Offside

Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.

Тонали се кладел на свој жолт картон во Њукасл

На 12-ти август минатата 2023-та година Њукасл ја отвори сезоната спектакуларно, со победа од 5-1 против Астон Вила. Навивачите на клубот од „Сент Џејмс Парк“ беа во екстаза. Им дојде од Милан најскапото засилување во историјата на клубот, Сандро Тонали (23) кој блесна со гол на дебито токму на овој меч.

Ќе речеш третолигаши vs второлигаши, а приредија шоу како за титула

Едните играат во трета лига, на табела се 11-ти, a го елиминираа Баерн. Другите се второлигаши кои се борат за опстанок и кои истовремено обезбедија пласман во финале. Купот во Германија сезонава е нешто посебно.

Што волеј ќе беше ова бе дете?

Николас Фонсека е роден во Неапол, годинава дебитирал за селекцијата на Уругвај, а член е на Ривер Плејт. Можеби некој ќе се сети на татко му Даниел Фонсека кој во 90-те играше за Наполи, Рома, Јувентус. Гледајте како му легна на пуна. Кутар голман, се исчаши целиот.

Ново душманско забивање на Ентони Едвардс

Минесота Тимбервулвс го доби Хјустон Рокетс со 113-106. Наз Реид беше играч на мечот со 25 поени, шест скока и две асистенции, а Ентони Едвардс стигна до 21 поен со пет скока и три асистенции. И го имаше второ најлудо забивање, негово лично, по она претходно кое важи за најдобро на сезоната.

Лекција од Јокиќ за Спарс - 42 поени со три забивања

Денвер Нагетс со 110-105 го совлада Сан Антонио Спарс на свој терен а одново доминантна фигура во тимот на шампионот беше нивниот лидер Никола Јокиќ.

Тренерот на Фулам направи три фрустрирачки измени во 30-та минута

Во натпревар од 31. коло во англиската Премиер лига, Нотингем Форест со 3-1 го совлада Фулам. Домаќините имаа 2-0 после само 19 минути игра, па гостинскиот тренер лут и кивен реши да направи тројна измена уште во 30-та минута. Права реткост е ова во фудбалот.

Блескави 45 минути за Роналдо со хет-трик и две асистенции

Во рок од четири дена, Кристијано Роналдо постигнува два хет-трика. Првиот во второ полувреме за 23 минути, вториот во прво за 31 минута. Така бе Кики, со фудбалски вештини полни ги насловните, а не да се корнеш од нервози за безвезни провокации.

Запознајте го македонскиот Лука Дончиќ кој одлепи со две тројки од паркинг

Се вика Бојан Стојановски, игра за второлигашот МЗТ Уни Банка, има 19 години и има рака сатар. Не паметиме дека Стефон Кари или Лука Дончиќ постигнале две тројки од кош на кош, на ист натпревар и тоа со звукот на сирената. На Бојан тоа му успеа на гостувањето против Мега баскет во Прилеп, меч кој го добија домаќините. И неговите се држеа за глава.

Нешто старо од Двејн Вејд, ама многу јако

Се работи за 2005-та кога Спарси беа шампиони. Главната ролја во видеово ја има Двејн Вејд, 23 годишен во тоа време. Мајами води против Феникс и се игра крајот на третата четвртина, што значи не е зорт за да се експлодира вака, ама Вејд се истакнува со крајно дрска игра во одбрана и уште подрзок кош.

Што е појако, пиво или гол?

Џенова одигра 1-1 со Фрозиноне и освои бод кој ги држи 10 поени над опасната зона за испаѓе. Под цртата и над цртата за втора лига се Емполи и Фрозиноне со по 25 бода. Навивачите на Џенова го прославија голот од пенал на Алберт Гудмундсон а некој остана без пивце.

Каква голчина падна во Норвешка

Во 1. коло од новата сезона во норвешката фудбалска лига Елитесериен, трофејниот Розенборг отвори со триумф од 2-0 над Сандерфјорд. Првиот гол на мечот беше дело на шпицот на домаќините, деветката Уле Сетер кој ја звизна од преку 25 метри во агол.

Ти треба гол во судиско? Викни го Шик

Ако на нецели два месеци до крајот на клупскиот фудбал може да прогласиме шампион во некоја од топ 5 лигите, тоа се дефинитивно Интер (+14), Баер Леверкузен (+13) и ПСЖ (+12). Ова со момците на Чаби Алонсо сезонава е бајка број 1 и одличен материјал за Нетфликс.

Еврогол во трета македонска лига падна во Дојран

На дуелот од Трета македонска фудбалска лига - Исток меѓу Дојранско Езеро и Овче Поле славеле домаќините 2-1. Слободан Митков постигнал еврогол од слободен удар од преку 30 метри. Со овој триумф Дојранско Езеро му се приближил на само три бода на Овче Поле на табелата на Истокот.

Каролина му е мајката за непослушни фудбалери

Млада, атрактивна и со многу авторитет. Само да чуете како ги строи на терен. „Кога ќе кажам чекај, има да почекаш. Сакаш картон да јадеш?“ Царица.

Невен Спахија: „Не се сложувам со Кукоч, Јокиќ е апсолутно најдобар во НБА“

Шеесет и едно годишниот хрватски тренер Невен Спахија се приклучи на дискусијата по спорната изјава на најтрофејниот хрватски кошаркар Тони Кукоч кој во Белград изјави дека Никола Јокиќ не бил уште на нивото на Владе Дивац и Дино Раѓа.

Велосипедист водел цело време и на крај го утнал финишот

Триесет и четири годишниот прославен словенечки велосипедист Примож Роглиќ возел сјајна трка на Тур де Баскија во понеделникот. Бил постојано во водство, но во еден момент тргнал во погрешна насока. На крајот победил но овој мал кикс го чинел осум секунди во финишот. „Среќа што беше доволно време за да победам“.

Богдановиќ му се пушти на тренерот

Атланта Хокс славеше 113:101 против Чикаго Булс, а капитенот на српската репрезентација Богдан Богдановиќ кој инаку важи за смирен и не толку темпераментен кошаркар, во еден момент на тајм-аут избувнал и му се сипал на тренерот на екипата Квин Снајдер на кого му се внел во лице.

Најубави голови досега сезонава - кандидати за Пушкаш

Наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол за календарска 2023-та ја доби Бразилецот Гиљерме Мадруга кој постигна акробатски маестрален гол за Ботафого во јуни 2023-та. Сега за 2024-та календарска, веќе има неколку сериозни кандидати за ова врвно признание.

Има зошто Родриго прослави гол со физиотерапевтот

Шпанците уловија прекрасен гест на Родриго и Валверде после еден од головите против Атлетик Билбао кој го добија со 2:0. Уругваецот му шепнува на Бразилецот да го изгушка физиотерапевтот на кој му починала мајката.

Да не си ме опцул уште еднаш, разбра?

Дефанзивецот на Барселона, Иниго Мартинез имаше ситуација еден на еден со тинејџер пред тренинг базата на Каталонците. Изгледа прилично нервозно штом му застана и излезе да се објаснува.

Златко тркало по петти пат ги прогласува најпосакуваните автомобили во Македонија

Циклусот на гласање на овогодинешното Златно Тркало 2024, избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, заврши.

А дали сте виделе два автогола во една акција?

Натпреварот меѓу Атлетик Балеарес и Реал Мадрид Кастиља (третиот тим на Реал Мадрид), гостите славеле 0-1 по чудниот автогол на Алберто во 72’ минута. Судијата го признал погодокот иако не требал зошто во ист момент долетува топка од трибината зад голот и двете топки завршуваат во гол одбиени од еден ист играч.

Евроавтогол

На натпревар од втората аргентинска лига меѓу Арсенал Саранди и Чакарита Хуниорс, домаќините победиле 3-1 а патот до триумфот им го отворил гостинскиот стопер Габриел Лазарте со прекрасен лоб, ама во свој гол.

Игор и Миро ги имаат најјаките бомби на колото

Ако треба да се направи топ 10 листа на голови од овој викенд, тогаш сигурно високо ќе котираат Бразилецот Игор Паишао од Феенорд и Швајцарецот Миро Мухајм од Хамбург.