трипл-дабл во кариерата. Србинот постигна 35 поени со 17 скока, 12 аситенции и шест одземени топки и беше најзаслужен за големиот пресврт на Денвер Нагетс кој губеше -21 поен разлика на полувреме од Торонто Репторс но на крај победи.

Навивач на Партизан од затвор се јави во емисија

Наградата за гол на годинава ја дава ФИФА и тоа им го оставаме на нив да си го решат по пат на гласање, ама за навивач на годинава нема простор за туѓо мислење. Овој е тој и точка. Се јави во емисија во живо во тв К1 за да зборува за дербито Ѕвезда - Партизан и тоа мртов ладен. Инаку бил дел од групата Алкатраз, а поздрав за гостите упати и од неговиот цимер од келија. Раде Богдановиќ пукна од смеење.